Нџамена (француски: N'Djamena, арапски: نجامينا Nijāmīnā) е главен град на африканската држава Чад. Со население од околу 993.492 жители, Нџамена е најголем град во државата. Нџамена се наоѓа на реката Чари, во близина влевањето на реката Когоне каде од спротива се наоѓа камерунскиот град Кусери со кого е поврзан со мост. Во рамките на државата Нџамена има посебен административен статус.