Омејади
| Омејадска династија بَنُو أُمَيَّةَ الأمويون | |
|---|---|
| Претходна фамилија | Banu Abd-Shams of the Quraysh |
| Земја | Омејадски Калифат (661–750) Кордопски Емират (756–1031) |
| Потекло | Мека, Арабија |
| Основана | 661 |
| Основач | Муавија I |
| Титули | Калиф (Омејадски Калифат) Емир (Кордопски Емират) Калиф (Caliphate of Cordoba) |
| Следни гранки | |
Омејадска династија (арапски: بنو أمية), позната и како умајадска династија — втора од четирите исламски калифати кои биле основани по смртта на пророкот Мухамед. Нејзиното име потекнува од Умајад ибн Абд Шамс, кој бил прадедо на првиот умајадски калиф. Иако првично семејството живеело односно потекнувало од градот Мека, сепак градот Дамаск бил главен град на нивниот калифат. Во текот на нивното постоење, нивната империја станала десетта најголема империја на сите времиња по моќ и територија. Нивната династија била уништена од страна на Абасидската династија кои се преселиле кон Ал Анадулз и каде го основале Кордопскиот калифат.
Калифите опстојувале од времето на Мухамед сè до 1924 година, и истите биле контролирани од страна на различни династии, вклучувајќи ги Праведниот Калифат по Мухамед, Умајадскиот со седиште во Дамаск и Кордоба, Абасидскиот калифат со седиште во Багдад, Фатимидите со седиште во Каиро и Османлиите со седиште во денешен Истанбул.
Список на Омејадски владетели
[уреди | уреди извор]| Омејадски Калифат | |
| Калиф | Владеел |
|---|---|
| Муавија I | 28 јули 661 – 27 април 680 |
| Јазид I ибн Муавија | 27 април 680 – 11 ноември 683 |
| Муавија II ибн Јазид | 11 ноември 683– јуни 684 |
| Марван I ибн ал-Хакам | јуни 684– 12 април 685 |
| Абд ал-Малик ибн Марван | 12 април 685 – 8 октомври 705 |
| Ал-Валид I ибн Абд ал-Малик | 8 октомври 705 – 23 февруари 715 |
| Сулејман ибн Абд ал-Малик | 23 февруари 715 – 22 септември 717 |
| Умар II ибн Абд ал-Азиз | 22 септември 717 – 4 февруари 720 |
| Јазид II ибн Абд ал-Малик | 4 февруари 720 – 26 јануари 724 |
| Хишам ибн Абд ал-Малик | 26 јануари 724 – 6 февруари 743 |
| Ал-Валид II ибн Јазид | 6 февруари 743 – 17 април 744 |
| Јазид III ибн ал-Валид | 17 април 744 – 4 октомври 744 |
| Ибрахим ибн ал-Валид | 4 октомври 744 – 4 декември 744 |
| Марван II ибн Мухамед | 4 декември 744 – 25 јануари 750 |
| Династијата завршила со соборувањето на Омејадскиот Калифат од страна на Абасидите. | |