Лионски Залив

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лионски Зал. is located in Франција
Лионски Зал.
Местоположба на Лионскиот Залив

Лионски Залив (француски: golfe du Lion, шпански: golfo de León, италијански: Golfo del Leone, окситански: golf del/dau Leon, каталонски: golf del Lleó, средновековен латински: sinus Leonis, mare Leonis, класичен латински: sinus Gallicus) — широк залив на средоземниот брег на областите Лангдок-Русијон и Прованса во Франција, од границата со Каталонија на запад до Тулон.

Главно пристаниште во заливот е Марсеј, а важен е и Тулон. Значајна стопанска дејност во него е уловот на ослич (Merluccius merluccius) со влечење мрежи, иако неговата бројност е намалена поради прекумерно ловење.

Во Лиоснкиот Залив се влеваат реките Тек, Тет, Од, Орб, Еро, Видурл и Рона.

Овде континенталниот гребен има отворен облик на широка крајбрежна рамница, морскиот терен нагло паѓа во абисалната рамнина на Средоземјето. Голем дел од брегот е сочинет од лагуни и солени мочуришта.

На подрачјето владеат студените гласни ветришта наречени мистрал и трамонтана.

Потекло на името[уреди | уреди извор]

Денешното име на заливот првпат се среќава во XIII век како латински sinus Leonis, mare Leonis, т.е. „Лавовски Залив“, веројатно поради ненадејната бурност на ветриштата во него која ги напаѓала пловилата „како лав[1]. Ова потекло е наведено во бројни извори, како што е речникот на топоними на Дерој и Милон,[2] Мистраловиот речник на окситанскиот јазик,[3] славната Енциклопедија на Дидро и Даламбер[4] како и неколку списи од XIII век.[5][6]

Овие извори ја отфрлаат претпоставката дека името има врска со градот Лион, бидејќи тој е многу оддалечен.

Во Roman антиката, заливот го носел класичното латинско sinus Gallicus („Галски Залив“).

Геодинамника[уреди | уреди извор]

Лионскиот Залив не е просто пасивен континентален раб; настанат е со олигоценско-миоценски налево вртење на Корзиканско-Сардинскиот Блок во однос на европскиот Кратон. Ова проширување заживеало мошне сложен тектонски состав наследен од развојот на Тетида и пиринејската орогенеза. Еоценскиот горообразен настан со кој произлегле Пиринеите ја набила и здебелила сета кора. Геолозите предвидуваат дека под рабовите на заливот кон отвореното море ќе лежи големо количество нафта.

Морска екологија[уреди | уреди извор]

Заливот се одликува со биоразновидност врзана со гребенообразниот окат корал (Lophelia pertusa).[7]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Louis Michel, 1964, La langue des pêcheurs du golfe du Lion, Paris: D'Artrey
  2. Louis Deroy, & Marianne Mulon, 1994, Dictionnaire des noms de lieux, Paris: Le Robert
  3. Frederic Mistral, 1878-1886 (1979), Lou Tresor dóu Felibrige ou dictionnaire provençal-français, Aix-en-Provence: Edisud.
  4. Encyclopédie ou dictionnaire raisonné des sciences, des arts et des métiers Архивирано 2011-06-08 во Wayback Machine.
  5. Supplément à l'Encyclopédie, Sinus Gallicus
  6. Mémoires pour l'histoire naturelle de la province de Languedoc
  7. C. Michael Hogan. 2011. Alboran Sea. eds. P. Saundry & C. J. Cleveland. Encyclopedia of Earth. National Council for Science and the Environment. Washington DC

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 42°59′47″N 4°00′01″E / 42.99639° СГШ; 4.00028° ИГД / 42.99639; 4.00028