Класичен арапски јазик

Класичен арапски или курански арапски јазик — облик на арапскиот јазик кој го наоѓаме во Куранот како и мноштво пишани дела од умајадско и абасидско време (VI до IX век). Денешниот стадарден арапски е современа верзија на пишување и формално говорење (како подготвени говори и радио емисии). Овие јазици се разликуваат минимално во нивната морфологија, но синтаксата и лексиконите им се значително различни, како одраз на влијанијата на современите дијалекти.
Често се смета дека класичниот арапски јазик е мајка на сите варијанти на арапскиот јазик, но скорешните истражувања Клајв Холс (2004), велат дека другите дијалекти постоеле засебно во тоа време и дека тие може да се претходниците на денешните варијанти.
Треба да се напомене дека статијава користи макрони за разликување на долгите согласки од нивните кратки варијанти.
Историја
[уреди | уреди извор]Класичниот арапски јазик се ширел со ширењето на Исламот, станувајќи јазикот на ученоста и верноауката како јазик на Куранот. Неговиот однос со денешните дијалекти е донекаде аналоген на врската помеѓу латинскиот и романските јазици или пак средниот и современиот кинески јазик.
Морфологија
[уреди | уреди извор]Класичниот арапски е семитски јазик, и затоа дели многу сличности во коњугацијата изговорот со хебрејскиот, акадскиот, арамејскиот и амхарскиот. Неговата коњугација е слична на онаа кај библискиот хебрејски со неговата употреба на самогласки за менување на базична група на согласки. На пример, к-т-б значи пишува, и од оваа група имаме:
- катаба, -пишува-
- јактубу, тој пишува
- китāб, книга
- кутуб, книги (некои, неколку)
- мактаба, библиотека
- миктāб, машина за пишување
Фонологија
[уреди | уреди извор]Арапскиот јазик има три кратки и три долги самогласки - А, И и У, секоја со различни должини. Оваа таблица го илустрира тоа:
Самогласки | Кратки | Долги | ||
---|---|---|---|---|
Високи | и /i/ | у /u/ | ӣ /iː/ | ȳ /uː/ |
Ниски | а /a/ | ā /aː/ |
Како и современиот, класичниот арапски има 28 согласни фонеми:
Двоуснени | Меѓу- забни |
Забни | Предно- непчени |
Задно- непчени |
Ресични | Голтнички | Гласилни | |||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
прости | истак. | |||||||||
Носни | m | n | ||||||||
Избувни | безвучни | t | k | ʔ | ||||||
звучни | b | d | dˠ | ɟ 2 | ɢˠ | |||||
Струјни | безвучни | f | θ | s 1 | sˠ | ɕ | χˠ | ħ | h | |
звучни | ð | z | ðˠ | ʁˠ | ʕ | |||||
Странични | l~ɫ 3 | ɮˠ | ||||||||
Едноударни | ɾˠ~ɾ~r 4 | |||||||||
Приближни | j | w |
Видете Арапска азбука за повеќе за МФА-симболите во графава.
- Во денешниот арапски, /dʒ/ се изговара како [ɡ] од некои говорници. Ова е особено карактеристично за египетскиот и јужнојеменскиот дијалект. Во многу делови од северна Африка и во Левантот, ова се изговара како [ʒ]. Меѓутоа, вистинскиот класичен изговор најверојатно бил звучна палатална плозива ([ɟ]) или палатизиран веларен плозив ([gʲ].
- /l/ се изговара [lˁ] само кај зборот /ʔalˁːɑːh/, името на Бог, т.е. Алах, кога зборот следи по а, ā, у или ȳ (по и или ӣ истото е е невелазизирано: бисми л-лāх /bɪsmɪlːæːh/).
- /ʕ/ обично е фонетска апроксиманта.
- Кај многу варијанти (ако не и сите), /ħ, ʕ/ се всушност епиглотални [ʜ, ʢ] (наспроти кажаното во многу претходни книги). Меѓутоа, во класичниот арапск овие се изговараат како фарингијали.
- Дорсалните фрикативи во класичното време биле увуларни но подоцна се развиле како повеќе веларни или поствеларни.
- /ʃ/ можеби била нешушкава палатална фрикатива ([ç]), додека неемфатичното /s/ било /ʃ/
Согласките обично наречени „емфатични“ /tˁ, dˁ, sˁ, ðˁ/ се или веларизирани [tˠ, dˠ, sˠ, ðˠ] или фарингијализирани [tˁ, dˁ, sˁ, ðˁ].
Библиографија
[уреди | уреди извор]- Holes, Clive (2004) Modern Arabic: Structures, Functions, and Varieties Georgetown University Press. ISBN 1-58901-022-1
- Versteegh, Kees (2001) The Arabic Language Edinburgh University Press ISBN 0-7486-1436-2 (Глава 5, во врската подолу)
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Развојот на класичниот арапски јазик Архивирано на 10 февруари 2008 г. (англиски)
|
- ↑ Watson 2002, стр. 13