Авила (покраина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Авила
Provincia de Ávila
Покраина
Поглед на рамница и планината Парамера
Поглед на рамница и планината Парамера
Знаме на Авила
Знаме
Грб на Авила
Грб
Авила во рамките на Шпанија
Авила во рамките на Шпанија
Земја Шпанија
Автономна заедница Кастиља и Леон
Главен град Авила
Управа
 • Претседател Агустин Гонзалез Гонзалез (PP)
Површина
 • Вкупна 8.048 km2 (3,107 sq mi)
Ранг 30
  1,60 % од земјата
Население
 • Вкупно 171.680
 • Ранг XLVII
  0,37 % од земјата
Службен јазик шпански
Мреж. место http://www.diputacionavila.es

Авила (шпански: Provincia de Ávila) — покраина во среднозападна Шпанија, на југот на автономната заедница Кастиља и Леон. На југ се граничи со покраините Толедо и Касерес, на запад со Саламанка, на север со Ваљадолид, а на исток со Сеговија и Мадрид. Населението брои 165.138 жители (2002). Главен град е Авила.

Географија[уреди | уреди извор]

Авила е географски поделена на два дела со сосема различна почва и клима. Северниот дел е претежно рамничарски, со просечно квалитетна почва, на места цврста и лапореста, но карпеста во долините и падините. Климата е многу студена зиме и многу врела лете. Населението е претежно земјоделско. Јужниот дел е покриен со планински венци, испрекинати со добро наводнети долини, богати со растителен свет. Зимата е долга и сурова (особено во високиот крај Парамера и пустелиите).

Поважни планински венци се Гвадарама, Сиера де Авила и Сиера де Гредос. Највисок врв е Алманазор.

Најголеми реки се Алберче и Тјетар (во сливовот на Тахо) и Тормес, Трабанкос и Адаха (во сливот на Дуеро).

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]