Мозамбик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Република Мозамбик
República de Moçambique
Знаме Грб
ХимнаPátria Amada
(порано Viva, Viva a FRELIMO)
Главен град Мапуто
25°57′ ЈГШ 32°35′ ИГД / 
Најголем град главниот град
Службен јазик португалски
Демоним Мозамбичанец
Уредување Република
 -  Претседател Армандо Гвебуза
 -  Премиер Луиза Диого
Независност
 -  од Португалија 25 јуни 1975 
Површина
 -  Вкупна 801.590 км2 (35-та)
 -  Вода (%) 2.2
Население
 -  Попис 2007 21,397,000 (52nd) 
 -  Густина 25 жит/км2 (178-ма)
БДП (ПКМ) проценка за 2008
 -  Вкупен $18.600 милијарди[1] 
 -  По жител $896[1] 
БДП (номинален) проценка за 2008
 -  Вкупно $9.654 милијарди[1] 
 -  По жител $465[1] 
Џини (1996–97) 39.6 (среден
ИЧР (2007) 0.366 (низок) (175-та)
Валута Мозамбикански метикал (Mtn) (MZN)
Часовен појас CAT (UTC+2)
 -  (ЛСВ) н/п (UTC+2)
Се вози на лево
НДД .mz
Повик. бр. 258

Мозамбик (португалски: Moçambique) или официјално Република Мозамбик (португалски: República de Moçambique) е држава во југоисточна Африка. Мозамбик на исток излегува на Индискиот Океан, додека на север граничи со Танзанија, со Малави и Замбија на северозапад, со Зимбабве на запад и со Свазиленд и Јужноафриканската Република на југозапад.

Територијата на Мозамбик за прв пат била истражена од европеец во 1498 година од страна на Васко де Гама, додека истата таа територија била колонизирана од Португалија во 1505 година. Мозамбик станала независна држава во 1975 година и наскоро се променила во ново општествено уредување и со ново име - Народна Република Мозамбик. Во овој период се случила и граѓанската војна која траела од 1977 година до 1992 година. Државата е член на Комонвелтот на нации, Заедницата на португалски говорни држави и набљудувач во Франкофонијата.

Етимологија[уреди]

Името на државата доаѓа од португалскиот назив Moçambique, кој пак потекнува од називот на островот Мозамбик.

Историја[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Мозамбик.

Први жители во Мозамбик биле ловци предци на народот Коисани. Измеѓу четвртиот и петиот век Банту народите се населиле на оваа територија тие биле земјоделци и го обработувале железото.

Мозамбик бил колонизиран од Португалијаво текот на шеснаесети и седумнаесетти век. Како португалска колонија, Мозамбик бил главен извор на робови за европските колонии во Америка.

После втората сведска војна кога повеќето европски држави му дале независност на своите колонии, ПОртугалија одлучила да биде сѐ уште матична земја на Мозамбик и сите колонии што таа ги имала. 1962. повеже антиколонизаторски политички групи формирале фронт за ослободување на Мозамбик ФРЕЛИМО кои што покренале вооружен напад против колонизаторските власти во септември 1964. После десет години војување ФРЕЛИМО не остварилл значаен напредок. После воениот удар во кој е симаната владата на Антонио Салазар 1974. Португалија одлучила да им додели независност на своите колонии. Мозамбик станал независен на 25. јуни 1975.

После прогласунање независност Мозамбик претрпел пустошна граѓанска војна помеѓу социјалистичката влада и антикомунистичкото движење. На крајот на војната 1992. година, повеќе од милион загинале.

Географија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Географија на Мозамбик.

ВО својата најширока точка Мозамбик е широк 1100 -{km}- од исток до запад. Растојанието од најсеверната и најужната точка е околу 1900 -{km}-. Вкупната површина на државата е 799380 -{km²}-. 2470 -{km}- односно една третина од брегот на Источна Африка му припаѓа на Мозамбик. Поголем дел од брегот на мозамбик е плиток и се состои од мочуришта и песокливи плажи, исто така има и шуми и пасишта кои што зафаѓаат две петтини од државата.

Политички систем[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Политики на Мозамбик.

Административна поделба[уреди]

Мозамбик е поделен на 10 покраини (províncias) и 1 главен град (cidade) со статус на покраина:

Економија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Економија на Мозамбик.

Половина жители на Мозамбик живеат под линијата на сиромаштијата. Кога завршила граѓанската војна во 1992, Мозамбик бил една од најсиромашните држави во светот. Сеуште е една од најсиромашните држави но во последните неколку години забележува значаен напредок. На состанокот на Парискиот клуб 2001 на Мозамбик му е опростен значаен дел од долговите што ги има кон другите земји. Враќањето на бегалците од војната и успешните економски реформи доведоа значаен економски раст: просечниот раст од 1993 до 1999 бил 6,7%, а од 1997 до 1999 просечен раст бил преку 10% годишно. Големите поплави кои се случиле во 2000 го намалиле растот на 2,1%. 2001 земјата остварила економски раст од 14,8%. Се проценува во наредните години растот ке биди помеѓу 7% и 10%.

Демографија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Демографија на Мозамбик.

Провинциите Замбезија и Нампула се најнаселени, во нив живее околу 45% од населението во државата. Народот Макуа кој има околу четири милиона припадници е доминантна група на северот на земјата. Народите Сена и Шона живеат во долината на реката Замбези, а народот Шанган е на југот од Мозамбик. Други етнички групи се: Маконде, Јао, Свахили, Тонга, Чопи, Шона и Нгуни (вклучувајќи и Зулу). Во земјата живеат и мал број Европјани воглавном Португалци. Христијани се од 20% до 30% жители, муслимани од 15% до 20%, а останатите веруваат во локалните верувања. Португалскиот е официјален јазик и јазик кој најмногу се зборува, затоа што Банту народите говорат повеќе свои јазици (од кои најмногу користат Свахили, Макау, Сена, Ндау и Шанган). Арапи, Кинези и Индијци покрај португалскиот говорат и на својот јазик како нивен втор јазик. Образованите слоеви зборуваат на англиски кој се учи во училиштата како втор или трет образовен јазик.

Култура[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Култура во Мозамбик.
Фламинга во Мозамбик

Наводи[уреди]

Користена литература[уреди]

  • Gengenbach, Heidi. Binding Memories: Women as Makers and Tellers of History in Magude, Mozambique. Columbia University Press, 2004. Entire Text Online: http://www.gutenberg-e.org/geh01/main.html
  • Abrahamsson, Hans Mozambique: The Troubled Transition, from Socialist Construction to Free Market Capitalism London: Zed Books, 1995
  • Cahen, Michel Les bandits: un historien au Mozambique_, Paris: Gulbenkian, 1994
  • Pitcher, Anne Transforming Mozambique: The politics of privatisation, 1975–2000 Cambridge, 2002
  • Newitt, Malyn A History of Mozambique Indiana University Press. ISBN 1-85065-172-8
  • Varia, "Religion in Mozambique", LFM: Social sciences & Missions No. 17, December 2005
  • Mwakikagile, Godfrey, Nyerere and Africa: End of an Era, Third Edition, New Africa Press, 2006, "Chapter Seven: "The Struggle for Mozambique: The Founding of FRELIMO in Tanzania," pp. 206–225, ISBN 978-0-9802534-1-2; Mwakikagile, Godfrey, Africa and America in The Sixties: A Decade That Changed The Nation and The Destiny of A Continent, First Edition, New Africa Press, 2006, ISBN 978-0-9802534-2-9

Видете исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Влада
Општо