Прејди на содржината

Аделина Земја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Аделина Земја
Terre Adélie
Знаме
Гесло: Liberté, égalité, fraternité
Химна: Марселеза
Главен градПоларна станица „Димон Дирвил“ (нас. ~50)
66°40′S 140°01′E / 66.667°S 140.017°E / -66.667; 140.017
Службен јазик француски
Уредување
   Претседател Никола Саркози
   Управник Ролон Мушел-Блезо[1]
Француска прекуморска територија
   Откриена 1840 
Површина
   Вкупна 432.000 км2 
Население
   Попис  33 (зиме) ; помалку од 80 (лете) 
Валута евро (EUR)
Часовен појас UTC+10
НДД .tf
Повик. бр. 262

Аделината Земја (фр. Terre Adélie) е дел од антарктичкото крајбрежје помеѓу 136° ИГД (кај ‘ртот Пуркоа Па на 66°12′S 136°11′E / 66.200°S 136.183°E / -66.200; 136.183) и 142° ИГД (кај ‘ртот Алден на 66°48′S 142°02′E / 66.800°S 142.033°E / -66.800; 142.033) со должина на брегот од 350 км задгрбнина во облик на исечок што се протега 2.600 км до Јужниот Пол. На неа полага право Франција, како една од петте области на Француските Јужни и Антарктички Земји, иако ова право го признаваат само некои земји. Земјишната површина изнесува 432.000 км2 и е претежно покриена со мраз.

Од 12 јануари 1956 работи француската истражувачка база „Димон Дирвил“ (66°40′S 140°01′E / 66.667°S 140.017°E / -66.667; 140.017) со постојан кадар низ целата година. Зиме персоналот брои 33 члена, а лете се накачува на 78. Првата француска станица „Порт Мартен“ е изградена на 9 април 1950 на 66°49′04″S 141°23′39″E / 66.81778°S 141.39417°E / -66.81778; 141.39417, но настрадала во пожар ноќта на 22-23 јануари 1952.[2]

Од 1957 до 1960 Франција имала уште една станица во континенталниот дел на антарктичката ледена покривка, оддалечена 320 км од денешната крајбрежна станица, на надморска височина од 2400 м. Оваа станица (наречена „Шарко“, по Жан-Батист Шарко) се наоѓала на 69°22′S 139°01′E / 69.367°S 139.017°E / -69.367; 139.017 и била изградена по повод Меѓународната геофизичка година 1957/1958 и имала персонал од само тројца. Речиси сета станица била закопана во снег како заштита од силните ветришта.

Аделината Земја се граници со Австралиска Антарктичката Територија на исток и на запад, т.е. со Клерината Земја (дел од Вилксовата Земја) на запад и земјата на Џорџ V на исток.

Брегот прв го открил францускиот истражувач Жил Димон Дирвил во 1840, и го нарекол по неговата сопруга Адели.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Mesures d'ordre individuel“. Портал на владата - Страница на премиерот. Влада на Франција. 3 септември 2008. Архивирано од изворникот на 2009-02-05. Посетено на 31 јануари 2009. (француски)
  2. Fire destroys station in Antarctica, French expedition's loss, The Times, 26 јануари 1952

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

75°00′S 139°00′E / 75.000°S 139.000°E / -75.000; 139.000