Пластика

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Различни пластични предмети од секојдневието.
Знаците за рециклирање на пластични амбалажи

Поимот пластика опфаќа повеќе видови синтетички или полусинтетички продукти на полимеризација. Тие се составени од органска кондензација или полимери за дополнување и често содржи други супстанции за подобрување на перформансот или економичноста. Постојат неколку природни полимери што општо се сметаат за „пластика“. Нивното име е изведено од фактот дека многу од нив ја имаат карактеристиката пластичност. Пластиката може да се обликува во различни предмети, филмови или влакна, да се обликуваат и од нив да се прават предмети со различна форма, а може и да се бои во различни бои. Пластиките се отпорни на вода, атмосферски влијанија, корозија, на голем број хемикалии, а некои од нив издржуваат и високи температури. Пластичните производи имаат најразлични карактеристики како толеранција на топлина, тврдост, отпорност и други.

Поради разновидните и специфични својства, имаат големо економско значење и разновидна примена. Од пластични материјали се произведува облека, чевли, чанти, многу предмети што се користат во домаќинствата, како на пример, приборот за јадење, разни садови итн.

Пластиката како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]