Прејди на содржината

Агора

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карта на атинската агора во времето на Сократ и Платон

Агора (грчки: αγορά) бил пазар и есенцијален дел од секој старогрчки полис[1] како и секој поголем град во Античка Македонија (како да речеме Пела). Агората не само што била пазар, туку и форум за граѓаните. Агората настанала паралелно со полисот по падот на микенската цивилизација, и веќе во времето на Хомер станува составен дел од секој полис (веројатно 8 век п.н.е.).

Најпознатата агора е Атинската агора. Агората-музеј на отворено во Измир [1] е една од најдобро зачуваните агори на светот.

Зборот агорафобија, страв од јавни случувања, доаѓа од агора со гореобјаснетото значење.

Агора може да значи и место за собирање во еден старогрчки полис.

  1. Caves, R. W. (2004). Encyclopedia of the City. Routledge. стр. 10.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]