Пику (остров)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пику
Ilha do Pico
Ила Прета
Остров
Островот Пику, виден од централно северниот брег, со градот Сао Роки во преден план и Планината Пику во позадина
Островот Пику, виден од централно северниот брег, со градот Сао Роки во преден план и Планината Пику во позадина
Етимологија: pico, португалски за врв
Прекар(и): Црниот Остров
Местоположбата на островот Пику во архипелагот на Азорските Острови
Местоположбата на островот Пику во архипелагот на Азорските Острови
ЗемјаПортугалија
Автономен регионАзорски Острови
ОстровиЦентрална Група
Површина
 • Вкупна447 км2 (173 ми2)
ДемонимПикуенци
Етнички групиПортугалци
Население14,806 (2001)
Густина35.3 /km2 (91.4 /sq mi)

Островот Пику (Ilha do Pico, португалски изговор: [ˈiʎɐ du ˈpiku]), е остров во Централна Група на португалските Азорски Острови. Карактеристика на пејзажот е истоимениот вулкан, Понта ду Пику, којшто е највисоката планина во Португалија, на Азорските Острови, и воедно, највисоката кота на Средноатланскиот Гребен. Во традицијата на португалски поет, Раул Брандан, Пику е познат како Ила Прета ("Црниот Остров"), поради неговата црна вулканска почва.

Историја[уреди | уреди извор]

Традиционалните ветерници по должината на брегот Монте, во општината Мадалена

По пуштањето стада на островот во првата половина на 15 век, првите колонии биле формирани околу 1460 од страна на доселеници од северна Португалија (преку Терсеира и Грасиоза). Првиот капетан-донатарио бил Алваро де Орнелас а првото вистинско село било Лажес. Доселениците првично се занимавале со одгледување на пченица во прилог со истражување на индустријата за индиго (бот. Isatis tinctoria) од лишаите кои се извезувале во Фландрија за производство на бои, и во голема мера под влијание на извозните индустрии на соседниот остров, Фајал.

Набрзо, поради климата и богатата почва започнало да се развива лозарството и виновите насади. Развој на винарството е непрекинат освен при вулканските ерупции во текот на 18 век. Во 1723, Мадалена добил статус на "град" и ја потврдил својата економска важност на островот и неговите комерцијални врски со Фајал (Хорта била живеалиште на многу трговци и винарит). На Пико се одгледува сортата вердељо, повеќе од два века, ценета во многу земји (вклучувајќи Англија и во Америка, па дури и во палати на руската czars). Во текот на средината на 19 век поради болести (филоксера) биле уништени голем број лозови насади, состојба која создала криза на островот, која траела до 20-от век.

Присуството на американски китоловци во водите на Азорските Острови на крајот на 18 век вовело нова економија која послужила за стабилизирање на економијата. Китовите станале примарна индустрија на островот до 1970-тите.

Географија[уреди | уреди извор]

Област на островот во близина на врвот на Пику
Две островчиња на влезот на пристаништето на Мадалена, формирани од потопен кратер
Лозови насади и вулканот Пику во позадината

Островот е 17.5 км јужно од Сао Жоржи и само 7 км источно од Фајал, во Централната Група, подрачје коешто локално го нарекуваат Триангуло (Тријаголник). Пику е 46 километри долг остров и достигнува максимална широчина од 16 километри и е втор по големина помеѓу Азорите. Во централниот дел кон запад се издига стратовулканот Пику. Долж централната рамнина на вулкански конуси на источниот брег, пејзажот е прекриен со остатоци од кратери и езера исполнети со конуси, а доминира стариот вулкан Топу. Геоморфолошки, островот е составен од три единици:

Мапа на Островот Пику
  • Вулканот Топу - се наоѓа на југоисточниот брег, стар вулкан уништен од ерозија и лизгање на земјиштето;
  • Рамнината Ачада - се протега од Топу до стратовулканот и е аксијална зона која содржи лавински конуси долж планински гребен исполнет со кратери полни со езеро, густи грмушки и шуми. Конусите во овој регион се ориентирани долж запад-северозапад и југо-југоисточна оска долж патот исток кон запад помеѓу другите вулкански структури;
  • Вулканот Пику - го зафаќа западниот дел на островот, и одговара на централниот вулкан со 2,341 метри надморска височина.

Генерално, на островот Пико има тектонски структури во правец запад-северозапад кон исток-југоисток и североисток кон југозапад оска.

Слични на геоморфолошките структури опишани погоре, вулканските форми се идентификувани од Мадеира (1998) во следниве единици:

  • Вулкански Комплекс Лажес - се однесува на најстарите вулкански структури, составен од вулкани,лава и остатоци стари околу 300,000 илјади години.Овие структури се во источниот дел од островот, тука вклучувајќи го и стариот вулкан Топу.
  • Вулкански Комплекс Каљета де Несквим - стар околу 230,000 илјади години, ова е фисурална зона на конуси и базалтички лави, поврзани со Рамнината Ачада.
  • Вулкански Комплекс Мадалена - најновиот вулкански комплекс, со двете геолошки и историски ерупции. Тука е вклучен базалтниот стратовулкан Пику, но исто така и многу конуси, раседи и лавински полиња околу неговиот врв кој изнесува 2,351 метри.

Последната вулканска ерупција се случила во 1963 година, со мала подводна ерупција на северозападниот брег (северно од Качоро во Санта Луција). Пред ова, голема вулканска активност била евидентна во областите Преиња (1562-64), Санта Луција (1718), Сао Жоао (1718) и Силвеира (1720). Патеките по кои течела лавата уште се видливи. Оние во 16 век, а особено, големата ерупција од 1718, се протегаат на повеќе од 10 километри. Денес, единствениот видлив доказ за активноста на вулканите се појавува на врвот на Пику и на Пикантињо (мал врв на врвот). Постојат нерегуларни емисии од пукнатините во оваа зона. Покрај тоа, постојат и емисиите на источните падини на 1500-2000 метри надморска височина.

Пико, многу сличен на другите острови, е подложен на сеизмички настани, иако нивните епицентри првенствено се локализирани во Каналите Фајал-Пику или Пику-Сао Жоржи. Најсилниот земјотрес регистриран во последните 30 години се случил на 9 јули 1998 година, со епицентар 5 километри североисточно од Понта да Рибеириња, на островот Фајал, со интензитет 5.8, ниво VII на Меркалиевата скала. Други силни земјотреси со влијание на островот ги вклучуваат сеизмичките настани од 1957-58, поврзани со ерупцијата на вулканот Капелињос (на Фајал), февруари 1964 година, земјотрес на островот Сао Жоржи и земјотресот од 1926 година, чиј епицентар бил регистриран во Каналот Фајал-Пику.

Клима[уреди | уреди извор]

Островот Пику има студена медитеранска клима (Кепенова класификација на климата :Csb).[1] Дождот во лажес ду Пику паѓа главно во зима, со релативно малку дожд во летната сезона. Средната температура е 16.916.9 °C (62.4 °F) а врнежите 1,0121,012 mм (3.320 стапки).

Климатски поатоци за Лажес ду Пику, Остров Пику, Азори
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Нов Дек Година
Средна висока °C (°F) 16.0
(60.8)
15.6
(60.1)
16.1
(61)
17.0
(62.6)
18.7
(65.7)
21.0
(69.8)
23.6
(74.5)
24.8
(76.6)
23.8
(74.8)
21.0
(69.8)
18.5
(65.3)
17.0
(62.6)
19.4
(66.9)
Дневна °C (°F) 13.9
(57)
13.3
(55.9)
13.8
(56.8)
14.6
(58.3)
16.1
(61)
18.3
(64.9)
20.7
(69.3)
21.9
(71.4)
21.0
(69.8)
18.6
(65.5)
16.3
(61.3)
14.9
(58.8)
16.9
(62.4)
Средна ниска °C (°F) 11.8
(53.2)
11.1
(52)
11.6
(52.9)
12.2
(54)
13.6
(56.5)
15.7
(60.3)
17.9
(64.2)
19.0
(66.2)
18.2
(64.8)
16.2
(61.2)
14.2
(57.6)
12.8
(55)
14.5
(58.1)
Средни врнежи mm (inches) 122.0
(4.803)
107.0
(4.213)
103.0
(4.055)
67.0
(2.638)
57.0
(2.244)
46.0
(1.811)
35.0
(1.378)
48.0
(1.89)
83.0
(3.268)
113.0
(4.449)
119.0
(4.685)
112.0
(4.409)
1,012
(39.843)
Source: "climate-data.org"[2]

Население[уреди | уреди извор]

Селото Мадалена и Планината Пику, како што се гледа од Канаот Фајал-Пику
Лажес ду Пико, на југо-централниот брег, со Планината Пику во далечина

Главните населби се во Мадалена, што е и главен град,во Сао Роке ду Пику и Лажес ду Пику. Бкупното население е 15,761 жители (од 2007 година).

Економија[уреди | уреди извор]

Островот имал развиено индустрија за китови до 1980 година. Позицијата на островот на Срединоатлантскиот Гребен значи дека е блиску до длабоките води. Активните индустрии го вклучуваат туризмот, бродоградбата и производството на вино. На островот Пику лозовите насади се запишани на списокот светско наследство на УНЕСКО од 2004 година. Таа има неколку значајни вина кои се комерцијализирани во Португалија и извезени во странство.

Одржлив туризам[уреди | уреди извор]

Во 2012 година, Пику ја добил наградата QualityCoast Gold за неговите напори да стане одржлива туристичка дестинација. Поради оваа награда, Пику бил избран за вклучување во глобалниот атлас за одржлив туризам DestiNet.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]

Извори[уреди | уреди извор]

  • Scarth, Alwyn; Tanguy, Jean-Claude (2001), Volcanoes of Europe, Oxford University Press, стр. 243, ISBN 0-19-521754-3  More than one of |author2= и |last2= specified (помош); More than one of |ISBN= и |isbn= specified (помош)
  • Nunes, J.C. (1999), A actividade vulcânica na ilha do Pico do Plistocénio Superior ao Holocénio: Mecanismo eruptivo e hazard vulcânico. Tese de doutoramento no ramo de Geologia, especialidade de Vulcanologia, Ponta Delgada: University of the Azores, стр. 357  More than one of |location= и |place= specified (помош)
  • Madeira, José Eduardo de Oliveira (1998), Estudos de neotectónica nas ilhas do Faial, Pico e S. Jorge: uma contribuição para o conhecimento geodinâmico da junção tripla dos Açores. Tese de Doutoramento no ramo de Geologia, especialidade em Geodinâmica Interna, Lisbon: Faculty of Sciences, University of Lisbon, стр. 428  More than one of |location= и |place= specified (помош)
  • Madeira, José Eduardo de Oliveira; António Brum da Silveira (October 2003), Active tectonics and first paleoseismological results in Faial, Pico and S. Jorge islands (Azores, Portugal), 5 46, Lisbon: Annals of Geophysics, стр. 733–761  More than one of |author2= и |last2= specified (помош); More than one of |location= и |place= specified (помош)
  • Senos, M.L.; Gaspar, João Luís; Ferreira, Teresa; Cruz, L.; Nunes, J.C.; Pacheco, J. (1998), O terramoto do Faial de 9 de Julho de 1998, Proceedings do 1º Simpósio de Meterologia e Geofísica da AMPG, стр. 61–68 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]