Насилство

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Детски цртеж за тоа што претставува насилство во училиштата

Насилство подразбира злоупотреба на сила како акт на агресија со кој се повредуваат лица, или уништува сопственост. На општествено ниво, посебно опасно е координираното насилство, како што се случаите на војна и тероризам. Од 70-тите години се појавува поимот структурно насилство кој означува системска форма на насилство како што се: расизам, сексизам, национализам, хетеросекцизам, омаловажување на стари лица и слично.

Дефиниција[уреди | уреди извор]

Насилството е дефинирано од страна на Светската Здравствена Организација како “интернационално користење на физичка сила или моќ, заканувачка или предметна, против самиот себе или други лица, или против група или заедница, која резултира со или има висока веројатност на повреди, смрт, психолошко повредување, лош развој, или сиромаштија”, исто така група која потврдува “употреба на сила” во неговата дефиниција се проширува на конвенционално значење на зборот.

Видови на насилство[уреди | уреди извор]

Насилството може да се подели на три категории:

  • Насилство насочено кон самот себе
  • Насилство помеѓу лица
  • Колективно насилство

Насилното делување може да биде:

  • Физичко
  • Сексуално
  • Психичко
  • Емоционално

Ова базична категоризација разликува насилство кое лицето може да си го нанесе себеси, насилство нанесено од страна на друго лице или мала група, и насилство нанесено од страна од поголема група, како што се држави, организирани политички војни групи и тероростички организации. Овие три општи категории се понатаму поделени на повеќе специфични видови на насилство.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Архивски примерок на Семрежниот архив (англиски) - curry.virginia.edu