Муласен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Муласен
Mulhacén
Северната страна на Муласен
Највисока точка
Надм. вис.3.478 м [1]
Истакнатост3.285 м [2]
64. место
Друго имеMulhacén
Географија
Муласен на карта

Карта

МестоГранада, Шпанија
ПокраинаES
Матичен венецСиера Невада
Искачување
Прво освојувањенепознато (пред 1500 г.)[3]
Најлесен патискачување

Муласен (шпански: Mulhacén) — највисока планина во континентална Шпанија и целиот Пиринејски Полуостров. Претставува дел од венецот Сиера Невада во системот Панибетски Кордиљери. Наречен е по гранадскиот емир Абул Хасан Али (XV в.) познат како „Мула Хасан“ (шпан. Muley Hacén) кој, според народното предание, е закопан на врвот на планината.

Ова е највисок врв во Европа [4] вон Кавказ и Алпите. Исто така го зазема третото место по топографска истакнатост во Западна Европа (по Монблан и Етна) и 64. место во светот.[2] Сепак, врвот не изгледа исклучително стрмен — јужното крило на планината е благо и не е тешко за искачување, а истото важи и за долгиот западен срт. Пократкиот и пострмен североисточен срт е малку потежок. Меѓутоа, северната страна на планината е многу пострмна и нуди неколку умерено стрмни патеки за искачување по снег и мраз преку зимата.[3]

Планината се искачува истиот ден поаѓајќи од селото Капилејра или Тревелез, но повообичаено е планинарите да преноќат во домот во Покејра или во засолништето во Калдера на запад. Оние што ја искачуваат планината од Травелез можат да бивакуваат крај езерцата на североисток од врвот.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Документ од Картографскиот завод на Шпанија, а координатите се претворени од појдовниот систем ED50 во појдовниот систем WGS84.
  2. 2,0 2,1 „Ултраистакнати врвови во Европа“. peakList.org. Посетено на 2015-01-24. (англиски)
  3. 3,0 3,1 Griffin, Lindsay (1998). Salkeld, Audrey (уред.). „World Mountaineering“. Mulhacén. Bulfinch Press. ISBN 0-8212-2502-2.
  4. Повисоки врвови имаат Канарските Острови и Гренланд, кои политички ѝ припаѓаат на Европа, но географски се дел од Африка, односно Северна Америка.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]