Алморавидска династија

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Алморавиди)
Алморавидска империја
المرابطون
Империја

1040 – 1147 [[Таифа|]]
 
[[Алмохади|]]


Знаме

Местоположба на Алморавиди
Алморавидите (означено со зелена боја) во 1120 година
Главен град Ахмат (1040-1062), Маракеш(1062-1147) & Кордоба
Јазици Берберски, Класичен Арапски, Мозарпски, Хебрејски, African Romance & Андалусиски арапски
Вероисповед Малики, Римокатолички, Ибади, Јудаизам & Суфизам
Уредување Монархија
Халиф
 -  1040-1059 Абдалах ибн Јасин
 -  1146–1147 Иска ибн Али
Историја
 -  Основана 1040
 -  Замрела 1147
Површина
 -  1147 est. 3300000 км²
Валута Динар & Мараведи

Алморавиди или Мурабити (арапски: المرابطون — al-Murabitun) — берберска и маварско-шпанска династија чие потекло води од Сахара. Во текот на XI век оваа династија владеела со поголемиот дел од Северна Африка и Пиринејскиот Полуостров, односно териториите на денешните држави: Мароко, Западна Сахара, Мавританија, Гибралтар, Тлемсен во Алжир, голем дел од Сенегал, Мали, Шпанија и Португалија. Нивната империја се распаднала по доаѓањето односно инвазијата на Алмохадите.

Почеток[уреди | уреди извор]

Племето Ламтуна било едно од најсилните племиња во Сахара, чија територија се простирала околу реките Дра и реката Сенегал. Тие потекнуиваат од јужен Мароко. Во текот на своето проширување, тие најпрвин ги зазеле териториите до реката Нигер, каде го основале градот Аудагост. Во VII век го примиле Исламот, но во почетокот не биле големи верници, па голем дел од населението не ги следело традициите на шеријадот.

Примање на ортодокслниот ислам[уреди | уреди извор]

Во околу 1040 година, еден од нивните поглавари Јаја ибн Ибрахим бил во Мека. На враќање престојувал во една џамија во Тунис. Таму, верските службеници успеале да го убедат дека неговото племе доста слабо го цени и познава исламот како религија. Теолозите од Тунис го советувале дека треба нешто да преземе во тој поглед. Така, заедно решиле дека најдобро решение би било да му го испратат верскиот мисионер Абдула ибн Јасин, кој во тој регион бил застапник на сунитската школа на исламот.

Кога престигнал во Сахара, мисионерот започнал да проповеда за својата религија. Ибн Јасин успеал да воведе голема дисциплина и големи казни за сите оние кои не го почитуваат законот. Така, Алморавидите биле консолидирани помеѓу себе во исламската вера. Првиот војсководец Јаја ибн Ибрахим создал голема воена организација. Главна сила во војните му биле пешаците кои обично биле вооружени со копје, и кои во текот на битките се организирале по формацијата фаланга, подпомогнати од крилната коњаница.

Проширување[уреди | уреди извор]

Од 1053 годинаа Алморавидите започнале да ги прошируваат своите територии на берберските подрачја во Сахара и јужно од Сахара. По победата на берберското племе Санхаџа, тие многу брзо успеале да воспостават контрола над сите трговски патишта во пустината. Сиџилмас бил заземен во 1054 година, а во следната 1055 година и Аудагост. Во 1056 година Јаја ибн Ибрахим бил убиен во една од своите битки.

Абдулах ибн Јасин сѐ уште имал голема моќ и популарност како верски учител, па тој како наследник го именувал братот на Јаја ибн Ибрахим, Абу Бакра ибн Умар. Во негово време, Алморавидите своите територии ги прошириле и надвор од пустината, покорувајќи ги племињата околу планината Атлас. Во Мароко водиле борби со племето Баргуди. Во борбите загинал Абдулах ибн Јасин. Абу Бакр ибн Умар сепак на крајот успеал да издвои победа и да ги покори Баргудите, притоа вдовицата на убиениот водач ја запленил и ја зел за негова сопруга.

Абу Бакр ибн Умар во 1061 година власта ја поделил со својот роднина Јусуф ибн Ташфин. Но по само некое време неговиот роднина станал многу повлијателен од него и тој разбрал дека не може да ја контролира својата власт. Така, бил принуден да се врати во Сахара каде во 1087 година бил убиен со отровна стрела. Јусуф ибн Ташфин во негово време ги зазел Мароко, Западна Сахара и Мавританија. Во 1062 година го основал градот Маракеш.

Пиринејски Полуостров[уреди | уреди извор]

Муслиманските владетели на ел-Андалус ги повикале Алморавидите да им помогнат по нападот на Алфонсо VI од Кастиља и Леон. Алморавидите на христијанските војски им нанеле тежок пораз. По ова, поради проблемите кои постојано ги имале во Африка, тие биле повеќе пасивни околу полуостровот.

Во 1090 година повторно навлегле на полуостровот, но овој пат целта им била да ја заземат власта. Населението на ел-Андалус бло против оваа инвазија, но од друга страна пак муслиманските владетели од Персија и Египет биле големи противници на ел-Андалус, главно поради негрижата за исламската вера. Во 1094 година ел-Андалус бил заземен од страна на Алморавидите.

Пропаѓање[уреди | уреди извор]

Наследникот на Јусуф, Али ибн Јусуф во 1109 година ги освоил Синтра и Сантарем. Во следните години, 1119 и 1121 година извршил повторна инвазија на северната страна од полуостровот. Христијаните, Кралство Арагон со помош на Франките успеале да го заземат повторно градот Сарагоса. Во текот на Реконквистата, Алфонсо VII од Кастиља и Леон во 1138 година го победил на Али ибн Јусуф. Алфонсо I од Португалија го победил во 1139 година, а во 1147 по Битката за Лисабон, градот бил ослободен од страна на христијаните.

Од друга страна, Алморавидите имале и други непријатели, односно Алмохадите. Али ибн Јусуф починал во 1142 година, а неговиот наследник продолжил со поразите од христијаните и Алмохадите.

Конечно, во 1147 година градот Маракеш бил заземен кое го означило крајот на династијата.

Поврзано[уреди | уреди извор]