Шенгенски договор
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Договор помеѓу Владите на државите на Бенелукс-економска унија, Сојузна Република Германија и Република Франција, за постепеното укинување на контролата на заедничките граници | |
|---|---|
Потписите на Шенгенскиот договор од 14 јуни 1985 | |
| Потпишан | 14 јуни 1985 (пред 40 години, 7 месеци и 28 дена) |
| Место | Шенген, Луксембург |
| На сила од | 26 март 1995 (пред 30 години, 10 месеци и 16 дена) |
| Изворни потписници | |
| Чувар | Влада на Големото Војводство Луксембург |
Шенгенскиот договор е договор помеѓу европските држави склучен во 1985. и проширен во 1990. кој овозможува напуштање на граничните контроли помеѓу земјите потписнички. Шенгенските одредби се однесуваат на најголемиот дел од европските земји, односно на околу 400 милиони жители и вкупна површина од 4.268.633 км2, кои се нарекуваат Шенген-зона. Одредбите на договорот вклучуваат заедничка политика за влез (вклучувајќи и политика за издавање на единствена Шенген-виза), хармонизација на контролата на надворешните граници, координација преку агенцијата Фронтекс, прекугранична полициска и судска соработка.
Вкупно 29 земји, вклучувајќи 25 членки на ЕУ и уште четири други - Исланд, Норвешка, Лихтенштајн и Швајцарија се потписнички на Шенгенскиот договор.
Договорот го добил името по гратчето Шенген во Луксембург.
|