Маври

Од Википедија — слободната енциклопедија
Маварски амбасадор кај кралицата Елизабете I

Маври (еднина: Мавар), Мавари или Маури, е име за исламизрани жители на северозападна Африка, повеќето номадски сточари. Од нив потекнува името на државата Мавританија, чии северни делови ги населуваат. Се делат на неколку племиња: Трарза, Бракна, Адрар, Абакак и др.

Антички Маври[уреди | уреди извор]

Во античкото време, Маври било име на еден од берберските племиња кои ги населувале подрачјата на денешен Мароко и Алжир. Според нив го добила името римската провинција Мавретанија.

Во средниот век, со името „Маври“ или „Мори“ се означувал народ кој настанал со мешање на античките Маври со Картагинци, Римјани, Вандали и Арапи. Во времето на арапските освојувања, кон крајот на 7 век, бргу преминуваат во ислам. Повеќето од тој стар народ во текот на следните векови биле апсорбирани во арапска нација.

Маври на Пиринејскиот Полуостров[уреди | уреди извор]

Кон почетокот на 8 век Маврите преоѓаат на Пиринејскиот Полуостров и им ја рушат државата на Визиготите. Го освојуваат речици целиот полуостров и основаат висока култура која опстојува во текот на следните осум векови.

Христијаните сите исламски доселеници ги нарекуваат мориски.

По успехот на христијанската Реконкиста, која се завршува со освојувањето на Гранада во 1492 година, повеќето мориски се протерани во северна Африка. Останатите под притисок го прифаќаат христијанството, но потајно честопати ја задржуваат својата вера и обичаи. Поради тоа се изложени на бес од страна на народот и прогон од шпанската инквизиција.

За нив, како и за покрстените Евреи, се применувало погрдното име Марани (можеби според шпанското маранос: гадови, свињи).

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Предлошка:Други проекти