Гранада (покраина)

Координати: 37°15′N 3°15′W / 37.250° СГШ; 3.250° ЗГД / 37.250; -3.250
Од Википедија — слободната енциклопедија
Гранада
Granada
покраина
Покраинската управа во Гранада
Покраинската управа во Гранада
Знаме на ГранадаГрб на Гранада
Гранада во рамките на Шпанија
Гранада во рамките на Шпанија
ЗемјаШпанија
Автономна заедницаАндалусија
Главен градГранада
Управа
 • ПретседателХосе Ентрена Авила
Површина
 • Вкупна12.531 км2 (4,838 ми2)
Население (2021)
 • Вкупно921.987
 • Густина74/км2 (190/ми2)
Службен јазикшпански
БДП18.190.000.000 €
БДП/жител19.885 €
Мреж. местоdipgra.es

Гранада (шпански: Granada) — покраина во источниот дел на автономната заедница Андалусија, јужна Шпанија. Се граничи со покраините Албасете, Мурсија, Алмерија, Хаен, Кордоба, Малага и Средоземното Море. Главен град е Гранада.

Покраината зафаќа површина од 12.531 км2. Населението брои 921.338 жители (2021), од кои 30 % живеат во главнио град. Се состои од 170 општини.[1]

Географија[уреди | уреди извор]

Во Гранада се наоѓа највисоката планина на Пиринејскиот ПолуостровМуласен, висока 3.479 м.[2] Други планини со слична висина се Велета (3.396 м)[3] и Алкасаба (3.371 м).

Реката Хенил, која извира во Гранада, е една од главните притоки на Гвадалкивир. Други поважни реки се Фардес, Моначил, Гвадалфео, Дилар, Исбор, Верде и Даро.

Во покраината се наоѓа националниот парк „Сиера Невада“ (на истоимениот планински венец) кој таа го дели со Алмерија. Друг поголем венец е Сиера де Баса.

На северот на покраината се простира Гранадската Висорамнина (Altiplano Granadino) на која се сместени градот Баса и паланката Уескар.

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Најзначајна знаменитост на Гранада е дворецот Алхамбра, прогласена за светско наследство. Таа е извонреден пример на архитектурата од маварското владеење на ова подрачје кое траело од 711 до 1492 г.

Забележителни катедрали има во Гранада и Гвадикс.

Кралската капела во Гранада е гробница на кастиљската кралица Изабела I (1451–1504) и арагонскиот крал Фердинанд II (1452–1516); тука се погребани и нивната ќерка Јована I Кастиљска (1479-1555) и нејзиниот сопруг Филип Убавиот (69-70).

Стопанство[уреди | уреди извор]

Најважни стопански гранки во покраината се туризмот, земјоделството и рибарството. Порано градежништвото било многу крупна гранка, но тоа значително опаднало со финансиската криза од 2008–2014 г. Застапен е и биотехнолошкиот сектор.

Туризам[уреди | уреди извор]

Крајбрежјето на покраината е познато како Тропски Брег (Costa Tropical) и привлекува голем број домашни и странски туристи. Главни летувалишта се Алмуњекар, Салобрења и Ла Ерадура. Градот Гранада е особено привлечен за посетителите поради неговата маварска архитектура и славниот дворец Алхамбра. На планините Сиера Невада е развиен зимскиот туризам, каде се наоѓа најјужниот скијачки центар во Европа. Популарност уживаат планинарството и екотуризмот на места како Алпухарите и Лекринската Долина.

Значаен работодавач во покраината Гранада е млечната индустрија, особено производството на млеко, млечни напитоци и формули за доенчиња.[4]

Образование[уреди | уреди извор]

Гранадскиот универзитет е еден од најголемите во Шпанија со околу 56.000 студенти.[5] Секоја година во градот доаѓаат 10.000 странски студенти. Универзитетот игра улога како работодавач, но и ја поттикнува месната економија поради побарувачката на станови под наем, промет во продавниците, рестораните и ноќните клубови.

Развој на населението[уреди | уреди извор]

Ова е населението на покраината низ годините:

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Granada (Province, Spain) - Population Statistics, Charts, Map and Location“. www.citypopulation.de. Посетено на 21 април 2022.
  2. „Архивиран примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 3 февруари 2011. Посетено на 1 февруари 2011.
  3. „Архивиран примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 3 февруари 2011. Посетено на 1 февруари 2011.
  4. „Innovación - LACTALIS PULEVA, S.L“. Puleva.es. Посетено на 31 јули 2012.[мртва врска]
  5. „El Correo Web.es“. El Correo Web.es. 31 мај 2010. Архивирано од изворникот на 28 јули 2012. Посетено на 19 септември 2012.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]