Какао

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Какао
Какаови плодови на дрво
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Нерангирано: Евдикоти
Нерангирано: Розиди
Ред: Слезовидни
Фамилија: Слезови
Род: Какао
Вид: Какао
Биномен назив
Theobroma cacao
L.
Theobroma cacao

Какаото (науч. Theobroma cacao) е мало (4-8 м високо) дрво од фамилијата Слезови (Malvaceae) со потекло од тропските делови на Америка. Од неговите семиња се прави какаова маса (прав) и чоколадо.

Води потекло од Средна Америка. Во XVI век Шпанците го пренесуваат во Европа, каде поради неадекватните природни услови не можело да се произведува. Во 1980 година е пренесено во Гвинејска Африка каде толку се раширило што денеска таа станала негов најголем призводител. Инаку, какаото претставува дрвенесто растение чиј плод содржи 30 до 45 зрна од кои, кога ќе созреат, се екстрахира какаовото масло, а со нивно мелење се добива какаов прав. Тој претставува основна суровина за добивање на чоколадо и какаова напивка. Какаовото дрво цвета два пати во текот на годината, па според тоа и два пати се берат плодовите.

Какаото е тропска култура која денеска се одгледува помеѓу 20° северна и 20° јужна географка ширина. Бара длабоко и влажно земјиште, умерена температура од околу 27 °C и големо количество на врнежи (1.500-3.800 мм).

Во светот се поизведуваат, главно, два вида какао: обично и фино. Најголеми производители на какао се: Гана, Брегот на Слоновата Коска, Нигерија и Бразил. Овие четири земји даваат околу 70% од светското производство кое изнесува околу 1,5 милиони тони годишно. Главната берза за купопродажба на какао е во Њујорк.