Ибадан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ibadan street scene.jpg

Местоположбата на Ибадан во Нигерија

Ибадан, Нигерија Нигерија

Површина  ? km²
Население 3,800,000
Густина на насел. ? жит./km²
Административна поделба Област Ојо
Надморска висина 239 m
Координати: 3° 53' И, 7° 23' С

Ибадан (Èbá-Ọdàn) е главен град на нигериската област Ојо. Тој воедно е и најголем град во истата, а се наоѓа во југозападниот дел на Нигерија, 78 милји далеку од Лагос и е позната транзитна точка меѓу крајбрежниот регион и областите на север. Неговото население се проценува на околу 3,800,000 жители. Се смета дека ова е најголемиот автохтон град во Африка, јужно од Сахара. Ибадан бил центар на администрацијата на стариот Западен Регион од деновите на британското колонијално владеење. Делови од античките заштитни ѕидови на градот сè уште стојат до денес. Најбројни жители на градот се Јорубанците.

Историја[уреди | уреди извор]

Ибадан, опкружен со седумте ридови, е вториот најголем град во Нигерија. Неговото постоење започнало кога бандите на одметниците на Јоруба (по колапсот на јорубанската Ојо Империја) почнале да се населуваат во областа кон крајот на 18 век, привлечени од неговата стратегиска местоположба меѓу шумите и рамнините. Предколонијалната историја се базирала на милитаризам, империјализам и насилство. Областа околу Ибадан, а самиот Ибадан, станале британски протекторат во 1893 година. Ибадан станал главен трговски центар, што е и денес.

Економија[уреди | уреди извор]

Со својата стратешка положба на железничката линија која ги поврзува Лагос и Кано, градот е центар за трговија на маниока, какао, памук, гума и палмово масло. Главни индустриски гранки во областа се оние за преработка на гума, цигари и земјоделски производи.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]