Прејди на содржината

Прекуморски департмани и региони на Франција

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Прекуморски департман)

Прекуморски департмани и региони на Франција (француски: département et régions d’outre-mer или DROM) — департмани сместени вон европскиот дел на државата наречен континентална или метрополитенска Франција. Носат речиси ист политички статус како континенталните департмани, но имаат нешто поголем степен на автономија и не се вбројуваат во некои домашни статистики, како што е стапката на невработеност.

Како составен дел од Франција и Европската Унија, прекуморските департмани се застапени во Националното собрание, Сенатот и Економско-социјалниот совет, гласаат за претставници во Европскиот парламент и го користат еврото како своја валута.

Овие единици се разликуваат од прекуморските заедници, кои уживаат полуавтономија.

Секој прекуморски департман е единствен во свој сопствен прекуморски регион (région d'outre-mer) чии надлежности се истовени на регионите во Метрополска Франција. Поради ова целосно совпаѓање, овие две единици не се разликуваат во неслужбена употреба, па така француските медиуми речиси без исклучок го користат поимот „прекуморски департмани“ (département d’outre-mer или DOM).

Почнувајќи од март 2011 г. петте прекуморски департмани и региони на Франција се следниве:

Гваделуп и Реинион имаат посебни департмански и регионални совети, додека пак Мајот, Гвајана и Мартиник истите се споени во еден совет. Прекуморските департмани се стекнале со овие права со децентрализацијата од 1982 г. според која ним им следуваат регионални совети избрани со гласање, како и други регионални надлежности; меѓутоа, поимот „прекуморски регион“ влегол во службена употреба дури со уставниот амандман од 28 март 2003 г.

Историја

[уреди | уреди извор]

Првиот (и краткотраен) обид за воспоставување на прекуморски департмани дошло со Наполеоновото заземање на Република Венеција во 1797 г. која владеела со Јонските Острови. Како и самата Венеција, островите потпаднале под власта на Францускиот директориум и биле поделени на три департмани: Егејско Море (Mer-Égée), Итака (Ithaque) и Крф (Corcyre). Во 1798 г. рускиот адмирал Фјодор Ушаков ги истерал Французите од овие острови; иако Франција успеала да ги поврати во 1807 г. идејата за департманите била напуштена.

Согласно уставот на Четвртата Република од 1947 г. француските колонии Алжир[1] во Северна Африка, Гваделуп и Мартиник во Карибите, Француска Гвајана во Јужна Америка и Реинион во Индискиот Океан биле прогласени за прекуморски департмани. Алжир се осамостоил во 1962 г. а останатите и денес се департмани на Франција.

Карта на Европската Унија со нејзините прекуморски земји, територии и најоддалечени подрачја.

Прекуморската заедница Свети Петар и Микелон била прекуморски департман од 1976 до 1985 г. Секој од петте прекуморски департмани има помеѓу 200.000 и милион жители; само Свети Петар и Микелон има 6.000, поради што му е доделен статус на заедница.

Мајот првично бил прекумроска заедница, а станал департман на 31 март 2011 г. согласно изјаснувањето на граѓаните на референдум одржан две години претходно.

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1950720.000—    
1960949.000+31.8%
19701.194.000+25.8%
19801.286.000+7.7%
19901.566.000+21.8%
20001.865.000+19.1%
20102.148.000+15.2%
Извор:[2]

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]