Гваделуп
16°15′N 61°35′W / 16.250° СГШ; 61.583° ЗГД
Гваделуп Guadeloupe | |||
---|---|---|---|
| |||
Земја | Франција | ||
Департмани | 1 | ||
Управа | |||
• Прет. на ген. совет | Викторен Лирел | ||
Површина | |||
• Вкупна | 1.628 км2 (629 ми2) | ||
Население (1 јануари 2008)[note 1] | |||
• Вкупно | 405.500 | ||
• Густина | 250/км2 (650/ми2) | ||
Час. појас | ECT (UTC-04) | ||
ISO 3166 | GP | ||
БДП (2006) | Грешка во Lua: во земјата | ||
Вкупно | млј € | 7,75||
NUTS | FR9 | ||
Мреж. место | guadeloupe.pref.gouv.fr, cr-guadeloupe.fr, cg971.fr |
Гведелуп[1] (француски: Guadeloupe) територија од два острова на Карибите во состав на Заветрените Острови, Мали Антили. Нејзината површина изнесува 1.628 км2 и брои население од 384.239 жители (2019).[2] Гваделуп е прекуморски регион на Франција, која се состои од единствен прекуморски департман. Како и сите други прекуморски департмани, така и Гваделуп е интегрален дел од Франција. Помали острови како Мари-Галант, Ла Дезирад, Ил де Сент се составен дел на Гваделуп.
Како дел од Франција, Гваделуп е дел од Европската Унија и Еврозоната. Оттаму, како за сите земји на Еврозоната, така и за Гваделуп валута е еврото. Но Гваделуп не е дел од Шенген зоната.
Историја
[уреди | уреди извор]За време на неговото прво патување во Америка, во ноември 1493 година Кристофер Колумбо станал првиот Европеец кој стапнал во Гваделуп. Тој ја нарекол Санта Мариjа де Гваделуп де Екстремадура по сликата на девицата Марија, која е многу почитувана, а се наоѓа во шпанскиот манастир во Виљуеркас, во Гваделуп, Екстремадура. Експедицијата запрела на брегот, јужно од Капестер и ниеден од населувачите не останал.
Се смета дека во 1493 година, Кристофер Колумбо го открил ананасот на Гваделуп. Тој го нарекол „ шишарката на Индијанците“[3].
По успешно населување на островот Сен Кристоф (Сент Китс), француската компанија на Американски острови ги испратиле Шарл Лиенар и Жан Дуплесис Осонвил да ги колонизираат еден или останатите островите на регионот: Гваделуп, Мартиник или Доминика.
Во 1635 година, поради негостољубивата природа на Мартиник, Шарл и Жан се населиле во Гваделуп, го презеле островот и успеале да збришат многу карипски домородци. Во 1974 година, било припоено со кралството на Франција. Во текот на следниот век, Британците неколкупати го освојувале островот. Економијата се развила во последните декади на 17 век поради профитабилната трговија со шеќерна трска. Уште еден знак кој покажува за просперитетот во Гваделуп е Парискиот договор од 1763.[4] Во овој договор се стабило крај на Седумгодишната војна меѓу Британија и Франција а Франција како поразена се согласила дека нема да бара територија во Канада но со цел Британија повеќе да не се враќа во Гваделуп. Сепак, во 1759 година Британците го заземале Гваделуп.
Во 1790 додина, следејќи го почетокот на Француската револуција, високите класи од Гваделуп одбиле да ги почитуваат новите закони за еднакви права за луѓето од црна или мешана раса кои не биле робови. Тие се обиделе да прогласат независност, запалувајќи една третина од Поент а Питр. Започнала битката помеѓу монархистите и републиканците. Во 1791 година со победата на монархистите прогласиле независност. Во 1792 година, монархистите одбиле да го прифатат новиот гувернер кој бил назначен од Париз.
Во 1793 година, започнал бунт на робовите, па високата класа се свртела накај Британците, барајќи од нив да го освојат островот. Во 1794 година, во еден обид да се добие предност во хаосот кој произлегол од Француската револуција, Британците се обиделе да го освојат Гваделуп и го држеле под нивна власт од 21 април до декември 1794 година, кога Виктор Иг го натерал англискиот генерал да капитулира[5]. Виктор успеал да ги ослободи робовите. Робовите дигнале бунт и се нафрлиле на сопствениците на робовите во чии раце биле плантажите со шеќерна трска. Во 1802 година, Наполеон Бонапарт со законот од 20 мај, истата година го вратил ропството во сите колонии кои ги освоиле Британците за време на Француската револуција, но за некои поморски региони на Франција тоа не важело. Тие региони се Гваделуп, Гвајана и Сен Доминик. Наполеон испратил експедициски сили повторно да го освојат островот од бунтовните мештани. Луј Делгре и група револуционерни војници се самоубиле на падината на вулканот Матуба бидејќи се знаело дека освојувачките трупи ќе го преземат островот. Окупаторската сила убила над 10.000 Гваделупци.
На 4 февруари 1810 година, Британците уште еднаш го освоиле островот, а окупацијата продолжила до 1816 година. На 3 март 1813 година, англо-шведската алијанса го остапила островот на Шведска на краток период од 15 месеци. Британците продолжиле да владеат со островот.[6] Со Парискиот договор од 1814 година, Шведска го остапила Гваделуп на Франција. Со Виенскиот договор од 1815 година, Франција ја преземала целосната контрола врз Гваделуп.
На 28 мај 1848 година, на островот се укинало ропството под иницијатива на Виктор Шолчер. За време на епидемија на колерата од 1865-1866 година , Гваделуп загубил 12.000 жители. Во 1946 година колонијата Гваделуп станала поморски департман на Франција, а во 1974 година станал административен центар. Неговите претставници седнале во Француското народно собрание во Париз.
Денес населението на Гваделуп го сочинуваат главно црнци или мулати а повеќето се римокатолици. Францускиот јазик и креолскиот дијалект преовладуваат, но има и голем дел европска и индиско население. Има Либанци, Сиријци, Кинези, Карипски Америндијанци.
На 15 јули 2007 година, Сен Мартин и Сен Бартелеми официјално биле одделени од Гваделуп и станале две одделни француски поморски заедници со нивна сопствена локална администрација.[7] Со пописот од 1999 година, нивното население заедно броело 35.930 жители и површина од 74,2 км2. Гваделуп изгубила 8,5% од нејзиното население и 4,4% од нејзината површина.
Географија
[уреди | уреди извор]Гваделуп се наоѓа јужно од Заветрените острови, на источниот дел од Карипското Море. Гваделуп е составена од два главни острови: Бас-Тер и Гранд-Тер. Соседните француски острови Ла Дезирад, Ле-Сент и Мари Галант се под власта на Гваделуп.
Западниот Бас-Тер има нерамен вулкански релјеф, а источниот Гранд-Тер има камени врвови и рамни рамници.
На 7 декември 2003 година, северниот дел на Сен Бартелеми и северниот француски дел од Сен Мартин некогаш беа во склоп на Гваделуп. Но на 22 февруари 2007 година, овие две области се одвоија и станаа поморски територијални заедници[8].
Клима
[уреди | уреди извор]Гваделуп има тропскаклима и две годишни сезони:
- сува сезона која трае од јануари до јуни;
- влажма сезона која трае од јули до декември.
Климатски податоци за Guadeloupe | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Прос. висока °C (°F) | 29.1 (84.4) |
29.1 (84.4) |
29.4 (84.9) |
30.1 (86.2) |
30.7 (87.3) |
31.3 (88.3) |
31.5 (88.7) |
31.6 (88.9) |
31.5 (88.7) |
31.2 (88.2) |
30.5 (86.9) |
29.6 (85.3) |
30.5 (86.9) |
Сред. дневна °C (°F) | 24.5 (76.1) |
24.5 (76.1) |
24.9 (76.8) |
25.9 (78.6) |
26.9 (80.4) |
27.5 (81.5) |
27.6 (81.7) |
27.7 (81.9) |
27.4 (81.3) |
27.0 (80.6) |
26.3 (79.3) |
25.2 (77.4) |
26.3 (79.3) |
Прос. ниска °C (°F) | 19.9 (67.8) |
19.9 (67.8) |
20.4 (68.7) |
21.7 (71.1) |
23.1 (73.6) |
23.8 (74.8) |
23.8 (74.8) |
23.7 (74.7) |
23.3 (73.9) |
22.9 (73.2) |
22.1 (71.8) |
20.9 (69.6) |
22.1 (71.8) |
Прос. врнежи мм (ин) | 84 (3.31) |
64 (2.52) |
73 (2.87) |
123 (4.84) |
148 (5.83) |
118 (4.65) |
150 (5.91) |
198 (7.8) |
236 (9.29) |
228 (8.98) |
220 (8.66) |
137 (5.39) |
1.779 (70,04) |
Прос. бр. врнежливи денови | 15.0 | 11.5 | 11.5 | 11.6 | 13.6 | 12.8 | 15.4 | 16.2 | 16.6 | 18.1 | 16.6 | 15.7 | 174.6 |
Сред. бр. сончеви часови месечно | 235.6 | 229.1 | 232.5 | 240.0 | 244.9 | 237.0 | 244.9 | 248.0 | 216.0 | 217.0 | 207.0 | 223.2 | 2.775,2 |
Извор: Hong Kong Observatory[9] |
Урагани
[уреди | уреди извор]Во поново време неколку урагани го уништиле островот.
На 12 септември 1928 година, ураганот Окишоби предизвикал огромна штета и убил илјадници луѓе.
На 22 август 1964 година, ураганот Клео го опустошил Гвадалуп и убил 14 луѓе.
Две години подоцна, на 27 септември 1966 година, трета категорија на ураган Инез предизвикал огромна штета најмногу во Гранд Тер и на север на Бас Тер островот, а убил 33 луѓе. Шарл де Гол по ураганите го посетил островот и го прогласил за загрозена област.
На 17 септември 1989 година, четврта категорија на ураган Хуго предизвикал огромна штета, оставил над 35.000 луѓе без домови, уништил над 100 куќи, 100% ги уништил бананите, 60% ја уништил шеќерната трска.[10]
Од крајот на август до средината на септември 1995 година, на островот се случиле три успешни циклони: на 28 август тропската бура Ирис, која предизвикала помала штета, на 5 септември ураганот Луис, предизвикал средна штета на северниот брег од Град Тер и на 15 септември ураганот Марилин, кој предизвикал средна штета во Бас Тер.
На 21 септември 1998 година, ураганот Џорџ направил средна штета на островот, а уништил 90% од бананите.
На 5 септември 2017, ураганот Ирма предизвикал понезначителни штети додека пустошел по другите острови како на Сен Мартин.[11] IФранцускиот претседател Емануел Макрон во поддршка пристигнал на островот на 12 септември.[12]
На 19 септември 2017, ураганот Марија од 4 и 5 категорија предизвикаал поплави.[13][14][15] Причинета била голема материјална штета а настрадале околу 80,000 домови.[16]
Политика
[уреди | уреди извор]Гваделуп има четири претставници во Собранието на Република Франција и три сенатори во Сенатот. Една од четирите избирачки едници на Народното Собрание сè уште ги вклучува Сен Мартин и Сен Бартелеми и покрај тоа што тие во 2007 година се одделија од Гваделуп. Ова ситуација ќе се одвива сè до 2012 година кога Сен Мартин и Сен Бартелеми ќе испратат свои претставници во Собранието.
Административна поделба
[уреди | уреди извор]Гваделуп е поделен на 32 општини.[17] Секоја има градоначалник и совет. Приходите ги остваруваат со средства од француската влада и доноци од месното население. Надлежни се за водостопанството, матичната евиденција и полициските работи.
Име | Француски | Површина (км2) | Население (2019)[2] | Округ | Карта |
---|---|---|---|---|---|
Анс Бертран | Anse-Bertrand | 62,5 | 4.001 | Поент а Питр | |
Бајиф | Baillif | 24,3 | 5.203 | Бас Тер | |
Бас Тер | Basse-Terre | 5,78 | 9.861 | Бас Тер | |
Бе Мао | Baie-Mahault | 46 | 30.837 | Бас Тер | |
Бујант | Bouillante | 43,46 | 6.847 | Бас Тер | |
Вје Фор | Vieux-Fort | 7,24 | 1.842 | Бас Тер | |
Вјез Абитан | Vieux-Habitants | 58,7 | 7.110 | Бас Тер | |
Гоајав | Goyave | 59,91 | 7.621 | Бас Тер | |
Гран Бур | Grand-Bourg | 55,54 | 4.870 | Поент а Питр | |
Гурбер | Gourbeyre | 22,52 | 7.760 | Бас Тер | |
Дее | Deshaies | 31,1 | 3.998 | Бас Тер | |
Капестер Бел О | Capesterre-Belle-Eau | 103,3 | 17.741 | Бас Тер | |
Капестер де Мари Галант | Capesterre-de-Marie-Galante | 46,19 | 3.298 | Поент а Питр | |
Ла Дезирад | La Désirade | 21,12 | 1.419 | Поент а Питр | |
Ламантен | Lamentin | 65,6 | 16.354 | Бас Тер | |
Ле Гозје | Le Gosier | 45,2 | 26.489 | Поент а Питр | |
Ле Мул | Le Moule | 82,84 | 22.149 | Поент а Питр | |
Лез Абим | Les Abymes | 81,25 | 53.514 | Поент а Питр | |
Морн а Ло | Morne-à-l'Eau | 64,5 | 16.495 | Поент а Питр | |
Пети Бур | Petit-Bourg | 129,88 | 24.753 | Бас Тер | |
Пети Канал | Petit-Canal | 72 | 8.203 | Поент а Питр | |
Поент Ноар | Pointe-Noire | 59,7 | 6.031 | Бас Тер | |
Поент а Питр | Pointe-à-Pitre | 2,66 | 15.181 | Поент а Питр | |
Пор Луј | Port-Louis | 44,24 | 5.618 | Поент а Питр | |
Сен Клод | Saint-Claude | 34,3 | 10.466 | Бас Тер | |
Сен Луј | Saint-Louis | 56,28 | 2.397 | Поент а Питр | |
Сен Франсоа | Saint-François | 61 | 11.689 | Поент а Питр | |
Сент Ан | Sainte-Anne | 80,29 | 24.151 | Поент а Питр | |
Сент Роз | Sainte-Rose | 118,6 | 17.985 | Бас Тер | |
Тер де Ба | Terre-de-Bas | 6,8 | 975 | Бас Тер | |
Тер де О | Terre-de-Haut | 6 | 1.519 | Бас Тер | |
Троа Ривјер | Trois-Rivières | 31,1 | 7.862 | Бас Тер |
Култура
[уреди | уреди извор]Книжевност
[уреди | уреди извор]Културата во Гваделуп е најмногу позната по успехот на островјаните, особено по поезијата на Сен-Џон Перс, односно Алексис Лежер. Во 1960 година, Перс добил Нобелова награда за литература. Гваделуп има многу богата литература, која денес ја негуваат многу писатели, поети, романописци, есеисти и новинари, меѓу кои се издојуваат дамите Мариза Конде и Симона Шварц-Барт, М.Ернест Пепан.
Музика
[уреди | уреди извор]Музиката и танцот се исто така популарни, но и добро прифатена е интеракцијата помеѓу африканската, француската и индиската култура[18] од која се родила нова оригинална форма специфична за архипелагот. Островјаните уживале во видовите на танц како што се зук, зук-лав, компа, како и модерните интернационални танци: хип-хоп итн. Во традиционалната музика на Гваделуп спаѓаат: бигвин, каданс, каданс-липсо и гво ка. Познати музички артиски и бендови се Експериенс 7, Франки Винсент, Касав и Жил Флоро кој го отелотворил традиционалниот музички стил на островот и на новата генерација на музика. Том Фражер, пак, изведува реге музика во која ја опева Гваделуп како вистински рај. Во Гваделуп се одржале многу фестивали, како што е фестивалот Креол Блус кој се одржува во Мари-Галант. Младите музичари од Гваделуп ги негуваат зук-лав и регето.
Облека
[уреди | уреди извор]Друг елемент за културата на Гваделуп претставуваат фустаните. Неколку жени ( постарите жени од мнозинството) имаат единствен стил на традиционални фустани, со многу слоеви на многубојни материјали, кои денес ги носат само за посебни прилики. Кога прославуваат нешто тие носат мадрас, тоа се марами за на глава врзани на многу различни симболични форми. Накитот, главно златото, е важно детал со фустанот кој го носи една гваделупска дама, а кој е производ на една европска, африканска и индиска инспирација.
Јазик
[уреди | уреди извор]Како еден од регионите на Франција, службениот јазик е францускиот, кој го зборува речиси целото население. Освен тоа, поголемиотдел од населението зборува креолски,[19] варијанта на француско-креолскиот јазик што се зборува и на Антилите.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Економијата во Гваделуп зависи од туризмот, земјоделството, лесната индустрија и услужните дејности. Но, зависи и од Франција за големите субвенции и увозот.
Туризмот е клучната индустрија со посетеност од 83,3% од Франција, 10,8% од Европа, 3,4% од САД, 1,5% од Канада, 0,4% од Јужна Америка и 0,6% од остаток на светот. Голем број на бродови кои крстарат го посетуваат островот[20].
Шеќерната репка полека се заменува со други житни растенија како што се бананите, модриот патлиџан, шпанска лимета (лат. Melicoccus bijugatus), нони, сапотила (лат. Manilkara huberi), сладок компир, тиква, банани, чај, кокос, тропско овошно дрво, портокали и многу видови на цвеќиња. Друг вид на зеленчук и коренест зеленчук се одгледуваат за локална потреба, иако Гваделуп сè уште е зависна од увозната храна, главно од Франција.
Лесната индустрија се одликува со шеќер и рум, сончева енергија и многу индустриски производства. Повеќето од произведената храна и гориво се увезени. Невработеноста најмногу се забележува кај младите. А ураганите периодично ја уништуваат економијата.
Спорт
[уреди | уреди извор]Фудбалот е популарен во Гваделуп. Тјери Анри, ѕвезда на француската национална репрезентација, често го посетува својот татко Антоан кој потекнува токму од Гваделуп. Вилијам Галас потекнува од Гваделуп, го посетува островот кога нема натпревари за Tотенхем или за француската национална репрезентација. Лилиан Туре, роден во Гваделуп, е поранешна фудбалска ѕвезда , одбранбен играч на Франција и на ФК Барселона. Димитри Увр, професионален сурфер. Напаѓачот на француската национална репрезентација и на Евртон, Луис Саха потекнува од Гваделуп. Голманот на ФК Кетеринг Таун, Вили Герет потекнува Гваделуп. Паскал Чимбонда е роден во Гваделуп. Џонатан Биабјани има потекло од Гваделуп, а игра за ФК Милан. Стефан Овреј игра за Црвените бикови од Њујорк. Роналд Зубар игра за Вулверхемптон Вондерерс во премиер лигата Барклејс, а неговиот помал брат Стефан Зубар игра за ФК Бурнемут. Националната фудбалска репрезентации доживеала успех. НБА играчите Микаел Пиетрус и Родриге Бобуа се родени на островот.
Трократната олимписка шампионка Мари-Жозе Перек, четврта најбрза атлетичарка на 100 метри Кристина Арон и шампионката во мечување Лора Флесел се родени во Гвадалуп.
И покрај тоа што Гваделуп е дел од Франција има свои сопствен спортски тимови. Рагбито полека но сигурно се развива во Гваделуп. Островот е исто така интернационално познат по џет-ски трките Карижет (Karujet Race – Jet Ski World Championship). На оваа трка во 9 стази се одржува 4 дена се сретнуваат натпреварувачи од целиот свет. Единствената Карижет, на која се возат 7 трки околу островот, има углед на една од најтешките првенства.
Патот Рум е еден од најистакнатите настани на францускиот поморски спорт кој се случува на секои 4 години. Светскиот познат телоградител Серхе Нубрет е роден во Тер, во 1960те и 1970те години ја претставувал Франција на повеќе натпреварувања во телоградба, освојувајќи го второто место.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Белешки
[уреди | уреди извор]- ↑ Не се вбројани териториите Свети Мартин и Свети Вартоломеј, кои се отцепиле од Гваделуп на 22 февруари 2007 г.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ во постари извори често се среќава погрешната транскрипција Гвадалупе
- ↑ 2,0 2,1 Populations légales 2019: 971 Guadeloupe Архивирано на 12 јули 2022., INSEE
- ↑ „Pineapple History“. Homecooking.about.com. 11 February 2010. Посетено на 16 April 2010.
- ↑ Colin G. Calloway (2006). The Scratch of a Pen: 1763 and the Transformation of North America. Oxford U.P. стр. 8. ISBN 9780198041191.
- ↑ pg 241David Barry Gaspar (Editor), Darlene Clark Hine (Editor). More Than Chattel: Black Women and Slavery in the Americas (April 1996. изд.). Indiana University Press. стр. 360. ISBN 0-253-21043-7.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link) Hugues was able to use his expeditionary force of 1,500 men and an enthusiastic slave population to repel the British invasion of Guadeloupe after a seven-month struggle, which ended in December 1794.
- ↑ World Statesmen.org: Guadeloupe
- ↑ The French law was passed in February 2007, but did not take effect until the local assemblies voted in agreement on 15 July 2007. See J. P. Thiellay, Droit des outre-mers, Paris:Dalloz, 2007.
- ↑ „Guadeloupe Arrondissements“. Statoids.com. Посетено на 16 April 2010.
- ↑ „Climatological Information for Guadeloupe“. Архивирано од изворникот на 2012-04-03.
- ↑ * Benito-Espinal, F. Pagney and E. Benito-Espinal – L'Ouragan Hugo: génèse, incidences géographiques et écologiques sur la guadeloupe [Hurricane Hugo: Origin, Geographic and Ecological Consequences on Guadeloupe]. Ouellet, Henri (December 1993). „Review“. The Wilson Bulletin. Wilson Ornithological Society. 105 (4): 705. JSTOR 4163370.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2017-09-10. Посетено на 2017-10-17.
- ↑ http://nationalpost.com/pmn/news-pmn/the-latest-dutch-king-says-devastation-is-worst-hes-seen
- ↑ Barnes, Joe (2017-09-19). „Hurricane Maria DAMAGE update: First signs of devastation after storm batters Guadeloupe“. Express.co.uk (англиски). Посетено на 2017-09-19.
- ↑ „Fwd: Hurricane Maria in Guadeloupe“. stormcarib.com. Посетено на 2017-09-19.
- ↑ CNN, Euan McKirdy and Holly Yan. „Hurricane Maria cripples Dominica as it churns toward Puerto Rico“. CNN. Посетено на 2017-09-19.
- ↑ Semple, Kirk; Ramzy, Austin (2017-09-19). „Hurricane Maria Does 'Mind Boggling' Damage to Dominica, Leader Says“. The New York Times (англиски). ISSN 0362-4331. Посетено на 2017-09-19.
- ↑ „Encyclopedia Britannica – Guadeloupe“. Архивирано од изворникот 3 април 2019. Посетено на 27 јули 2019.
- ↑ Sahai, Sharad (1998). Guadeloupe Lights Up: French-lettered Indians in a remote corner of the Caribbean reclaim their Hindu identity Архивирано на 1 март 2009 г.. Hinduism Today, Digital Edition, February 1998.
- ↑ Cérol, Marie-José. Une introduction au créole guadeloupéen (An introduction to Guadeloupean Creole). Paris: Jasor. 1991.
- ↑ „Guadeloupe – Economie“ (француски). 1998. Архивирано од изворникот на 2007-10-14. Посетено на 10 June 2006.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Гваделуп“ на Ризницата ? |
- Гваделуп на Curlie (англиски)
- Guadeloupe на Викимедииниот атлас
- Префектура на регионот Гваделуп (француски)
- Регион Гваделуп - портал на советот (англиски) (француски)
|
|
|
|