Лангдок-Русијон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лангдок-Русијон
Знаме на Лангдок-Русијон
Земја Франција
ПрефектураМонпелје
Департмани
Управа
 • ПретседателРоберт Наваро (DVG)
Површина
 • Вкупна27.376 км2 (10,570 ми2)
Население (2007-01-01)
 • Вкупно2.565.000
 • Густина94/км2 (240/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
БДП (2006)[1]Грешка во Lua: во земјата
Вкупно&1000000000000005700000057 млј 
По жител&1000000000002250000000022,500 
NUTSFR8
Мреж. местоlaregion.fr

Лангдок-Русијон (француски: Languedoc-Roussillon; окситански: Lengadòc-Rosselhon; каталонски: Llenguadoc-Rosselló) е еден од 27-те региони во Франција. Се состои од пет департмани, и од едната страна се граничи со француските области Прованса-Алпи-Азурен Брег, Рона-Алпи, Оверњ, Југ-Пиринеи, а од другата страна со Шпанија, Андора и Средоземното Море.

Географија[уреди | уреди извор]

Пејзаж во Лозер, Лангдок-Русијон

Регионот е составен од следниве историски покраини:

Историја[уреди | уреди извор]

Замокот Пејрепертиз во Од кој датира од XI век

Во минатото, во регионот живееле Келти[2],[3]. Кон крајот на III век п.н.е. келтскиот народ Волки, се населил во регионот од Рона до Гарона, од Севените до Пиринеите. Нивни престолнини биле градовите Тулуза и Ним. Од I век п.н.е. тие станале сојузници на Римјаните.

На почетокот на V век, прво Вандалите ја нападнале покраината, а потоа тука се населиле Визиготите. Регионот останал под визиготска власт исто како и Шпанија сè до нивниот пораз од страна на Маврите во 719 година. Регионот бил освоен од Карло Велики и бил вклучен како дел од кралството на Аквитанија создадено во 778 година. По смртта на Карло Велики, оваа широка област на целиот југ на Рона сè до Атлантикот му паднала во наследство на неговиот син Луј Побожниот во 781 година. Раководењето со земјата им била доверена на грофовите од Тулуза. Во текот на феудалниот период се случила една голема политичка фрагментација. Имено, грофовиите на Русијон и на Серданија потпаднале под кралството Арагон, додека Долен-Лангдок преминал под властa на династијата Тренкавел и нивните соперници, грофовите на Тулуза.

Ремон IV наречен Ремон од Сен-Жил (1042-1115) со брак ја достигнал својата цел за обединување на помалите господарства, зголемувајќи ја својата држава со тоа што ги презел под своја власт грофовствата на Руерг, Ним, Нарбона, Жеводан, Агд, Безје и на Изес. Борбата против катарството и катарската крстоносна војна[4] довела до згаснување на династијата на грофовите на Тулуза. Покраината била соединета со кралството на Франција во 1271 година. Оттогаш е создаден кралскиот Лангдок кој постоел сè до Француската револуција. Со договорот од Корбеј во 1258 година регионот бил поделен. Планинскиот масив на Корбјерите образувало граница меѓу кралството на Франција и кралството Арагон.

Во 1659 година, со Пиринејскиот договор грофовијата Русијон и северниот дел на Серданија биле припоени кон кралството Франција.

Политика[уреди | уреди извор]

Поранешното знаме на Лангдок-Русијон (пред 2004).

На регионалните избори во март 2004 година, градоначалникот на Монпелје Жорж Фреш, припадник на социјалистите победил на изборите, а потоа по негова иницијатива, знамето на регионот со крстот на Лангдок како и знамето на Русијон („Сенјерата“), било заменето со ново на кое не стоеле симболите на поранешните покраини. Задржани биле само боите (црвена и жолта), кои биле воедно и бои на Лангдок и на сите територии од поранешната Арагонска круна. Жорж Фреш исто имал намера да го смени и името на регионот, за да го избегне дуалитетот (Лангдок наспроти Русијон) и да го зајакне единството, односно целината. Тој сакал регионот да се нарече („Септиманија“).

Септиманија било името со кое Римјаните при крајот на Римското Царство ја именувале областа која приближно одговарала на денешниот регион Лангдок-Русијон (без Жеводан), и било користено во раниот среден век. Регионалниот совет дури и почнал и нашироко да го користи ова име. Сепак, градоначалникот уште веднаш се судрил со широка опозиција во однос на ова прашање, особено меѓу Каталонците во Источни Пиринеи кои ценеле дека името „Септиманија“ може да му наштети на каталонскиот идентитет, а воедно да наштети и на двојниот културен идентитет присутен во Лангдок-Русијон. Згора на тоа, старата Септиманија не се поклопувала точно со актуелните граници на Лангдок-Русијон, особено со фактот дека во неа не бил вклучен Жеводан кој пак е сегашниот департман Лозер. Оваа опозиција, заедно со нивните 45.000 собрани потписи на Каталонците како и јавниот протест на кои присуствувале околу 8.000 демонстранти во Перпињан, на 8 октомври 2005, го натерале Жорж Фреш да се откаже од промена на името на регионот.

Од друга страна, каталонските националисти во Русијон би сакале департманот Источни Пиринеи да се отцепи од Лангдок-Русијон и да стане свој независен регион кој би се нарекувал Северна Каталонија („Catalunya Nord“), како дел од каталонските земји (Països Catalans). Оваа идеја нема народна поддршка.

Административна поделба[уреди | уреди извор]

Ним

Регионот Лангдок-Русијон е составен од 5 департмана:

Главен град на регионот е Монпелје, кој воедно е главен град и на департманот Еро.

Најгусто населена општина е Монпелје во департманот Еро со (252.998 жители), а најмалку населена е Конет-сир-Локе во департманот Од (брои само 5 жители). Најголема по површина е општината Нарбон во Од (17.296 хектари) а најмала е Мон-Луј во Источни Пиринеи (39 хектари).

Лого[уреди | уреди извор]

Логото на Регионалниот совет, од 2005 година до денес, претставува седум сонца обединети во едно. Тие го симболизираат движењето, иднината и светлината. Мотивот на 7-те сонца на логото е на црвена основа заедно со натписот „Регион Лангдок-Русијон"[5].

Култура[уреди | уреди извор]

Каркасон

Јазик[уреди | уреди извор]

Пред XX век, во Лангдок се зборувало на окситански јазик, додека пак во Русијон се зборувало на каталонски. И двата јазика постепено биле заменети со францускиот. Последните години се прават напори да се оживеат и двата јазика преку разни проекти и иницијативи како што е Ла Бресола.

Книжевност[уреди | уреди извор]

Окситанската книжевност — наречена воедно и Провансалска книжевност — е збир текстови напишани на окситански јазик во област која денес е Јужна Франција. Оваа книжевност е позната по својата поезија од XI и XII век – поезија на трубадурите – која била инспирација за поетската литература низ цела средновековна Европа.

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Пон ди Гар

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „GDP per inhabitant in 2006 ranged from 25% of the EU27 average in Nord-Est in Romania to 336% in Inner London“ (PDF). Eurostat.
  2. Dominique Garcia, La Celtique méditerranéenne. Habitats et sociétés en Languedoc et en Provence. VIIIe-IIe siècles av. J.-C., éditions Errance, Paris, 2004, ISBN 978-2-87772-286-5
  3. Dominique Garcia, Les Celtes de Gaule méditerranéenne, définition et caractérisation, éditions Bibracte, 2006,[1]
  4. Au cœur du catharisme
  5. „Logotype sur le site de la Région“. Архивирано од изворникот на 2009-09-12. Посетено на 2011-10-18.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 43°40′N 3°10′E / 43.667° СГШ; 3.167° ИГД / 43.667; 3.167