Полистирен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Полистерен - Poly(1-phenylethane-1,2-diyl)ароматичен полимер направен од monomer styrene (C6H5CH=CH2 )течен хидрокарбонат кој за широка употреба се произведува од нафта од страна на хемиската индустрија. Полистеренот е еден од најупотребуваните видови на пластика.

Својства[уреди | уреди извор]

Полистерен е термопластична супстанца која во нормални услови на собна температура е во цврста состојба, но се топи кога ќе се загрее, но се враќа повторно во тврда состојба откако ќе се излади. Чистиот цвтст полистерен е безбојна, тврда пластика со мала еластичност. Тој може да биде прозирен или пак може без проблем да му се додаде боја.

Историја[уреди | уреди извор]

Полистеренот е откриен во 1839 година од страна на Едуард Симон.

Форми и употреба[уреди | уреди извор]

Полистеренот е најчесто произведуван во 3 форми:

Екструдираниот полестирен е економско исплатлив и се користи за изработка на пластични модели за склопови, кутии за ЦДа, детектор на чад и многу различни предмети каде што е потребна евтина пластика.

Пената на полестеренот е многу добар термички изолатор, и поради тоа многу често се среќава како се користи заедно со градежните матријали. Исто така се користа во лесни архитектонски градби.

Стиропорот најчесто е бел и е составен од надуени зрна од полестирен. Најчесто се употребуваат како заштита на некој предмет од оштетување при транспорт. Стиропорот се става внатре, покрај зидовите во кутијата во која се наоѓа предметот. Формата му зависи од формата на предметот кој се заштитува. Топлинската и огнената отпорност кај стиропорот се многу големи и често се употребуваат без огнена бариера во градежништвото.

Рециклирање[уреди | уреди извор]

Полистеренот може да се рециклира и го има бројот 6 како симбол за рециклирање. НЕ рециклирачки полистерен кој не се разградува често се наоѓа расфрлен во животната средина во форма на загадувач. Од рециклиран полистирен можат да се прават: клупи за паркови, играчки, саксии... Можат да се прават чаши и кутии за пакување, така што ќе доведе до избегнување за користење други пластики и ќе има помалку отпад. Исто така може да се комбинира со цемент во градежништвото.