Гума

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Собирање на латекс од дрво во Камерун.
Планатажа на дрва за гума во Тајланд.

Гума е еластомер (еластичен јаглеводороден полимер) кој првично се добива од латекс, колоидно млеко произведено од некои растенија со што се прави пресек на кората на растенијата. Латексот е леплив, се собира и потоа се преработува во гума, прочистената форма на гума е полистирен, кој пак може да се произведува и синтетички. Природна гума се користи во многу производи. Гумата е вообичаено многу раздвижлива, флексибилна и исклучително водоотпорна.[1] [2][3]

Историја[уреди | уреди извор]

Со откривањето на Америка во 1491 година Европејците, покрај кафето, пченката и компирот, на откриле и гумата. Каучуковото растение „Hevea brasiliensis“ е со потекло од Бразил , а денес ова растение расте на плантажи во речиси сите области на жешкиот појас. Млечниот сок, кој протекува од печеното дрво, се нарекува латекс. Млечниот сок кој капе од засечено стебло хевеја го нарекуваме латекс. Со згустувањето на овој сок настанува каучук, а овој збор потекнува од зборот на домородците „Cahuchu“, што означува дрво кое плаче.

Првите парчиња увезена гума во Европа служеле како многу интересна работа прикажана на саеми, додека научниците спроведувале тестови за да ја откријат можноста за нејзина примена за практични цели. Имало обиди да се создаде водоотпорни мантили од платно. Високата адхезија на гумата на собна температура, особено при малку повисока температура, ја спречувала поголемата употреба на овој производ. Англискиот научник, Џозеф Пристли, забележал дека во 1770 година, гума ја отстранува трагата на молив, и затоа денес во Англија и Америка, гумата се нарекува „rubber“ , што значи, меѓу другото, „гума за бришење“.

Прв пронајдок на процес на преработка на каучук бил мастицирање, т.е. претворање на еластичен каучук со гмечење меѓу ваолоци во пластчна маса. Така згмечениот каучук многу полесно се топел во бензин, бензол и другите органски расворачи. Овој пронајдок е дело на Томас Хенког од Англија, 1820 година.

На пластичниот каучук му се додавани различни хемикалии со изложување во различните услови. Така 1839 година Чарлс Гудјир забележал дека каучукот со додавање на сулфор и затоплување се добивала нова смеса која имала значителна изменети состојби. Подоцна овој спој на каучук и сулфор добил име гума, а самиот процесе наречен вулканизација. Гумата за разлика од каучук не покажува поголема лепливост и поради зголемување на температура, а покрај тоа и нејзината цврстина е зголемена.

Употреба[уреди | уреди извор]

Првата најголема употреба на гума била како електроизолационен матријал. Наглиот пораст на произведување на гума се јавува и со појава и развивање на автомобилите. Првите авто гуми биле од полна гума, а од 1888 година според патентот на Даунолоп се преименуваат, како и денес, гуми исполнети со воздух. Најголема количина на каучок денес се преименува во изработка на пневматици, каде е незаменлив.

Согледнувајки ја вреднста на каучокот бразилските власти забраниле извос на семките и фиданките на хевеја под закана на смртна казна. Наспроти забрана Англичанецот Хенри Викам окулу 1860 година, под изговор дека купува орхидеи, купил поголема количина семки и фиданки. Обидот за одгледување хевеја во ботанички градени воЛондон поради студената клима не успеал, па остатокот од семките и фиданките бил пренесен на островот Цејлон(денешна Шри Ланка). Наскоро потоа се појавиле плантажи на хевеја на цел Малајски Архипелаг, кој и денес е најголем производител на каучук.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Heinz-Hermann Greve "Rubber, 2. Natural" in Ullmann's Encyclopedia of Industrial Chemistry, 2000, Wiley-VCH, Weinheim. doi:10.1002/14356007.a23_225
  2. Horvat, Zvonimir, Tehnologija gume, Udruženje preduzeća za industriju gume FNRJ, Beograd, 1960.
  3. S.K. De, J.R. White (1996). Rubber Technologist's Handbook. Smithers Rapra Press. ISBN 978-1-85957-262-7. http://books.google.com/books?id=2rxFOm68Ui8C&pg=PA1&dq=review+rubber&hl=en&sa=X&ei=YyYET5T5LoSTiQLG_v2KDQ&ved=0CEoQ6AEwBQ#v=onepage&q=review%20rubber&f=false. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]