Прејди на содржината

Валис и Футуна

Од Википедија — слободната енциклопедија
Острови Валис и Футуна
Territoire des îles Wallis-et-Futuna (француски)
Telituale o Uvea mo Futuna

(валиски) (футунски)

Знаме Грб
Гесло"Liberté, Égalité, Fraternité"
ХимнаLa Marseillaise
Местоположба на Валис и Футуна
Главен град
(и најголем)
Мата-Уту
Службен јазик француски
секојдневни
Народности  Полинезијци[1]
Демоним
  • Увејци(Валишани)
  • Футунци
Независна држава  Франција
Уредување прекуморска заедница
 •  Претседател Емануел Макрон
 •  Врховен адм. Жан-Франсис Трефел
 •  Крал на Увеа Паталион Канимоа (од 2016)
 •  Крал на Ало Филипо Катоа (од 2016)
 •  Крал на Сигаве Еуфенио Такала (од 2016)
Статус
 •  прекуморска територија 1959a 
 •  прекуморска заедница 2003 
Површина
 •  Вкупна 142,42 км2 (н.п.)
 •  Вода (%) незначително
Население
 •  проценка за март 2014 г. 15,500[1] (228)
 •  Попис 2013[2] 12,197 
 •  Густина 57.9 жит/км2 (125)
БДП (номинален) проценка за 2005 г.
 •  Вкупно US$188 милиони[3] (н.п.)
 •  По жител US$12,640[3] (н.п.)
ИЧР (2008) 0.793
висок · 132
Валута Франк (XPF)
Часовен појас (UTC+12)
НДД .wf
Повик. бр. +681
а. преку гласање

Валис и Футуна (француски: Wallis-et-Futuna, валиски и футунски: Uvea mo Futuna), официјално Територија Острови Валис и Футуна (Territoire des îles Wallis-et-Futuna)[4]француска прекуморска заедница во Океанија, Тихи Океан. Северно од Валис и Футуна е Тувалу, југозападно е Фиџи, југоисточно е Тонга, источно е Самоа и североисточно е Токелау (Нов Зеланд).

Вкупната површина на Валис и Футуна е 142.42 км2 и има население од околу 12.000 жители. Главен град на Валис и Футуна е Мата-Уту, кој воедно е и најголем град. Самата територија е составена од три вулкански тропски острови, кои се опколени со мали островчиња. Увеа (Валис) е оддалечен 260 км од Футуна и Алофи.

Историја

[уреди | уреди извор]
Остатоци од тврдината Талиетуму.

Полинезијците ги населиле островите во околу 1000 година, кога Тонганската Империја се проширила во регионот. Првичните доселеници изградиле тврдини, некои и денес се делумно недопрени.

Футуна за првпат на европските карти била забележана од Вилен Схаутен и Јакоб Ле Мер за време на нивната експедиција околу светот во 1616. Тие ги именувале островите Футуна и Алофи како Хорнски Острови, во чест на градот Хорн во Холандија. Првите Европејци што се доселиле на островите биле Французите и пристигнувањето на француските мисионери во 1837 г. Тие го покрстиле месното население. Увеа се нарекува и Валис во чест на британскиот истражувач Семјуел Валис.[5]

На 5 април 1842 година мисионерите побарале заштита на островите од Франција бидејќи некои од месните жители организирале бунт. Така, на 5 април 1887 година Кралицата на Увеа потпишала договор и така се основал францускиот протекторат. Оваа постапка ја следеле и кралевите на Сигаве и Ало, односно кралевите на Футуна и Алофи, на 16 февруари 1888. Првично, островите биле дел од француската колонија Нова Каледонија. Валис и Футуна станале прекуморска територија во 1959 година по гласањето кое било одржано на островите и со тоа се одвоиле од Нова Каледонија.[6]

Географија

[уреди | уреди извор]
Карта на Валис и Футуна.

Валис и Футуна се оддалечени од 362 км од Самоа на запад и 480 км североисточно од Фиџи. Територијата е составена од три острови. Увеа е најголем остров и воедно најнаселен. Потоа следува островот Футуна и ненаселениот остров Алофи. Околу овие острови има околу 20 мали островчиња кои се ненаселени. Вкупната територија на Валис и Футуна е 142 км2. Највисока точка на островите е планината Пик на Футуна со висина од 524 метри.

Островите имаат топла и дождлива сезона од ноември до април, кога има бури и тропски циклони. Од мај до октомври е сувата сезона, кога има појава на југоисточни ветришта. Просечната врнежливост е 2,500 до 3,000 милиметри на годишно просечно ниво и има најмалку 260 врнежливи денови низ годината. Просечната влажност на воздухот е 80% и просечната температура 26 степени. Температурата ретко паѓа под 24 степени.

Само пет проценти од вкупната територија на островите е обработлива. Островите се соочуваат со проблемот на опустошување на шумите, така што останал сосема мал дел од некогашната шума на островите. Алофи не е населен бидејќи нема извори на свежа вода.

Државата е составена од следниве острови:

Сателитска снимка на Увеа
Сателитска снимка на Футуна и Алофи.
остров гл. град други градови површина  (км2) население
Валис и Футуна Мата-Уту Леава, Ваитупу, Алеле, Лику, Фалалеу, Утуфуа 142.42 15500
Хорнски Острови Леава Фиуа, Нуку, Таоа, Малае, Оно, Веле 64.1 4591
Алофи 17.8 2
Футуна Леава Толоке, Фиуа, Ваисеи, Нуку, Таоа, Малае, Колопелу, Оно, Колиа, Веле, Колотаи, Лалоуа, Пои, Тамана, Туатафа, Таваи 46.3 4589
Фаиоа 0.68 0
Фенуафоу 0.03 0
Фугалеи 0.18 0
Сен Кристоф 0.03 0
Луанива 0.18 0
Нукуатеа 0.74 0
Нукуфоту 0.04 0
Нукухифала Нукухифала 0.067 4
Нукухионе 0.02 0
Нукулоа Нукулоа 0.35 10
Нукутапу 0.05 0
Нукутеатеа 0.1 0
други Нукуато 0.043 0
Текавики 0.01 0
Увеа Мата-Уту Ваитупу, Алеле, Лику, Фалалеу, Утуфуа, Малаефоу 75.8 10895
други 0 0
Валис и Футуна Мата-Уту Леава, Ваитупу, Алеле, Лику, Фалалеу, Утуфуа 142.42 15500
  1. 1,0 1,1 „World factbook: Wallis and Futuna“. Архивирано од изворникот на 2017-10-11. Посетено на 2010-02-03.
  2. Wallis and Futuna at Geohive
  3. 3,0 3,1 INSEE, CEROM. „L'économie de Wallis-et-Futuna en 2005: Une économie traditionnelle et administrée“ (PDF) (француски). Посетено на 1 July 2008.
  4. Loi no 61-814 du 29 juillet 1961 conférant aux îles Wallis-et-Futuna le statut de territoire d'outre-mer.
  5. „POP Culture: Wallis and Futuna“. Guampedia. Посетено на 2017-03-03.
  6. http://www.infoplease.com/ipa/A0107555.html

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]