Канарските Острови имаат статус на автономна област на Шпанија. На островите живеат околу 2,1 милиони жители. Улогата на главен град ја делат два града: Санта Крус де Тенерифе и Лас Палмас де Гран Канарија. Канарските Острови како дел од Шпанија припаѓаат на ЕУ, но не се вклучени во царинската и даночната унија на ЕУ.
Главна дејност е туризмот, потоа земјоделството. Годишно, околу 10 милиони туристи ги посетуваат островите. Покрај тоа, од Канарските Острови се извезуваат голем број егзотични земјоделски производи за ЕУ, на пример: смокви, лимони, портокали, кајсии, праски, шеќерна трска, итн. На островот Тенерифе е планината Теиде кои врв на 3718 метри надморска височина е највисоката планина во Шпанија.