Алмерија (покраина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Алмерија
Almería
Знаме на {{{official_name}}}
Знаме
Грб на {{{official_name}}}
Грб
во рамките на Шпанија
во рамките на Шпанија
Земја Шпанија
Автономна заедница  Андалузија
Главен град Алмерија
Површина
 • Вкупна 8.774,87 km2 (338,800 sq mi)
Население (2014)
 • Вкупно 701.688
 • Густина 80/km2 (200/sq mi)
Службен јазик шпански
Мреж. место dipalme.org

Алмерија (шпански: Provincia de Almería) — покраина во автономната заедница Андалузија, Шпанија. Се граничи со покраините Гранада, Мурсија и Средоземното Море. Седиште е истоимениот град Алмерија.

Покраината зафаќа површина од 8.774 км2 и брои 701.688 жители (2014). Управно е поделена на 102 општини.

Географија[уреди | уреди извор]

Природниот парк „Кабо де Гата-Нихар“.

Највисок планински венец во покраината е Сиера де Лос Филабрес, долг 50 км. Во покраината се наоѓа најсувото подрачје во Европа — природниот парк „Кабо де Гата-Нихар“. Сушните предели се особено значајни за филмската индустрија, и тука во 1960-тите се снимени разни вестерни, како што се За грст долари, За долар повеќе и Добриот, лошиот и грдиот. Подоцна на ова место се снимени и филмовите 800 куршуми, Конан Варваринот, Индијана Џонс и последниот крстоносен поход, Лоренс од Арабија и Патон.

Најголема река во Алмерија е Андаракс, а најголема водна површина е вештачкото езеро Бенинар, изградено за потребите на стаклениците.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Најважната стопанска гранка е земјоделството, особено градинарски култури во стакленици. Секоја година се извезуваат милиони тони зеленчук во Европа и други континенти. Значајна улога има и туризмот поради сончевото време и привлечните места како Рокетас де Мар, Агвадулсе, Алмеримар, Мохакар, Вера и Кабо де Гата.

Индустрија[уреди | уреди извор]

Најразвиена индустриска гранка е вадењето и обработката на мермер од каменоломите во подрачјето на планината Сиера де лос Филабрес, и тоа од Макаел Вјехо до Черкос, Лихар и Кобдар, кои даваат преку 1,3 милиони тони. Обработката на мермер е во значаен подем, особено околу Канторија, Финес, Олула дел Рио и Пурчена во долината Алто Алмансора.

Наука[уреди | уреди извор]

Во Алмерија работи една од најважните астрономски центри во Шпанија — германско шпанската опсерваторииии „Калар-Алто“.

Алмериската сончева платформа

Во Табернас има истражувачки центар за сончева енергија и голем стројтрој од сончеви плочи наречен „Алмериска сончева платформа“ (Plataforma Solar de Almeria).[1]

Во Кабо де Гата работи центар за индустриско истражуввање на француското претпријатие „Мишлен“.

Наводи[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]