ел-Андалус
ел-Андалус 711–1492
|
---|
Инвазија од 711–732 |
|
|
Таифа 1039–1085 |
Алморавиди 1085–1145 |
|
Алмохади 1147–1238 |
|
Гранадски Емират 1238–1492 |
|
Поврзано |
ел-Андалус (арапски: الأندلس; шпански: Al-Ándalus; португалски: Al-Andalus; арагонски: Al-Andalus; каталонски: Al-Àndalus; берберски: Андалус или Вандалус), наречена и муслиманска Шпанија или Исламска Иберија — арапски назив за деловите од Пиринејскиот Полуостров кои биле под власта на муслиманите односно под Маврите во периодот од 711 до 1492 година. Треба да се напомени дека овој поим нема исто значење со денешна Андалусија.
Од 711 година, територијата на денешна Шпанија и Португалија била завладеана од страна на народ кој оставил големо културно значење на овие простори. Сепак, владеењето на Маврите се одликувало со голема толеранција кон местното население. По создавање на Кралство Кастиља и Кралство Арагон, започнал процесот на постепено прогонување на муслиманскиот свет од полуостровот, и повторно завладување на овие простори од страна на христијанското население. Овој процес исто така е познат ѝ како реконквиста. Арапите во текот на XIII век и XIV век започнале да се повлекуваат кон Гранада. Целосното исцрпување од островот завршило во 1492 година, по кое била создадена нова европска велесила, Шпанија.
|