Приморски Алпи (департман)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Приморски Алпи
Alpes-Maritimes
департман
Ница и Азурниот Брег
Ница и Азурниот Брег
Знаме на Приморски Алпи
Знаме
Грб на Приморски Алпи
Грб
Местоположба во Франција
Местоположба во Франција
Координати: 43°50′ СГШ 7°10′ ИГД / 
Земја Франција
Регион Прованса-Алпи-Азурен Брег
Префектура Ница
Потпрефектура Грас
Управа
 • Прет. на ген. совет Ерик Сјоти (УМП)
Површина
 • Вкупна 4.299 км2
Население (2006)
 • Вкупно 1.082.465
 • Ранг 18.
 • Густина 250/км2
Часовен појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Департман 06
Окрузи 2
Кантони 52
Општини 163
Знак кој им посакува добредојде на посетителите на Приморските Алпи

Приморски Алпи (француски: Alpes-Maritimes, окситански: Aups Maritims) — департман во регионот Прованса-Алпи-Азурен Брег, во крајниот југоисточен агол на Франција.

Географија[уреди | уреди извор]

Селото Белведер

Приморските Алпи се граничат со департманот Вар на југозапад, Горнопровансалските Алпи на северозапад, Италија и Монако на исток и Средоземното Море на југ.

Топографијата е мошне разновидна. Како што кажува името, во него се протега венецот Приморски Алпи, но подеднакво својствен му е и средоземниот брег. Овие крајбрежни предели се густо населени, со непрекината конурбација од Кан од Ментон. Планинските краишта се рурални, со исклучок на големите скијачки центри Валбер, Орон и Изола 2000.

Административна поделба[уреди | уреди извор]

Карта на двата округа и поголемите населени места на Приморските Алпи.

Приморските Алпи се делат на два округа:

Окрузите имаат 52 кантона со вкупно 163 општини.

Најголемите градови во департманот се слениве:

Историја[уреди | уреди извор]

Подрачјето на департманот за првпат се јавува како целина во 14 г. п.н.е. кога е основан римски воен округ по иницијатива на царот Октавијан Август. Кон средината на I век се претвора во провинцијата Приморски Алпи (Alpes Maritimae) со главен град во Цеменелум (денес населбата Симје во Ница), а потоа во Ембрен. При најголемиот територијален опфат во 297 г., провинцијата се протегала на север сè до Дињ и Бријансон.

Од 1793 до 1814 г. на ова подрачје опстојувал првиот департман Приморски Алпи, но со различни граници од денешните. Во 1793 г. во него спаѓале Монако (Порт Еркил) и Санремо (Сан Рем), но не и Грас, кој тогаш бил дел од департманот Вар.

Во 1812 г. департманот броел 131.266, жители и зафаќал површина од 322.674 хектари.[1]

Во 1860 г. допаѓа до проширување на Приморските Алпи со припојување на тогашната грофовија Ница кон Франција. Кон департманот се придодадени независните градови Ментон и Рокебрин, како и округот Грас, отстапен од Вар.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Стопанството на Приморските Алпи во голема мера се заснова на услужните дејности. Високо се развиени и истражувачката и вишите дејности. Земјоделството и индустријата играат мошне мала улога. Од поголемо значење се градежништвото и другите јавни дејности. Стопанството е многу чувствително на промени на состојбите во државата и на меѓународен план. Невработеноста изнесува 9,1%.

Според INSEE, во 2005 г. Приморските Алпи имале БДП по глава на жител од 27.723 евра.[2] Вкупниот БДП изнесувал 29,6 милијарди евра.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • The Heritage of the Communes of Alpes-Maritimes in two volumes, Flohic Éditions, collective work, volume I, Cantons of Antibes to Levens, January 2000, Paris, 504 pages, ISBN 2-84234-071-X, Jean-Luc Flohic
  • The Heritage of the Communes of Alpes-Maritimes in two volumes, Flohic Éditions, collective work, volume II, Cantons of Menton to Villefranche-sur-Mer, January 2000, Paris, 574 pages, ISBN 2-84234-071-X, Jean-Luc Flohic, p. 505 to 1079
  • Rural Architecture of Alpes-Maritimes, Édisud, Philippe de Beauchamp, 1992, Aix-en-Provence, 140 pages, ISBN 2-85744-612-8, Photographer Loîc-Jahan
  • Religious Art in Alpes-Maritimes, Édisud, Philippe de Beauchamp, 4th Quarter 1993, Aix-en-Provence, 144 pages, ISBN 2-85744-485-0, Photographer Loîc-Jahan

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Almanach Impérial an bissextil MDCCCXII — „Галика“, стр. 368, посет. 24 јули 2013 г (француски)
  2. 2,0 2,1 Необработени податоци за БДП при тековните цениINSEE (француски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]