Горнопровансалски Алпи
Горнопровансалски Алпи Alpes-de-Haute-Provence | ||
---|---|---|
Департман | ||
Местоположба на Горнопровансалските Алпи во Франција | ||
Координати: 44°0′N 6°10′E / 44.000° СГШ; 6.167° ИГД | ||
Земја | Франција | |
Регион | Прованса-Алпи-Азурен Брег | |
Префектура | Дињ ле Бен | |
Потпрефектури | Барселонет Кастелан Форкалкје | |
Управа | ||
• Прет. на Ген. совет | Рене Масет (СП) | |
Површина1 | ||
• Вкупна | 6.925 км2 (2,674 ми2) | |
Население (2007) | ||
• Вкупно | 156.067 | |
• Ранг | 94ти | |
• Густина | 23/км2 (58/ми2) | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Департман бр. | 04 | |
Окрузи | 4 | |
Кантони | 30 | |
Општини | 200 | |
^1 Податоци од Катастарот на Франција. Не се вбројуваат речни устија, езера, бари и ледници поголеми од 1 км2 |
Горнопровансалските Алпи (фр. Alpes-de-Haute-Provence, окс. Aups d'Auta Provença) се департман во јужниот дел на Франција, некогаш дел од областа Прованса.
Историја
[уреди | уреди извор]„Северна Прованса“ бил еден од 83-те департмани утврдени за време на Француската револуција (4 март 1790). Потоа бил преименуван во „Горна Прованса“ и „Долни Алпи“.
Во 1793 е создаден департманот Воклиз од делови на департманите Устие на Рона, Дром и Долни Алпи.
Во 1970 департманот Долни Алпи е преименуван во „Горнопровансалски Алпи“.
Географија
[уреди | уреди извор]Горнопровансалските Алпи се планинска област со врвови над 2.400 m. Климата е мошне сува и пуста, но и покрај тоа овоштарството е важна гранка, благодарение на системите за наводнување.
Департманот се граничи со департманите Горни Алпи, Приморски Алпи, Вар, Воклиз и Дром, како и Република Италија.
Позначајни реки се: Диранс, Вердон, Блеона, Ибе, Вар, Биеш, Жаброн и Ларг.
Окрузи и кантони
[уреди | уреди извор]Горнопровансалски Алпи се поделени на 4 окрузи, 30 кантони и 200 општини. Најважно населено место е административниот центар (префектура) Дињ ле Бен.
Туризам
[уреди | уреди извор]Прекрасните пејзажи на областа нудат разни туристички активности. Единаесет села се сметаат за места со особен архитектонски карактер. Еве некои значајни места:
- Местото Систерон со мошне стара тврдина и тесни сокаци
- Вердонската Клисура („Големиот Кањон“ на Европа)
- Дињ ле Бен - бањски град
- Мустје-Сент-Мари - место познато по грнчарството
- катедралата во Форкалкје
Лете во оконите планини се практикуваат разни воздушни спортови како параглајдерството, летањето со делтаплан, едриличарството и сл. Зиме работат единаесет скијачки центри.
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Кантони во Горнопровансалските Алпи
- Општини во Горнопровансалските Алпи
- Окрузи во Горнопровансалските Алпи
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Горнопровансалски Алпи“ на Ризницата ? |
Енциклопедијата Британика 1911 на Викиизворот има текст поврзан со „Горнопровансалски Алпи“. |
- Горнопровансалски Алпи на Curlie (англиски)
- Страница на Генералниот совет Архивирано на 27 септември 2015 г. (француски)
- Страница на префектурата Архивирано на 22 јуни 2005 г. (англиски)
- Подробни информации за областа (француски)
- Водич низ Горнопровансалските Алпи Архивирано на 27 септември 2011 г. (англиски)
|