Алхамбра (арапски: الحمراء) — тврдина која се наоѓа во Гранада, Шпанија. Овој замок датира уште од времето на маврите.
Сè до 1492 година, замокот бил резиденција на маварските владетели, а денеска претставува еден од спомениците на исламската архитектура. Комплексот е вклучен во списокот на УНЕСКО.
Целиот комплекс се состои од повеќе градини, дворец и замок. Зазема површина од 142 000м², со размери од 740 метри со 205 метри, опкружена со ѕид и тринаесет кули. Во 2007 година, Алхамбра учествувала во кампањата на Новите седум светски чуда на светот, но не била избрана меѓу нив.