Азорски Острови

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Карта на Азорите.

Азорските Острови или скратено Азори (службено: Автономен регион Азори, португалски: Região Autónoma dos Açores) се португалски острови во северниот дел на Атлантски Океан, околу 1.500 km западно од брегот на Европа, т.е. од копнениот дел на Португалија. Азорските Острови се истовремено и автономна покраина на Португалија, а нејзин најголем град и центар, Понта Делгада, е и управно седиште на покраината. Како што Азорските Острови имаат статус на автономна покраина, така директно се составен дел на Европската Унија како нејзин краен дел. Во оваа територија се издвојуваат девет значајни острови. На запад се Флорес и Корво, во средината се Грасиоза, Теркеира, Сао Жорге, Пико и Фајал, додека Сао Мигел и Санта Марија се на исток.

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]

the Azores на Викимедииниот атлас