Гранада

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Гранада
Општина
400px
Знаме на Гранада
Знаме
Грб на Гранада
Грб
Country  Шпанија
Autonomous Community  Андалузија
Province Гранада
Comarca Вега де Гранда
Површина
 • Вкупна 88,02 км2
Надм. вис. (AMSL) 738 м
Население (Jan. 2014)
 • Вкупно 237.540
 • Густина 26.987.048.398.091/км2
Демоним granadino (m), granadina (f)
iliberitano (m), iliberitana (f) granadí, garnatí
Часовен појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Postal codes 18001–18019
Повик. бр. +34 (Шпанија) + (Гранада)
Мреж. место Матична страница

Гранада (шп. Granada) е главен град на покраината Гранада во автономната Андалузија во јужна Шпанија. Исто така се подразбира дека е некогашна маварско кралство, Таифе Гранада.

Знамето на Гранада се состои од две еднакви вертикални пруги. Оној дел од знаемето кој е прикачен за јарболот, црвена боја е, додека другиот дел е зелен. Во самиот центар се наоѓа грбот.

Внатрешноста на службениот грб на Гранада се состои од три дела. На горната половина на внатрешниот грб прикажани се Католички кралеви до двоите круни, Фернандо и Изабела, како во царска облека седат на својот престол. Кралот Фернандо држи меч во својата десна рака, додека кралицата Изабела држи жезло. Долниот дел е поделен на два блока- на левиот е прикажана Кулата Бдења (Torre de la Vela), од која се виори црвено-жолтото шпанско знаме, а на десниот може да се види отворен плод на нара во своите природни бои. Цел внатрешен дел е опкружен со четири дворци, шест лавови свртени навнатре и со две тврдини на кои што се виорат знамињата на Шпанија. Околу нив е обвиена тесна трака, додека на грбот се наоѓа сјајна златна круна.

Географија[уреди | уреди извор]

Гранада се наоѓа во Шпанија на југ и главен град е на истоимената покраина. Во неа живеат околу 265.000 жители. Лежи недалеку од Сијера Невада помеѓу две брда, во долините на реките Даро (шп. Darro), Хенил (шп. Genil) и Биро (шп. Beiro) на висина од 670 метри. Реката Даро тече низ центарот на градот и на тој начин ја прави границата меѓу брдата Сакромонте (шп. Sacrtomonte) и Албаисин (шп. Albaycin).

Во покраината Гранада се наоѓаат некои од највисоките врвови во Европа како што се Муласен (шп. Mulhacen) (3,481 m), Велета (шп. Veleta) (3,470 m) и Алкасаба (шп. Alcazaba) (3,314 m). Овие врвови преку целата година се покриени со снег.

Оддалеченоста на Гранада до другите Шпански градови:

Аеродромот Гранада се наоѓа на 15 km од Гранада, на патот за накај Малага.

Клима[уреди | уреди извор]

Сиера Невада под снег

Климата во Гранада е пријатна и сува. Воздухот е чист и здрав, а небото е најчесто ведро. Снегот, маглата и силните ветрови се многу ретки во овој град.

Сепак, Гранада како покраина има многу различна клима и пејсаж. Од алпската вегетација на Сијера Невада до тропската обала Мотрил (шп. Motril), каде просечната зимска температура е околу 15 °C, додека во некои села во Сијера Невада се спушта дури до минус 10 °C.

Просечната годишна температура во Гранада е 14 °C, просечната највисока 40 °C, а просечната најниска 4 °C. Најврнежливи месеци се ноември, март и април. Најпријатни температури се преку пролет и есен, па со само тоа ова годишно време е најповолно за посета на овој град.

Климатски податоци за Granada (Granada Base Aérea, altitude 687 м, 2,254 ст)
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Највисока забележана °C (°F) 23.4
(74)
27.6
(82)
29.1
(84)
31.9
(89)
38.6
(101)
40.2
(104)
43.5
(110)
42.0
(108)
40.6
(105)
35.2
(95)
27.6
(82)
24.8
(77)
43.5
(110)
Прос. висока °C (°F) 12.6
(55)
14.6
(58)
18.0
(64)
19.5
(67)
24.0
(75)
30.2
(86)
34.2
(94)
33.5
(92)
28.7
(84)
22.6
(73)
16.5
(62)
13.1
(56)
22.3
(72)
Сред. дневна °C (°F) 6.9
(44)
8.5
(47)
11.4
(53)
13.1
(56)
17.1
(63)
22.5
(73)
26.0
(79)
25.5
(78)
21.6
(71)
16.3
(61)
10.9
(52)
7.9
(46)
15.7
(60)
Прос. ниска °C (°F) 1.2
(34)
2.4
(36)
4.8
(41)
6.8
(44)
10.2
(50)
14.7
(58)
17.7
(64)
17.6
(64)
14.4
(58)
10.1
(50)
5.3
(42)
2.7
(37)
9.0
(48)
Најниска забележана °C (°F) −12.6
(9)
−13.4
(8)
−6.4
(20)
−1.9
(29)
0.6
(33)
5.6
(42)
9.0
(48)
8.2
(47)
1.2
(34)
−0.5
(31)
−4.5
(24)
−8.6
(17)
−13.4
(8)
Прос. врнежи мм (ин) 41
(1.61)
33
(1.3)
35
(1.38)
37
(1.46)
30
(1.18)
11
(0.43)
2
(0.08)
3
(0.12)
23
(0.91)
38
(1.5)
50
(1.97)
50
(1.97)
353
(13.91)
Прос. бр. врнежливи денови 5.8 5.6 5.1 6.3 4.7 1.7 0.3 0.6 2.7 5.1 6.7 7.2 51.8
Прос. бр. снежни денови 0.7 0.5 0.2 0.1 0 0 0 0 0 0 0.1 0.3 2
Прос. релативна влажност (%) 72 68 60 57 51 43 37 41 51 62 71 75 57
Сред. бр. сончеви часови месечно 170 172 219 234 280 331 362 330 254 211 164 148 2.881
Извор: Agencia Estatal de Meteorología[1][2]

</ref>[3]

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Музеи[уреди | уреди извор]

Гранада има голем број музеи од различни типови и квалитети, каде се покажуваат колекции на големи уметнички интереси, етнолошки и културни. Такви музеи се: Археолошкиот и етнографскиот музеј (шп. Еl Museo Arqueológico y Etnográfico), Музејот на ликовните уметности (шп. el Museo de Bellas Artes), Центарот Хосе Гереро (шп. el Centro José Guerrero), Музејот на меморијата во Андалузија (шп. el Museo Memoria de Andalucía) или Куќата-музеј на Федерика Гарсија Лорка (шп. la Casa-Museo de Federico García Lorca) и тие се некои од најдобрите културни впечатоци.

Археолошкиот и етнографскиот музеј во Гранада[уреди | уреди извор]

Археолошкиот и Етнографскиот музеј во Гранада (шп. Еl Museo Arqueológico y Etnográfico de Granada) е изграден во 1867 година, но до 1879 година се смета само за Габинете де Антигуедадес (шп. Gabinete de Antigüedades) од Комисијата за знаменитости во Гранада (шп. Comisión de Monumentos de Granada), која ја створила својата прва колекција со фондот Комисија за знаменитости, со две секции: археолошки и уметнички уметности. Во 1917 година ја купил Куќата Кастрил (шп. Casa de Castril) за да го преместат музејот на тоа место. Куќата Кастрил (шп. Casa de Castril) е сметана како едно од најдобрите ренесански палати во Гранада. Таа била на одговарачкиот начинпроменета за да може музејот да се смести во нејзините простории. Покрај Куќата Кастрил (шп. Casa de Castril) откриена е куќата на сликарот Рафаел Латоре (шп. Rafael Latorre) која била купена во 1962 година како продолжеток на музејот. Во 1980 година замислена е нова сала, Етнолошки одделок, кој никогаш се нема отворено.

Научниот парк во Гранада[уреди | уреди извор]

Научниот Парк во Гранада

Научниот Парк во Гранада (шп. Parque de las Ciencias de Granadа) е прв интерактивен музеј на науки во Андалузија и еден од извондредните во Шпанија.[4] Од своето отварање, во мај 1995 година прераснал во три фази до изградбата на повеќе од 26 000 метри квадратни кои ја сочинуваат неговата површина. Во ноември 2008 година отворена е четвртината од фазите за продолжеток која го дуплирала површинскиот центар и исто така и неговата содржина. Научниот Парк се наоѓа во централната зона во Гранада и станал еден од основните туристички атракции, посебно за учениците од сите училишта од Андалузија. Паркот е направен од значајниот број на изложби кои биле постојани и привремени.

Музејот на меморијата во Андалузија[уреди | уреди извор]

Музејот на меморијата во Андалузија (шп. El Museo de la Memoria de Andalucía) се наоѓа пред паркот на Науките, во архитектонскиот простор на авангардата, проектиран од страна на архитектот Алберт Кампа Баеза (шп. Alberto Campo Baeza). Има колекција која ја покажува уметничката меморија на Андалузија, како една регија поврзана со светот, уште од патниците и уметниците романтичари, низ Пикасо и Барк, Хосе Герера (шп. José Guerrero), Луис Буржоа (франц. Louise Joséphine Bourgeois), Луис Гордиља (шп. Luis Gordillo) и многу други.

Ботаничката Градина на Универзитетот во Гранада[уреди | уреди извор]

Ботаничката Градина на Универзитетот во Гранада

Универзитетот во Гранада има ботаничка градина која се наоѓа на Правниот Факултет. Изградена е во 1786 година и после неколку етапи на напуштање обновена е при крајот на 20 век, ја обновила својата стара скица и стекнала функција на доцент која со време ја изгубила. Моментално брои околу 70 дрвја од различни врсти измеѓу кои посебно се истакнува гинко.

Музејот на Ликовните Уметности во Гранада[уреди | уреди извор]

Палатата Карла V, Музејот на Ликовните Уметности во Гранада

Музејот на Ликовните Уметности во Гранада (шп. El Museo de Bellas Artes de Granada) сместен е во Палатата Карла V, во ренесансна зграда поврзана со Алхамбра. За потеклото на овој музеј заслужна е конфискацијата на Мендисабала, кој претставил ширење на бројни уметнички дела кои припаѓале на религиозните редови кои биле земени на ова место.

После поминувањето низ разни места, во 1923 година се сместил во Куќата Кастрил (шп. Casa de Castril) каде делел простор со Археолошкиот музеј и со Кралевската Академија на Ликовните Уметности. Во 19 век му се прикажала прилика да си го врати своето средиште како музеј во Палатата Карла V. Процесот траел долго: на шести октомври 1958 година, конечно се отворил музејот на Ликовните Уметности во Гранада на својата нова локација, на првиот спрат во Палатата Карла V, каде се наоѓа и ден денес. Музејот во скоро време бил обновен, и отворен пак во јануари 2008 година. Со нив моментално управува Министерството за култура (шп. Consejería de Cultura), Хунта де Андалузија (шп. Junta de Andalucía).

Колекцијата на музејот го сочинуваат воглавно слики и скулптури, од 15 до 20 век. Широките и богати позадини доаѓаат од верските установи од 19 век. Подоцна им пружиле и дела донесени од музејот Прадо. Меѓу најстарите делови, се издигнува и една реплика на скулптурата Света Марија (шп. Santa María) од Алхамбра, која води до Вратата на Правдата (шп. Puerta de la Justicia) во Алхамбра, и од сликата се истакнува Бодегон дел кардо (шп. Bodegón del cardo) од Хуан Санчес Котан (шп. Juan Sánchez Cotán).

Музејот Алхамбра[уреди | уреди извор]

Музејот Алхамбра

Музејот Алхамбра (шп. El Museo de la Alhambra), исто така се вика и Народен Музеј на Хиспаномуслиманските Уметности (шп. Museo Nacional de Arte Hispanomusulmán) кој се наоѓа во јужното крило во приземјето на Палатата Карла V во Алхамбра. Постои од 1780 година под името музеј Алхамбра. Од 1962 година се викал Народен Музеј на Хиспаномуслиманските Уметности и во 1994 година повторно го сменил своето име и бил Одбор на Алхамбра и Генералифе (шп. Patronato de la Alhambra y Generalife), од тогаш кога се преместил, се организирал спрема нови барања на музејот. Содржи парчиња од хиспаномуслиманската уметност од половината на осмиот век до последнатагодина на маварската култура. Се сосотои од седум сали каде се наоѓаат објекти кои се поделени по тематски и хронолошки облици.

Другите музеи[уреди | уреди извор]

Во градот исто така можете да посетите и други музеи како што се: Музејот Гарсија Лорке (шп. Museo García Lorca); Музејот куќа на Мануел де Фаље (шп. Casa Museo Manuel de Falla); Музејот куќа на Писа (шп. Museo Casa de los Pisa); Музејот Родригез-Акоста (шп. Museo Rodríguez-Acosta); Центар за толкување Сакромонте (шп. Centro de Interpretación Sacromonte); Центарот Хосе Гереро (шп. Centro José Guerrero) и Палатата на Грофот Габиа (шп. Palacio de los Condes de Gabia), која за цел има да ја промовира модерната или современата уметност.

Музика и театар[уреди | уреди извор]

Мануел де Фаља

Гранада е блиску поврзана со музиката, како класичната, така и народната. Домородската музичка форма е Замбра (шп. La Zambra, La Zambra mora), врста на фламенго, ја развиле Ромите (шп. Los Gitanos) во пештерите на Сакромонте (шп. Sacromonte). Мануел де Фаља (шп. Manuel de Falla), шпански композитор, ги напишал повеќето од своите дела во Гранада, помеѓу останатото и операта “Краток живот” (шп. La vida breve), чија работилница е сместена во овој град во почетокот на 20 век. Андрес Сеговија (шп. Andrés Segovia), познатиот гитарист, ја поминал својата младост во овој град, каде научил да свири гитара. Песната “Гранада” ја напишал мексиканскиот поет Агустин Лара (шп. Agustín Lara) инспириран од музиката во Гранада. Песната станала незначајна химна на градот и преведена е на повеќе јазици. Исто така, ја изведувале многу познати и признати пеачи на многу значајни догаѓања. Шеесетите години на 20 век, Мигел Риос (шп. Miguel Ríos), познат под името Mike Ríos, el rey del Twist, рок пеач и композитоер, кој ја завршил својата професионална кариера, компонирал песна “Враќањето во Гранада” (шп. Vuelvo a Granada).

Наводи[уреди | уреди извор]