Сона и Лоара

Координати: 46°40′N 04°42′E / 46.667° СГШ; 4.700° ИГД / 46.667; 4.700
Од Википедија — слободната енциклопедија
Сона и Лоара
Saône-et-Loire
департман
Префектурата во Макон
Префектурата во Макон
Знаме на Сона и ЛоараГрб на Сона и Лоара
Location of Saône-et-Loire in France
Location of Saône-et-Loire in France
ЗемјаФранција
РегионБургундија-Франш Конт
ПрефектураМакон
ПотпрефектуриОтен
Шалон на Сона
Шарол
Луан
Управа
 • Претседател на департманскиот советАндре Акари[1]
Површина
 • Вкупна8.575 км2 (3,311 ми2)
Население (2019)
 • Вкупно551.493
 • Густина64/км2 (170/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Департман бр.71
Окрузи5
Кантони29
Општини565
Карта на департманот

Сона и Лоара (француски: Saône-et-Loire; франкопровансалски: Sona-et-Lêre) — департман во регионот Бургундија-Франш Конт, Франција. Наречен е по реките Сона и Лоара, меѓу кои се наоѓа.

Ова е најнаселениот департман во Регионот со населени од 55.,493 жители во 2019 г.[2] Се наоѓа во нјјужниот дел на регионот, на границата со Оверњ-Рона-Алпи. Префектура (седиште) е Макон, а потпрефектури се Отен, Шалон На Сона, Шарол и Луан.

Историја[уреди | уреди извор]

Департманот е основан за време на Француската револуција на 4 март 1790 г. согласно законот од 1789 г. Бил составен од делови од тогашната покраина јужна Бургундија и покраината Брес, обединувајќи краеви кои немале ништо заедничко во историски, политички или географски поглед. Места од историско значење се Отен, Макон, Шалон на Сона, Шарол и Луан.

Географија[уреди | уреди извор]

Сона и Лоара е седми департман по големина во Франција. Во западниот дел се протегаат ридовите на Отенскиот крај (околу Отен), на југозапад е Шаролскиот, а на југ е Маконскиот крај.

Средината на департманот го сече реката Сона која тече низ широна низина во правец север-југ. Сона е притока на Рона во која се влева кај Лион, и така е поврзана со Средоземното Море. Изворот на Лоара се наоѓа јужно, во департманот Ардеш. Потоа реката тече во спротивна насока, образувајќи ја југозападната граница на департманот, па на крај се влева во Атлантскиот Океан. Централниот Канал ги поврзува Сона и Лоара помеѓу Шалон на Сона и Дигоен, притоа поврзувајќи го Средоземното Море со Атлантскиот Океан. На исток департманот го зазема северниот дел на низината на Брес. На запад се наоѓа индустриското подрачје во Ле Крезо и Монсо ле Мин, некогаш познати по нивните рудници за јаглен и металургијата.

Поголеми населени места[уреди | уреди извор]

Најнаселена општина е Шалон на Сона; префектурата Макон е втора по големина. Во 2019 г. имало 5 општини со повеќе од 10.000 жители:[2]

Општина Население (2019)
Шалон на Сона 45.056
Макон 33.908
Ле Крезо 21.269
Монсо ле Мин 17.678
Отен 12.987

Окрузи[уреди | уреди извор]

Департманот се остои од пет окрузи:

Има 29 кантони и 565 општини.

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Répertoire national des élus: les conseillers départementaux“. data.gouv.fr, Plateforme ouverte des données publiques françaises (француски). 4 мај 2022.
  2. 2,0 2,1 Populations légales 2019: 71 Saône-et-Loire, INSEE

Надворешни врски[уреди | уреди извор]