Еврозона

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Еврозоната, официјално наречена Eвро област, е Eвропска и монетарна унија (ЕМУ) составена од осумнаесет Земји членки на Европската Унија кои го вовеле еврото како нивна основна валута и единствено законско средство на плаќање. Еврозоната моментално ја сочинуваат:

Повеќето останати земји-членки на ЕУ се обврзани да се приклучат откако ќе ги исполнат критериумите за влез. Ниту една земја не ја напуштила еврозоната, но нема пропис за тоа што ќе се случи во тој случај или ако биде избркана. Монетарната политика на зоната е одговорност на Европската централна банка која ја водат претседател и одбор составен од лицата кои се на чело на националните централни банки. Главната задача на ЕЦБ е да ја држи инфлацијата под контрола. И покрај тоа нема општа застапеност, водење или фискална политика на Eврозоната, сепак застапена е одредена соработка во Еврогрупата, што носи политички одлуки кои се однесуваат на еврозоната и еврото. Еврогрупата е составена од министрите за финансии на земјите-членки на еврозоната, сепак во итни случаи, националните лидери исто така се дел од Еврогрупата.

Од финансиската криза која се случи во последниве неколку години, Eврозоната основаше и користеше залихи за доделување на заеми за итни случаи на земјите-членки барајќи за возврат да стапат на сила економските реформи. Во Eврозоната исто така стапи на сила и ограничено финансиско обединување, на пример едни на други ќе вршат рецензија на националните буџети. Проблемот е високополитички и е во состојба на постојано менување уште од 2011, во зависност од тоа какви понатамошни одредби ќе донесат за реформите во Eврозоната. Повремено кон Eврозоната се приклучуваат земји кои не се членки на ЕУ но го користат еврото како нивна официјална валута. Некои од овие земји, како на пример Сан Марино склучија формални договори со ЕУ да ја користат валутата, но да користат сoпствени монети. Други како Црна Гора го прифатија еврото целосно. Сепак, овие земји формално не се дел од Eврозоната и немаат претставници во ЕЦБ или во Еврогрупата.

Членови[уреди]

Во 1998 единаесет земји-членки на Европската Унија се запознаа со критериумот за конвергенција и Eврозоната започна со официјалното пуштање во употреба на еврото (покрај националните валути) на 1 jануари 1999. Грција се квалификуваше во 2000, а ја прифатија на 1 jануари 2001 уште пред да бидат подготвени книжните пари и монетите кои на 1 jануари 2002 ги зaменија сите национални валути. Од 2007 до 2011 се приклучија уште пет нови земји.


Држава          Се приклучиле на:          Население       условен БДП           Исклучоци
                                   (1јануари 2011г.)  Светска банка 2009г.      
Австрија       1 januari 1999г.    8 404 252       384 908 
Белгија        1 januari 1999г. 10 918 405      468 522 
Кипар           1 januari 2008г.        804 435         24 910               Северен Кипар
Естонија        1 januari 2011г.        1 340 194       19 120  
Финска          1 januari 1999г.        5 375 276       237 512 
Франција        1 januari 1999г.        65 075 373      2 649 390            Нова Kаледонија
                                                                            Француска Полинезија
                                                                            Валис и Футуна
Германија       1 januari 1999г.        81 751 602      3 330 032       
Грција          1 januari 2001г.        11 325 897      329 924 
Ирска           1 januari 1999г.        4 480 858       227 193 
Италија 1 januari 1999г.        60 626 442      2 112 780            Кампионе д'Италија
Летонија        1 januari 2014г.        511 840         52 449 
Луксембург      1 januari 1999г.        511 840         52 449  
Малта           1 januari 2008г.        417 617         7 449   
Холандија       1 januari 1999г.        16 655 799      792 128              Аруба
                                                                            Кураcао
                                                                            Свети Мартин
                                                                            Карипска Холандија
Португалија    1 januari 1999г. 10 636 979      227 676 
Словачка       1 januari 2009г. 5 435 273       87 642  
Словенија       1 januari 2007г.        2 050 189       48 477  
Шпанија 1 januari 1999г.        46 152 926      1 460 250       
Еврозона                                331 963 357     12 460 362

Проширување[уреди]

Десет земји (Бугарија, Чешка, Данска, Унгарија, Литванија, Полска, Романија, Шведска и Обединетото Кралство) се членки на ЕУ, но не го користат еврото. Пред да се приклучи на еврозоната, секоја земја мора да учествува 2 години во Европскиот механизам за девизен курс (ЕМДК II). Бидејќи од 2011 Националните централни банки (НЦБ) на Литванија и Данска учествуваа во ЕМДК II, се очекува преостанатите валути наскоро да го следат овој пример. Во оригиналниот Договор од Мастрихт, Данска и Обединетото Kралство добија специјален статус кој им дозволува да не учествуваат во еврозоната. Двете земји се легално ослободени од приклучување кон еврозоната, освен ако нивните влади не одлучат поинаку, преку парламентарно гласање или пак преку референдум. Шведска не е легално ослободена од приклучување кон еврозоната, но во практика е така со помош на користење на дупки во законот. Од земјите се бара да се приклучат кон еврозоната штом го исполнат критериумот за конвергенција, кој вклучува да бидат дел од ЕМДК II во рок од 2 години. Приклучувањето кон ЕМДК II е доброволно. До сега Шведска одлучи да не учествува во ЕМДК II. Финансиската криза во 2008 го зголеми интересот во Данска и првично во Полска да се приклучат кон еврозоната, а во Исланд да се приклучи кон Европската Унија, што е предуслов за воведување на еврото. Еврото исто така се користи и во земји кои не се членки на ЕУ. Монако, Сан Марино и Ватикан потпишаа формални договори со ЕУ да го користат еврото и нивни монети. Меѓутоа, тие не ги сметаат за дел од Еврозоната од страна на ЕЦБ и немаат свое место во ЕЦБ или Еврогрупата. Андора постигна монетарен договор со ЕУ во јуни 2011 кој ќе ѝ дозволи да го користи еврото како своја официјална валута откако договорот ќе биде ратификуван. Со договорот се планира дека Андора ќе добие право од 1 јули 2013 да користи свои монети, под услов да го имплементира релевантното законодавство на ЕУ. Некои држави (Косово и Црна Гора) официјално го воведоа еврото како нивна единствена валута без договор и поради тоа не бараа права. Овие земји ЕЦБ не ги смета за дел од еврозоната. Сепак, во одредени случаи, терминот еврозона се однесува на сите територии кои го воведоа еврото како нивна единствена валута. ЕЦБ и ЕУ се спротиставуваат на понатамошно унилатерално воведување на еврото (евроизација) и од страна на земјите-членки на ЕУ кои не го користат еврото и од страна на земјите кои не се членки на ЕУ.

Напуштање и исклучување[уреди]

Додека Eврозоната е отворена кон сите земји-членки на ЕУ да се приклучат откако ќе ги исполнат критериумите, во договорите на ЕУ не постои одредба дали може некоја од земјите да ја напушти еврозоната без да ја напушти ЕУ како целина. Исто така нема одредба за тоа дали некоја земја може да биде исфрлена од еврозоната. Сепак некои, вклучувајќи ја холандската влада, се залагаат да се направи таква одредба во случај ако во еврозоната има некоја земја која е премногу задолжена, а одбива да ја почитува политиката на ЕУ за економски реформи. Сепак, придобивките од напуштањето на еврозоната во голема мера ќе зависат од конкретната ситуација. Ако валутата со која ќе се смени еврото се очекува да девалвира, во земјата ќе дојде до големо одливање на пари, додека ако се очекува вредноста на валутата да се зголеми, тогаш ќе има поголем прилив на пари во економијата. Сепак, ако вредноста на валутата брзо се зголемува тогаш тоа може да биде штетно за извозот на земјата. Џејн Клауд Тричет е назначена да го одобри дизајнот и печатењето на евро банкнотите и количината на изработени евро монети. Еврозоната политички ја застапуваат министрите за финансии, заедно познати како Еврогрупа, под водство на сегашниот претседател Џејн Клауд Тричет. Министрите за финансии на земјите-членки на ЕУ кои го користат еврото, се среќаваат ден пред состанокот на Советот за економски и финансиски прашања (Екофин) кој е дел од Советот на Европската Унија. Групата не е официјален совет, но кога Екофин во полн состав гласа за прашања кои се однесуваат само на еврозоната, само на членовите на Еврогрупата им е дозволено да гласаат. Уште од 2008 кога првпат започна финансиската криза, Еврогрупата се сретна нерегуларно, не во состав на министри за финансии туку во состав на шефови на држави и влади (како Европскиот совет). Во овој форум, на Евросамитот, договорија многу од реформате за еврозоната. Поранешниот францускиот претседател Никола Саркози од 2011 настојува овие самити да станат редовни и тоа двапати годишно, со цел тие да станат "права економска влада". На 15 април 2008 во Брисел, Јункер предложи дека подобро е Eврозоната во Меѓународниот монетарен фонд да биде застапена како целина отколку секоја земја посебно. "Апсурдно е тие 18 земји да не се согласат да имаат еден претставник во ММФ. Тоа прави да изгледаме смешно. На меѓународно ниво на нас гледаат како на кловнови". Сепак, финансискиот комесар Хоакин Алмуниа изјави дека пред да почнат со заедничко претставување треба да се договори заеднички политички дневен ред.

Економија[уреди]

Споредбена табела[уреди]

Споредба на еврозоната со други економии,2006г.

Население БДП  % на светско ниво Извоз Увоз

Еврозона 317 милиони 8.4 трилиони € 14.6% 21.7% БДП 20.9% БДП

ЕУ (27) 494 милиони 11.9 трилиони € 21.0% 14.3% БДП 15.0% БДП

САД 300 милиони 11.2 трилиони € 19.7% 10.8% БДП 16.6% БДП

Јапонија 128 милиони 3.5 трилиони € 6.3% 16.8% БДП 15.3% БДП

БДП во Еднаквост на куповна моќ(PPP), извоз/увоз како добра и услуги на вклучувајќи ја размената внатре во ЕУ

Инфлација[уреди]

Усогласен индекс на цените за потрошувачите од ЕЦБ во мај секоја година, изразени во броеви

 1999: 1,0%  2004: 2,5%  2008: 3,7%

 2000: 1.7%  2005: 2.0%  2009: 0.0%

 2001: 3.1%  2006: 2.5%  2010: 1.7%

 2002: 2.0%  2007: 1.9%  2011: 2.7%

 2003: 1.8%

Каматни стапки[уреди]

Каматните стапки во Eврозоната уште од 1999 ги поставува ЕЦБ. Тие се изразени во проценти на годишно ниво. Од јуни 2000 до октомври 2008, главните операции за рефинансирање беа варирачка стапка на тендери, спротивно од фиксните стапки на тендерите. Цифрите прикажани вo табелата од 2000 до 2008 се однесуваат на минималните каматни стапки каде договорните страни може да ги сместат нивните понуди.

Дата/ Депозитно олеснување /Главни операции за рефинансирање/Најниско каматно олеснување


•1 Јануари 1999г. • 2,00 • 3,00 • 4,50

•4 Јануари 1999г. • 2,75 • 3,00 • 3,25

•22 Јануари 1999г. • 2,00 • 3,00 • 4,50

•9 Април 1999г. • 1,50 • 2,50 • 3,50

•5 Ноември 1999г. • 2,00 • 3,00 • 4,00

•4 Февруари 2000г. • 2,25 • 3,25 • 4,25

•17 Март 2000г. • 2,50 • 3,50 • 4,50

•28 Април 2000г. • 2,75 • 3,75 • 4,75

•9 Јуни 2000г. • 3,25 • 4,25 • 5,25

•28 Јуни 2000г. • 3,25 • 4,25 • 5,25

•1 Септември 2000г. • 3,50 • 4,50 • 5,50

•6 Октомври 2000г. • 3,75 • 4,75 • 5,75

•11 Март 2001г. • 3,50 • 4,50 • 5,50

•31 Август 2001г. • 3,25 • 4,25 • 5,25

•18 Септември 2001г. • 2,75 • 3,75 • 4,75

•9 Ноември 2001г. • 2,25 • 3,25 • 4,25

•6 Декември 2002г. • 1,75 • 2,75 • 3,75

•7 Март 2003г. • 1,50 • 2,50 • 3,50

•6 Јуни 2003г. • 1,00 • 2,00 • 3,00

•6 Декември 2005г. • 1,25 • 2,25 • 3,25

•8 Март 2006г. • 1,50 • 2,50 • 3,50

•15 Јуни 2006г. • 1,75 • 2,75 • 3,75

•9 Август 2006г. • 2,00 • 3,00 • 4,00

•11 Октомври 2006г. • 2,25 • 3,25 • 4,25

•13 Декември 2006г. • 2,50 • 3,50 • 4,50

•14 Март 2007г. • 2,75 • 3,75 • 4,75

•13 Јуни 2007г. • 3,00 • 4,00 • 5,00

•9 Јули 2008г. • 3,25 • 4,25 • 5,25

•8 Октомври 2008г. • 2,75 • • 4,75

•9 Октомври 2008г. • 3,25 • • 4,25

•15 Октомври 2008г. • 3,25 • 3,75 • 4,25

•12 Ноември 2008г. • 2,75 • 3,25 • 3,75

•10 Декември 2008г. • 2,00 • 2,50 • 3,00

•21 Јануари 2009г. • 1,00 • 2,00 • 3,00

•11 Март 2009г. • 0,50 • 1,50 • 2,50

•8 Април 2009г. • 0,25 • 1,25 • 2,25

•13 Март 2009г. • 0,25 • 1,00 • 1,75

•13 Април 2011г. • 0,50 • 1,25 • 2,00

•13 Јули 2011г • 0,75 • 1,50 • 2,25

•9 Ноември 2011г. • 0,50 • 1,25 • 2,00

Јавен долг[уреди]

Следната табела го прикажува односот на јавниот долг кон БДП во проценти за ЕУ и други одбрани европски земји. Земјите -членки на Eврозоната се обележани како Eврозона, а земјите кои не се членки на еврозоната се обележани како ЕУ. Доближувањето на критериумот на еврозоната е 60%.

Држава ЦИА 2007 г. ОЕСР(Организација за економска соработка и развој) 2009 г. ММФ 2009г. ЦИА 2009 г. Евростат2010г.

 Австрија  59,10   72,7    67,10   66,40   72,3
 Белгија        84,60   100,4   93,70   101,00  96,8
 Кипар  59,60           56,20   56,20   60,8
 Естонија       3,40                    7,10    6,6
 Еврозона                                       86,0
 Финска 35,90   52,6    44,00   40,30   48,4
 Франција       63,90   87,1    78,10   77,60   81,7
 Германија      64.90   76,5    72,50   77,20   83,2
 Грција 89,50   120,2           113,40  142,8
 Ирска  24,90   72,7    64,00   64,80   96,2
 Италија        104,00  127,7   115,8   115,80  119,0
 Луксембург     6,40    18,0    16,40   14,60   18,4
 Малта                          69,00   68,0
 Холандија      45,50   69,4    58,90   60,90   62,7
 Португалија    63,60   86,3    75,80   76,80   93,0
 Словчка        35,90   39,8    35,70   35,70   41,0
 Словенија      23,60   44,1            31,30   38,0
 Шпанија        36,20   62,4    53,20   53,20   60,1

Фискална политика[уреди]

Примарните сретства за фискална координација во ЕУ лежат во широките упатства за економска политика напишани за секоја земја-членка, но особено се однесуваат на 18 земји кои се моментално членки на еврозоната. Упатствата не се задолжителни, но имаат за цел да ја претставуваат координацијата на политиките на земјите-членки на ЕУ како и да се земат предвид поврзаните структури на нивните економии. За заедничка сигурност и стабилност на валутата, членките на еврозоната мораат да го почитуваат Пактот за стабилност и раст,кој поставува договорени дефицитарни лимити и лимити на националниот долг, но кој исто така предвидува и санкции во случај на прекршување на договорот. Пактот во основа поставува лимит од 3% БДП за годишниот дефицит на сите земји-членки на еврозоната, со казни за секоја земја која ја преминува ова сума. Во 2005 Португалија, Германија и Франција ја преминаа оваа сума, но Советот на министри не гласаше да се казнат овие земји. Подоцна, беа воведени реформи за поголема флексибилност и за да бидат сигурни дека критериумот за дефицит ги зема предвид економските услови на земјата-членка и дополнителните фактори. На 20 март 2008 Организацијата за економска соработка и развој (Organisation for Economic Co-operation and Development) ги потцени нивните економски предвидувања за еврозоната за првата половина на 2008. Во Европа нема место за олеснување на фискалната или монетарната политика, предупреди групата од 30 нации. За еврозоната, ОЕСР(OECD) сега предвидува раст на БДП за само 0,5% во првата четвртина, што нема да се подобри ни во втората четвртина, кога се очекува само 0,4% добивка.

Провизии за финансиска помош[уреди]

Кон крајот на 2000 финансиската криза поттикна бројни реформи во еврозоната. Една од нив беше пресвртот во политиката за финансиска помош во еврозоната кој доведе до создавање на специјален фонд за помош на земјите-членки на еврозоната кои имаат проблеми. Покрај Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во 2010 беа создадени Објектот за европска финансиска стабилност (ОЕФС) и Европскиот механизам за финансиска стабилност (ЕМФС) за да создадат систем и фонд за финансиска помош на земјите-членки. Сепак ОЕФС и ЕМФС беа привремени, мали и без основа во договорите на ЕУ. Затоа, во 2011 се договорија да го основаат Европскиот механизам за стабилност (ЕМС) кој ќе биде многу поголем, ќе го финансираат само членките на еврозоната (не ЕУ како целина како што беше со ОЕФС и ЕМФС ) и ќе биде постојана основа на договорите. Како резултат на тоа, неговото создавање вклучуваше договарање на амандман во ДФЕУ (Договор за функционирањето на ЕУ) член 136 кој ќе му овозможи на ЕМС и на новиот договор за ЕМС детален приказ како ќе работи ЕМС. Ако и двата успешно се ратификуваат според распоредот, ЕМС ќе започне со работа кон средината на 2013 кога ОЕФС и ЕМФС ќе завршат.

Рецензија[уреди]

Голем надзор од ЕУ во областите на политика на оданочување и буџетска политика и намeтнатиот механизам кој оди со тоа, понекогаш се опишани како потенцијално непочитување на суверенитетот на земјите-членки на еврозоната. Сепак, во јуни 2010 конечно беше постигнат целосен договор за контоверзниот предлог, земјите-членки меѓусебно да ги рецензираат буџетите пред нивната презентација во националните парламенти. Иако Германија, Шведска и Обединетото Kралство беа против меѓусебно прикажувањето на целосниот буџет, секоја влада на нивните рецензори и на Комисијата ќе ги презентира нивните проценки за нивото на раст, инфлација, приходи и трошоци шест месеци пред тие да бидат прикажани во националните парламенти. Ако некоја земја оди кон дефицит, таа ќе мора тоа да го оправда на останатите членки на ЕУ, додека пак земјите со долг поголем од 60% од БДП ќе се соочат со уште поголема контрола. Овие планови ќе се спроведат во сите земји-членки на ЕУ,не само на еврозоната, и мора да бидат одобрени од лидерите на ЕУ заедно со предлозите за земјите да се соочат со санкции пред да го достигнат лимитот од 3% според Пактот за стабилност и раст. Полска ја критикуваше идејата за задржување на регионалните финансирања за оние земји кои ќе го надминат дефицитарниот лимит,бидејки тоа ќе влијае само на посиромашните земји. Во јуни 2010 Франција се согласи да го поддржи планот на Германија за укинување на правото на гласање на земјите кои ги прекршуваат правилата. Во март 2011 беше започната нова реформа од Пактот за стабилност и раст со цел да ги зацврсти правилата со усвојување на автоматска процедура за наметнување на санкции во случај на прекршување на правилата за дефицит или долг.