Еро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Еро
Hérault
департман
Управата на Еро во Монпелје
Управата на Еро во Монпелје
Грб на Еро
Грб
Местоположба на Еро во Франција
Местоположба на Еро во Франција
ДржаваФранција
РегионОкситанија
ПрефектураМонпелје
ПотпрефектуриБезје
Лодев
Управа
 • Претс. на советотАндре Везине (СП)
Површина1
 • Вкупна6.101 км2 (2,356 ми2)
Население (2013)
 • Вкупно1.092.331
 • Ранг20.
 • Густина180/км2 (460/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (DST)CEST (UTC+2)
Деп. бр.34
Окрузи3
Кантони25
Општини343
^1 Податоци од Катастарот на Франција, каде не се вброени устијата, езерата, барите и ледниците поголеми од 1 км2

Еро (француски: Hérault, окситански: Erau) — департман во регионот Окситанија, јужна Франција. наречен е по реката Еро која тече низ него. Седиште на департманот е градот Монпелје.

Историја[уреди | уреди извор]

Ова е еден од изворните 83 департмани создадени со Француската револуција на 4 март 1790 г. Издвоен е како дел од дотогашната покраина Лангдок.

На почетокот на XX век, лозарството во департманот настрадало од мала побарувачка и распространети лозови заболувања. На бунт се кренале илјадници малостопанственици, но биле сурово задушени од власта на Жорж Клемансо.

Во 1956 г. маслинарството настрадало од катастрофални мразови и предизвикале штета која се поправила дури во 1980-тите. Поради ова дошло до затворање на многу маслинарски кооперативи.

Во втората половина на XX век, низината на Монпелје доживеала огромен подем на населението.

Географија[уреди | уреди извор]

Еро му припаѓа на регионот Окситанија и е обиколен со департманите Од, Тарн, Аверон, Гар и Средоземното Море (Лиоснкиот Залив) на југ. Се одликува со голема географска разновидност: на југот има плажи, на северот е планинскиот венец Севени, а помеѓу нив се протегаат земјоделските предели.

Поважни реки се Орб, Еро и Видурл.

Градот Лодев е географски антипод на Четемскиот Остров источно од Нов Зеланд.

Клима[уреди | уреди извор]

Христос во ранохристијанска камена резба на саркофаг од Еро. VI век.

Просечната дневна температура во Еро изнесува 25-30 °C во јули и август, а 8-10 °C во декември и јануари.

Култура[уреди | уреди извор]

Во Монпелје се одржуваат следниве манифестации:

  • Детски фестивал (Saperlipopette, voilà Enfantillages!)
  • „Пролет на комичарите“ (Printemps des Comédiens)
  • Фестивал на средоземниот филм (Festival du Cinéma Méditerranéen)
  • „Комедија на книгата“ (Comédie du Livre)
  • Фестивал на Радио Франција Монпелје (Festival Radio-France Montpellier)
  • Танцов фестивал (Festival Montpellier Danse)
  • „Го сакам техното Европа“ (I Love Techno Europe)

Јужниот Канал (Канал ди Миди) е прогласен за светско наследство на УНЕСКО.

Туризам[уреди | уреди извор]

Најголема улога во туризмот на Еро играат плажите, но популарни се и пештерите Кламус и Демоазел.

Поранешниот кралски град Пезенас е едно од најстарите заштитени градски подрачја во земјата со преку 30 забележителни зданија, камени скалила, дворови и украсени фасади — сето на површина од само 17 ха.

Кап Дагд во Агд има големо нудистичко одморалиште.

Популарни се крстарењето по Јужниот Канал, како и возењето велосипедии пешачењето по кејот.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]