Рабат

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Мавзолејот на Мухамед V, по урнатините од џамија.
Хасанската кула.

Рабат (арапски الرباط, транслитерација ар-Рабāт или ар-Рибāт), со население од 1,2 милиони жители (проценки според пописот од 2005 година), е главен град на Мароко. Тој е и седиште на регионот Рабат-Сале-Земур-Заер.

Градот се наоѓа на бреговите на Атлантскиот Океан, на устието на реката Боу Регрег. На спротивната страна од реката лежи градот Сале. Двата града заедно имаат околу 1,6 милиони жители. Координатите на Рабат се 34°1'60" северно и 6°49'60" западно. Индустријата на Рабат е претставена со производство на текстил, преработка на храна и градежна индустрија.

Туризмот и присуството на сите странски амбасади во Мароко придонесуваат да Рабат биде вториот најважен град во земјата, по поголемиот и економски значаен Казабланка.

Надворешни врски[уреди]