Корозија

Од Википедија — слободната енциклопедија
'Рѓа на железен декор на порта

Корозија[1] или 'рѓосување[2] е физичко-хемиски процес на оксидација на некои метали (на пр. железото). Под нормални услови, се врши под влијание на кислород, водена пареа и јаглерод диоксид. За разлика од железото, некои метали како алуминиумот, калајот, се обложени со компактен слој на оксид кој го штити металот од корозија.[3][4][5] Постојат два основни вида на корозија: хемиски и електрохемиски. Хемиска корозија се одвива според законите на хемиската кинетика на хетерогени реакции. Електрохемиската корозија се јавува во електролити според законите на електрохемиската кинетика.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „корозија“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „рѓосување“Дигитален речник на македонскиот јазик
  3. Housecroft, C. E.; Sharpe, A. G. (2008). Inorganic Chemistry (3rd. изд.). Prentice Hall. ISBN 978-0131755536.
  4. Предлошка:Greenwood&Earnshaw1st
  5. Предлошка:ParkesNeorganskaHemija

Надворешни врски[уреди | уреди извор]