Прејди на содржината

Западна Африка

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Северозападна Африка)
Западна Африка

Западна Африка е регион во Африка кој ја зафаќа територијата меѓу приморјето на Гвинејскиот Залив и јужните делови на пустината Сахара и од Камерунските Планини на исток до Атлантскиот Океан на запад.[1] Релјефот во Западна Африка е претежно низински, со незначителни територии под висорамнини и планини.[1] Климата во Западна Африка е екваторска и тропска, со големи количества врнежи.[1] Најпознати реки се Нигер, Волта, Сенегал, Гамбија и други.[1]

Овој регион се нарекува уште и Гвинејска Африка; името го добил поради тоа што излегува на Гвинејскиот залив.

На територијата на Западна Африка се наоѓаат следниве држави: Бенин, Брегот на Слоновата Коска, Буркина Фасо, Гамбија, Гвинеја, Гвинеја-Бисао, Гана, Зелен ’Рт, Либерија, Мали, Нигер, Нигерија, Сенегал, Сиера Леоне и Того.[2]

ДржаваГлавен градПовршина(км2)Население (ООН, 2009)
Бенин БенинПорто Ново112 6228 935 000
Брег на Слоновата Коска Брегот на Слоновата КоскаЈамусукро322 46021 075 000
Буркина Фасо Буркина ФасоУагадугу274 00015 757 000
Гамбија ГамбијаБанџул10 3801 705 000
Гана ГанаАкра238 53423 837 000
Гвинеја ГвинејаКонакри245 85710 069 000
Гвинеја-Бисао Гвинеја-БисаоБисао36 1251 611 000
Зелен ’Рт Зелен ’РтПраја4 033506 000
Либан ЛиберијаМонровија111 3693 477 000
Мали МалиБамако1 240 19214 517 000
Нигер НигерНијамеј1 267 00015 290 000
Нигерија НигеријаАбуџа923 768154 729 000
Сенегал СенегалДакар196 72312 534 000
Сиера Леоне Сиера ЛеонеФритаун71 7405 696 000
Того ТогоЛоме163 6106 619 000

Население и стопанство

[уреди | уреди извор]

Се забележува дека Западна Африка зафаќа помалку од една петтина од површината на Африка, или 5,2 милиони км2, но на неа живее една третина од населението во Африка односно околу 287 милиони жители. Со најмногу население се одликува Нигерија. Населението претежно се занимава со земјоделство и со сточарство. Најзастапени земјоделски култури се кафе, какао, пченка, банани, кикирики, маслодајни палми, шеќерна трска и др. Во сточарството најмногу се одгледуваат говеда, кози и овци.[1]

Земјите од Западна Африка поседуваат и разни рудни богатства: железо, бакар, злато, алуминиум, олово, цинк, нафта и дијаманти.[1] Индустријата е во постојан развој.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1 2 3 4 5 6 Благоја Маркоски, Географија за 8 одд., стр. 36.
  2. „millenniumindicators“. Архивирано од изворникот на 13. 07. 2011. Посетено на 08. 04. 2014. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |archive-date= (help)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

Библиографија

[уреди | уреди извор]

Благоја Маркоски, Географија за 8 одделение за осумгодишното основно образование, Министерство за образование и наука на Република Македонија. 978-608-4575-86-3