Берберски јазици (ⵜⴰⵎⴰⵥⵉⵖⵜ, Tamazight) — јазична група кои најзастапена во Мароко, Алжир, Нигер, Мали и Либија. Сродни народи живеат исто така низ цела Сахара и во северните делови на Сахел. Тие припаѓаат во афроазиската група на јазици. Има силно движење помеѓу говорниците на северноберберските јазици за обединување на сите варијансти од јазикот во еден единствен наречен тамазигтски јазик.
Етимолошки гледано, поимот „амазиг“ кои го користат самите Бербери значи „слободни луѓе“, „благородни луѓе“ или „бранители“. Поимот „Бербер“ се користел во Европа уште од 17 век. Поимот или потекнува од арапското البربر, al-Barbar, или од грко-римскотоBarbaricae.
Поимот „Тамазигт“ (Tamazight) традиционално се користел за рифијанските и централномароканските тамазигтски дијалекти. Голем број берберски јазичари сметаат дека „Тамазигт“ е чист берберски збор кој се користи во берберските текстови, а „Бербер“ се користи во европските текстови. Европските јазици прават разлика меѓу „Бербер“ и „варвар“, но арапскиот не и користи еден збор за двете значења - al-barbari. Некои автори го користат и поимот „Амазиг“.
Традиционално, поимот „Тамазигт“ се користел од Берберите да го означат говорниот јазик, вклучувајќи ги и средноатласките, рифијанските, сенедските и туаречките дијалекти. Сепак поединечки берберски групи користат посебни поими, како на пример Тазнатит или Зенати во Алжир, Такбајлит од Кабилејците, Сиви, Шелха во Тунис и Мароко и сл.[1]