Нигерија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Федерална република Нигерија
  • Jamhuriyar Taraiyar Nijeriya  (хауса)
  • Ọ̀hàńjíkọ̀ Ọ̀hànézè Naìjíríyà  (игбо)
  • Orílẹ̀-èdè Olómìniira Àpapọ̀ Nàìjíríà  (јоруба)
Знаме Грб
Гесло"Unity and Faith, Peace and Progress"  (официјално)
(Единство и верба, мир и напредок)
Химна"Arise, O Compatriots"
Кренете се, о земјаци

Местоположба на Нигерија
Главен градАбуџа
Најголем град Лагос
Службен јазик англиски
Признаени регионални јазици хауса, игбоански, јорупски, нигериски јазици
Демоним Нигеријци

(Нигериец/Нигеријка)

Уредување Претседателска Федерална Република
 •  Претседател Бола Тинубу (APC)
 •  Потпретседател Кашим Шетима (APC)
 •  Претседател на Сенатот Годсвил Акпапио (APC)
 •  Претседател на Претставничкиот дом Таџудин Абас (APC)
 •  Шеф на Правда Олукајоде Аривула
Обединување на Јужна и Северна Нигерија
 •  од страна на Фредерик Лугард 1914 
 •  Прогласена Република Октомври 1, 1963 
Површина
 •  Вкупна 923,768 км2 (32-ра)
 •  Вода (%) 1.4
Население
 •  проценка за 2023 г. 230,842,743[1] (6-ти)
 •  Густина 218 жит/км2 (42-ра)
БДП (ПКМ) проценка за 2023 г.
 •  Вкупен $1.365 Трилиони[2] (27-ми)
 •  По жител $6,147[2] (143-ти)
БДП (номинален) проценка за 2023 г.
 •  Вкупно $390.002 билиони[2] (39-та)
 •  По жител $1,755[2] (154-та)
Џиниев коеф. (2020)35.1
среден
ИЧР (2021) 0.535[3]
низок · 163-та
Валута Нигериски наиру (₦) (NGN)
Часовен појас ЗАВ (UTC+1)
 •  (ЛСВ) not observed (UTC+1)
Се вози на десно
НДД .ng
Повик. бр. 234
1 Проценките за оваа земја претежно зависат од ефектите на преголемата смртност од СИДА; ова може да резултира со понизок животен век, повисока смртност на новороденчиња, пониска популација и растеж, и промени во поделбата на популацијата според полот. ² Проценката на БДП е од 2006; целосниот и per capita се засновани на бројки од 2005.

Нигерија (англиски: Nigeria)— држава во Западна Африка. Таа на север се граничи со Нигер, на исток со Камерун, на запад со Бенин, а на југ широко излегува на Гвинејскиот Залив. Во овие граници Нигерија зафаќа површина од 923 км2. На тој простор денес живеат околу 124 милиони луѓе. Според бројот на населението таа е најголема држава во Африка.Главен град на државата е Абуџа. Тој е културен, трговски, политички и пристаништен град. Други поголеми градови се Лагос Лбадан, Лфе, итн. Домашна валута е „нигериски наиру“.

Историја[уреди | уреди извор]

Најраните извори за живот на територијата на денешна Нигерија датираат од 9000 п.н.е. Во 4000 п.н.е. на овие простори било развиено земјоделството и грнчаријата. Во Таруга биле отворени првите работилници за обработка на метали. Во околу 1000 п.н.е. на овие простори се развила цивилизацијата Нок[4], која мистериозно до денеска исчезнала. Според некои истражувачи и историчари, се смета дека цивилизацијата исчезнала главно поради болести или глад. Некои сметаат пак дека оваа цивилизација е директен наследник на египетската цивилизација.[5] Се смета дека оваа цивилизација го дала почетокот на железната епоха во потсахарска Африка. Големиот број на скулптури се сметаат за главен доказ за постоењето на предколонијална цивилизација на овие простори.

На територијата на Нигерија до 16 век постоеле голем број на империи и царства, а како најголемо е онаа на Нри кое било основано во 9 век. Ова царство постоело околу 1000 години, но и покрај својата мала територија, тое остало огромно културно и политичко наследство во југоисточна Нигерија. Во следните векови се појавиле поголем број на царства, од кои најзначителни се Бенинска империја, Јоруба, Ифе, голем број на град-држави, Царство Сонгхај и Борнуанска Империја. Во Северна Нигерија во 9 век било формирано трговското царство Канем-Борну, со седиште околу езерото Чад. Својата моќ на царството се согледувала во својата трговска размена со Берберите. Европските трговци на бреговите од земјата пристигнале или започнале да се населуваат од 17 век. Месното население главно било користено за трговија со робови кои главно биле транспортирани во Северна Америка или Јужна Америка.

Британска Нигерија (1800–1960)[уреди | уреди извор]

Кон крајот на 19 век, Англичаните успеале да ја заземат контролата врз Западна Африка, а Нигерија станала протекторат на Британската Империја од 1 јануари 1901 година. Во 1914 година била создадена т.н. Колонија и протекторат Нигерија, која била формално разделена на јужна и северна, како и колонијата Лагос.

Независност[уреди | уреди извор]

По крајот на Втората светска војна започнало да се создава национално движење за добивање на независност на земјата. Така ова се остварило во октомври 1960 година, по кое Нигерија била конструирана како федеративна република. На чело на државата застанал монарх, а законодавната власт припаѓала на парламентот. Во 1963 година земјата била официјално признаена за федерална република, а генералот Намди Азикиве станал првиот претседател на земјата. Таа држава во историјата на Нигерија е позната како Прва Нигериска Република. Овој период бил одбележан со голем број на етнички конфликти, главно поради голем број на вероисповеди и народи од една страна, и економската состојба на земјата од друга страна.

На 15 јануари 1966 година во земјата се случил државен удар во кој бил убиен претседателот Абубакар Тафава. Следувал период на милитаристичко управување на земјата, но сепак земјата не успеала да излезе од економските си проблеми. Во 1967 година полковникот Емека Оџувку успеал да се одвои и да прогласи независност на источниот регион на земјата под името Република Бијафра. По ова следувала граѓанската војна која довела до смрт на повеќе од еден милион луѓе и победа над Бијафра.[6] Во 1975 година милитаристите биле симнати од власт од страна на Муртала Мохамед, кој на власт пак се задржал само една година кога повторно бил извршен државен удар, овој пат од страна на генералот Олусегун. По ова, овој период од историјата на Нигерија е познат како Втора нигерска република. Во тој период бил донесен нов устав. Но во 1983 година републиканците биле симнати од власт и повторно била наложена воена управа од страна на Врховниот воен совет, кој траел две години. Во 1985 година генералот Ибрахим Бабангида успеал да ја зазеде власта и ги обвинил поранешните водачи на земјата дека ги нарушиле основните човечки права. Тој ги ослободил политичките затвореници и дал голем улог во економското развивање на земјата. Овој период е познат како период на Трета нигерска република. Во 1992 година се спровеле избори во кој како победник излегол Мошуд Абиола. Бабангида не ги прифатил резултатите. По ова следувале протести и конфликти. Власта била предадена на Ернест Шонекан кој управувал привремено и закажал избори за 1994 година. Но на 17 октомври 1993 година министерот на одбраната Сани Абача успеал да му одаде притисок на Шонекан, кој си поднел оставка, по кое тој ја презел власта. Тој владеел до 1998 година, кога починал од инфаркт. Власта била заземена од Абдулсалами Абубакар со кое е даден почетокот на Четвртата нигерска република.

Конфликтот од 2010[уреди | уреди извор]

Во почетокот на 2010 година, во Нигерија избувнале немири помеѓу христијанското и муслиманското население во Централна Нигерија, во близина на градот Џос. Конфликтот главно и во елина имал религиозен карактер[7][8], како и етничките и економските разлики.[9] Првиот облик на насилство започнал на 17 јануари 2010 и траел најмалку четири дена. голем број на куќи, цркви, џамии, возила биле уништени за време на конфликтот.[10] Најмалку 200 луѓе биле убиени. Конфликтите продолжиле и во наредните месеци (март). Според New York Times, голем број на христијански жители биле заклани.[11]

На 7 март 2010 година, повеќе од 100 христијани биле убиени од страна на Хауса-Фулани, во селото Дого-Нахава, во близина на градот Џос.[12][13] Нападите продолжиле четири часа,[14], вклучувајќи и и соседните села.[15] Поради ова се јавил голем страв од страна на селаните, кои во целина биле христијани.[16] Голем број на згради пострадале во нападите. .[16] Поолемиот дел од жртвите биле жени и деца.[12] Помеѓу жртвите се нашло и едно тримесечно бебе.[17] Труповите биле расфрлени по улиците.[14] Вицепретседателот Гудлук Џонатан изјавил дека убијците ќе бидат фатени.[13] Бројот на жртвите подоцна се искачил на 300[18], а подоцна и на 500.[19] Стотици луѓе ги напуштиле своите домови од страв дека напаѓачите повторно ќе се вратат.[20]

Географска положба и клима[уреди | уреди извор]

Нигерија има поволна географска положба, бидејќи излегува на Атлантскиот Океан преку кој се поврзува по воден пат со многу земји во светот. Покрај тоа, низ нејзината територија тече реката Нигер која е пловна и ја поврзува со другите африкански земји во внатрешноста на континентот. Во поглед на релјефот, Нигерија е претежно висорамнина со средна надморска височина од 400 метри. Низините се наоѓаат во долината на Нигер и нејзините притоки покрај Гвинејскиот Залив. Од планините најпозната е Баучи чиј врв е највисок во Нигерија (Џен, 2010 м). Климата во Нигерија е главно тропска. Нигерија има развиена речна мрежа. Од реките најзначајна е реката Нигер. Водите од оваа река се користат за добивање електрична енергија и за наводнување. На Нигерија и припаѓа и дел од езерото Чад.

Население[уреди | уреди извор]

Населението во Нигерија го сочинуваат Банту Црнците. Природниот прираст во оваа земја е доста висок и изнесува 30 промили. Најголемата густина на населението е концентрирана во јужниот дел од државата.

Религија[уреди | уреди извор]

Верници во Нигерија
Христијани
  
49,30 %
Муслимани
  
48,80 %
Без Религија
  
0,40 %
Будисти
  
0,01 %
Народна Религија
  
0,40 %
Други
  
0,06 %

Стопанство[уреди | уреди извор]

Во Нигерија населението претежно се занимава со земјоделство. Таму најмногу се одгледува: просо, ориз, маслодајна репка, пченка, памук, кикирики, тутун и др. Покрај тоа се одгледуваат и банани и каучук, на големи плантажи. Нигериското сточарство е добро развиено и најмногу се одгледуваат: овци, говеда, кози, коњи, свињи и др. Од рудните богатства Нигерија располага со големи резерви на: златна руда, калај, боксит, олово, цинк, железо и др. Таа е богата со нафта и земен гас. Индустријата во Нигерија е во развој. Најразвиени индустриски гранки се: текстилната, прехранбената, тутунската, дрвната, индустријата за кожи и гуми, и др.

Култура[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Country profile: Нигерија“. BBC News. 2008-04-30. Посетено на 2008-08-05.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Nigeria“. Меѓународен Монетарен Фонд. Посетено на 2008-10-09.
  3. „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
  4. Shaw, Thurstan, Nigeria: Its Archaeology and early history. Retrieved 22 февруари 2007.
  5. „artsmia.org : viewer“. Artsmia.org. Посетено на 2008-11-21.
  6. John de St. Jorre. The Nigerian Civil War. London:Hodder and Stoughton, 1972
  7. „Nigeria religious riots 'kill 200' in Jos“. BBC News. 20 јануари 2010. Посетено на 8 март 2010.
  8. Baldauf, Scott (8 март 2010). „Nigeria violence: Muslim-Christian clashes kill hundreds“. BBC News. Посетено на 8 март 2010.
  9. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Duffield.
  10. „Curfew relaxed in Nigeria's violence-wracked city: army“. Jos: Agence France-Presse. Архивирано од изворникот 2010-01-28. Посетено на 26 јануари 2010.
  11. Adam Nossiter, New York Times. Ethnic Violence in Nigeria Has Killed 500, Officials Say Retrieved 8 март 2010.
  12. 12,0 12,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Central Nigeria clashes lead to 'scores of deaths'.
  13. 13,0 13,1 „Acting president orders "roving band of killers" to be apprehended“. France24. 7 март 2010. Посетено на 7 март 2010.
  14. 14,0 14,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Clashes Kill Dozens in Central Nigeria.
  15. Obateru, Taye; Eyoboka, Sam; Salem, Tordue (7 март 2010). „Jos boils again“. Vanguard Media.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  16. 16,0 16,1 „Officials: Attack on Nigerian town kills more than 100“. CNN. 7 март 2010. Посетено на 7 март 2010.
  17. name="Clashes Kill Dozens in Central Nigeria">Adam Nossiter (7 март 2010). „Clashes Kill Dozens in Central Nigeria“. The New York Times. Посетено на 7 март 2010.
  18. Shuaibu Mohammed (7 март 2010). „UPDATE 5-Up to 300 feared dead in central Nigeria clashes“. Reuters Africa. Архивирано од изворникот на 2017-03-29. Посетено на 7 март 2010.
  19. „Nigeria religious clashes 'kill 500' near Jos“. BBC. 2010-03-08. Посетено на 2010-03-08.
  20. „Christians slaughtered in Nigeria“. The New Zealand Herald. 7 март 2010. Посетено на 8 март 2010.