Абуџа
9°4′N 7°29′E / 9.067° СГШ; 7.483° ИГД
Абуџа | ||
---|---|---|
Абуџа, Нигерија. | ||
Координати: 9°N 10°E / 9° СГШ; 10° ИГД | ||
Територија | Федерална престолнинска територија | |
Управа | ||
• Министер | Алију Модибо Умар | |
Површина | ||
• Градска | 713 км2 (275 ми2) | |
• Земјишна | 713 км2 (275 ми2) | |
Население (2005) | ||
• Градско | 405.000 | |
• Градскo | 814.000 | |
• Метро | 1.400.000 | |
Час. појас | WAT (UTC+1) | |
Мреж. место | http://www.fct.gov.ng/ |
Абуџа е главен град на Нигерија. Има околу 2,5 милиони жители. Градот е сместен во Федералната престолнинска територија (ФПТ). Абуџа остана главен град на Нигерија на 12 декември 1991 година, на местото на дотогашниот главен град Лагос.
Опис
[уреди | уреди извор]Градот е плански урбанизиран и истиот е изграден главно во 1980 година[1] станувајќи главен град на 12 декември 1991 наместо најнаселниот град Лагос. Голем дел од дизајнот на зградите во градот е дело на јапонскиот архитект Кензо Танге.
На пописот од 2006 година, градот Абуџа имал население од 776.298,[2] што го прави еден од најнаселените градови во Нигерија. Според Обединетите нации, Абуџа пораснал за 139,7% помеѓу 2000 и 2010 година, што го прави најбрзорастечки град во светот.[3] Растот довел до појава на сателитски градови, како што се Урбаната област Кару, Сулеџа, Гвагвалада, Лугбе, Куџе и други помали населби кон кои се протега. Неофицијалната метрополитенска област Абуџа има население од над три милиони, што го прави четврто по големина метрополитенско подрачје во Нигерија, по Лагос, Кано и Ибадан. Од 2016, метрополитенската област на Абуџа се проценува со 6 милиони лица, ставајќи се веднаш зад Лагос, најнаселената област[4]
Градот има Меѓународен аеродром Намди Аџикиве. Абуџа е познат како еден од неколкуте наменски изградени главни градови во Африка, и еден од најбогатите.[5]
Историја
[уреди | уреди извор]Абуџа на почетокот на 20 век било име на еден град во негова близина, сега наречен Сулеџа.
Домородните жители на Абуџа се Гвари кои зборуваат на јазиците баса, гвандара, гаде, ганагана, коро итн. Поради етничките и религиозните поделби на Нигерија, планот бил од независноста на Нигерија да има свој главен град на место кое се смета за неутрално за сите поголеми етнички страни, а кој ќе се наоѓа во близина на сите региони на Нигерија. Локацијата на крајот била назначена во центарот на земјата во раните 1970-ти, бидејќи означува неутралност и национално единство. Друг поттик за Абуџа бил поради тоа што Лагос станал пренатрупан. Лагос веќе бележел брз економски развој, па нигерискиот режим ја почувствува потребата за проширување на економијата кон внатрешниот дел на земјата, па оттаму одлучил да ја премести престолнината во Абуџа.[6], слично како Бразил кој својот главен град Бразилија го испланирал на местото на Рио. Изградбата започнала кон крајот на 1970-тите, но поради економска и политичка нестабилност, почетните фази на градот не биле завршени до крајот на 1980-тите.
Повеќето земји ги преселиле своите амбасади во Абуџа, а некои ги задржале своите поранешни амбасади во Лагос, комерцијалниот главен град на Нигерија. Абуџа е седиште на Економската заедница на западноафриканските држави (ЕКОВАС) и регионален штаб на ОПЕК. Абуџа и Федералната престолнинска територија доживеале огромен пораст на населението. Некои области околу Абуџа се зголемиле за 20% до 30% годишно.[7] Населбите и градовите брзо се шират во и надвор од границите на градот[8] Десетици илјади луѓе биле протерани откако поранешниот министер на ФПТ Насир Ахмад ел-Руфи започнал кампања за уривање во 2003 година[9]
Области
[уреди | уреди извор]- Централна стопанска област - во која се наоѓаат сите интернационални компании, националната џамија и националната црква како и владини институции
- Областа Гарки во која се наоѓа нигериската радио и телевизија
- Областа Вузе е главна трговска зона
- Областа Маитама каде има хотелХилтон и седишта на разни комисии, на европски и азиска амбасади
- Областа Асокоро е најексклузивната и најбезбедна зона во градот
- Областа Гваримпа е област за судското седиште
- Областа Дуруми каде се наоѓа Американското национално училиште
Клима
[уреди | уреди извор]Абуџа според климатската има тропска влажна и сува клима со три временски услови во текот на годината. Ова вклучува топла, влажна сезона на дождови и експлозивна сува сезона. Во периодот помеѓу двете, постои краток интервал од ветер од североисток, со прашина и суша.
Дождовната сезона започнува од април, а завршува во октомври, кога дневната температура треба да достигне 28 °C до 30 °C со падови ноќно време кога се движи околу 22 °C до 23 °C. Во сувата сезона, температурата на денот може да стигне и до 40 °C а ноќната да се спушти до 12 °C.
Врнежите од дожд се чести за време на дождовната сезона од април до октомври секоја година.
Климатски податоци за Абуџа | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Прос. висока °C (°F) | 34.7 (94.5) |
36.8 (98.2) |
36.9 (98.4) |
35.6 (96.1) |
32.7 (90.9) |
30.6 (87.1) |
29.1 (84.4) |
28.9 (84) |
30.0 (86) |
32.0 (89.6) |
34.4 (93.9) |
34.6 (94.3) |
33.03 (91.45) |
Прос. ниска °C (°F) | 20.4 (68.7) |
25.5 (77.9) |
24.3 (75.7) |
24.7 (76.5) |
19.5 (67.1) |
18.3 (64.9) |
21.9 (71.4) |
17.7 (63.9) |
17.5 (63.5) |
21.4 (70.5) |
15.7 (60.3) |
15.5 (59.9) |
20.2 (68.36) |
Прос. дожд мм (ин) | 1.7 (0.067) |
5.4 (0.213) |
11.3 (0.445) |
62.8 (2.472) |
134.1 (5.28) |
164.2 (6.465) |
217.5 (8.563) |
262.7 (10.343) |
253.4 (9.976) |
103.2 (4.063) |
3.7 (0.146) |
1.2 (0.047) |
1.221,2 (48,08) |
Прос. бр. дождливи денови | 0.1 | 0.2 | 1.3 | 4.2 | 9.4 | 12.3 | 14.0 | 16.2 | 15.9 | 8.0 | 0.3 | 0.1 | 82 |
Извор: Светска метеоролошка организација.[10] |
Одлики на градот
[уреди | уреди извор]Панорамата на Абуџа е составена претежно од згради со среден опсег. Во последно време почнаа да се појавуваат високи згради. Повеќето од зградите се модерни, одразувајќи дека станува збор за нов град.
Има планови за изградба на облакодери, како што е Милениумската кула, која е делумно завршена. Оваа градба се наоѓа на 170 метри над градот. Кулата е дел од комплексот за културен развој наречен Национален комплекс Нигерија, вклучувајќи го Нигеријанскиот културен центар, структура од 120.000 м2 посветена на уметноста и културата на Нигерија. Културниот центар и Милениумската кула се дизајнирани од страна на италијанскиот архитект Манфреди Николети.
Знаменитости
[уреди | уреди извор]Знаменитостите ги вклучуваат:
- Милениумската кула,
- Седиштето на Централната банка на Нигерија,
- Нигерискиот претседателски комплекс,
- Бродската куќа,
- Националниот стадион,
- Националната џамија,
- Националната црква,
- Асо Рок и Зума Рок.
-
Градска порта
-
Зума рок
-
Националната џамија
Збратимени градови
[уреди | уреди извор]
|
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Life of poverty in Abuja's wealth“. news.bbc.co.uk. BBC News, Tuesday, 13 February 2007. 2007-02-13. Посетено на 2007-08-10.
- ↑ „Legal Notice on Publication of 2006 Census Final Results“ (PDF). Policy and Legal Advocacy Centre. Архивирано од изворникот (PDF) на 19 March 2013. Посетено на 10 June 2012.
- ↑ „World's Fastest Growing Cities are in Asia and Africa“. Euromonitor. 2 March 2010. Архивирано од изворникот на October 2015. Посетено на 26 October 2015.
- ↑ Jaiyeola, Andrews. „FCT Minister Harps on Development of Satellite Towns“. Архивирано од изворникот на 2018-08-06. Посетено на 2017-10-25.
- ↑ Murray, Senan. "Life of poverty in Abuja's wealth." BBC. Tuesday 13 February 2007. Посетено на 12 September 2011.
- ↑ https://www.naij.com/574434-nigeriaat55-top-5-reasons-nigerias-capital-moved-lagos-abuja-photos.html
- ↑ „World Bank Conference: African Regional Roundtable on Upgrading Low-income Settlements“ (PDF). www.citiesalliance.org. World Bank, 3–5 October 2000, Johannesburg, South Africa, p. 16. Архивирано од изворникот (PDF) на 28 September 2007. Посетено на 2007-08-10.
- ↑ „Resettlement Issues, Squatter Settlements and the Problems of Land Administration in Abuja, Nigeria's Federal Capital“ (PDF). fig.net. 5th FIG Regional Conference Accra, Ghana, 8–11 March 2006. Посетено на 2007-08-10.
- ↑ Polgreen, Lydia (13 December 2006). „In a Dream City, a Nightmare OF AKIM JOHN for the Common Man“. nyt.com. New York Times, 13 December 2006. Посетено на 2007-08-10.
- ↑ World Weather Information Service-Abuja, World Meteorological Organization. Retrieved 1 October 2012.