Нов Зеланд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Нов Зеланд
New Zealand / Aotearoa
Знаме Грб
Химна
Местоположба на Нов Зеланд во рамките на Кралството Нов Зеланд
Местоположба на Нов Зеланд во рамките на Кралството Нов Зеланд
Главен град Велингтон
41°17′ ЈГШ 174°27′ ИГД / 
Најголем град Окленд
Службен јазик
Народности (2013)
Демоним Новозеланѓани


Киви (неформално)

Уредување унитарна парламентарна уставна монархија
 •  Монарх Елизабета II
 •  Генерален гувернер Петси Реди
 •  Премиер Бил Инглиш
Законодавство Парламент
(Претставнички дом)
Независност од Обединетото Кралство 
 •  Надлежна влада 7 мај 1856 
 •  Доминион 26 септември 1907 
 •  Усвоен Вестминстерскиот статут 25 ноември 1947 
 •  Дејуре независност 10 декември 1947 
Површина
 •  Вкупна 268.021 км2 (76.)
 •  Вода (%) 1,6
Население
 •  проценка за 2016 г. 4.822.600[7] (123.)
 •  Попис 2013 4.242.048 
БДП (ПКМ) проценка за 2016 г.
 •  Вкупен 173,2 млј. долари[8] (67.)
 •  По жител $36.950[8] 
БДП (номинален) проценка за 2016 г.
 •  Вкупно 169,9 млј. долари[8] 
 •  По жител $36.254[8] 
Џиниев коеф. (2014) 33.0[9]
среден
ИЧР (2014)  0.913[10]
многу висок · 9.
Валута новозеландски долар ($) (NZD)
Часовен појас NZST[n 4] (UTC+12)
 •  (ЛСВ) NZDT (UTC+13)
Датумски формат дд/мм/гггг
Се вози на лево
НДД .nz
Повик. бр. +64

Нов Зеланд (англиски: New Zealand, маорски: Aotearoa) — островска држава во југозападниот дел од Тихиот Океан. Државата се состои од два големи и повеќе мали острови. Маорското име за Нов Зеланд е Аотеароа, што често се преведува како „Земја на долгиот бел облак“. Нов Зеланд е држава со парламентарна демократија и земја членка на Комонвелтот.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Денес не е познато дали Маорите ја нарекувале целата држава со денешното маорско име, бидејќи Северниот Остров го нарекуваат Те Ика а Мауи (Te Ika a Māui или „Рибата на Мауи“), додека Јужниот Остров го нарекуваат Те Ваи Поунаму (Te Wai Pounamu или „Водите на зелениот камен“) или со другото име Те Вака о Аораки (Te Waka o Aoraki или кану на Аораки). Сè до 20 век, Северниот Остров се нарекувал Аотеароа или во превод „земја на долгиот бел облак“, додека денес тој назив се користи кај маорите за целата држава Нов Зеланд.

Првото европско име за Нов Зеланд било Штатен Ланд (Staten Landt), име кое било дадено од холандскиот истражувач Абел Тасман кој во 1642 година бил првиот европеец кој ги посетил островите. Покасно името било променето во Нов Зеланд (Nova Zeelandia) по холандската покраина Зеланд.

Историја[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Нов Зеланд.

Нов Зеланд е една од најскорешните големи копнени маси кои биле населени. Првите доселеници биле источните полинезијци, најверојатно во повеќе миграциски бранови пред 700 или 2000 години. Овие доселеници развиле своја култура и нација- Маори. Нацијата биле поделена на племиња и потплемиња.

Првите европски доселеници кои дошле во Нов Зеланд биле холандскиот морепловец Абел Тасман и неговиот екипаж во 1642. Покасно на островите дошол и британскиот морепловец Џејмс Кук во 1768/1771.

Покасно Нов Зеланд бил дел од Британската Империја, поточно бил дел од тихоокеанската колонија тогаш позната како Нов Јужен Велс. Во 1840 година, Нов Зеланд станал посебна колонија.

Географија и клима[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Географија на Нов Зеланд.
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Клима на Нов Зеланд.
Топографска карта на Нов Зеланд.

Нов Зеланд е составен од два големи острови, Северен Остров и Јужен Остров или Те Лка и Те Ваи поунаму, и од поголем број мали острови. Куковиот проток ги дели двата големи острови и е долг 20 км. Вкупната површина на Нов Зеланд е 268.680 км квадратни. Државата се протега 1600 км во должина и има брег од 15.134 километри.

Јужниот Остров е најголемиот остров во Нов Зеланд и највисокиот врв е Кукова Планина (Аораки) со 3754 метри. Највисока планина на Северниот Остров е Руапеху со 2797 метри.

Политички систем[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Политика на Нов Зеланд.

Нов Зеланд е уставна монархија со парламентарна демократија. Иако нема кодифициран устав, Уставниот Акт од 1986 година ја врши улогата на устав во Нов Зеланд. Кралицата Елизабета II е на шеф на државата и е именувана како Кралица на Нов Зеланд. Претставник на кралицата во Нов Зеланд е генералниот гувернер, назначен од кралицата по совет на премиерот. Почнувајќи од 2016 г. генерален гувернер на Нов Зеланд е Петси Реди.

Административна поделба[уреди | уреди извор]

Нов Зеланд има 12 регионални совети кои ги претставуваат локалните региони на државно ниво. Покрај овие има и 57 областни совети и 16 градски совети.

Економија[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Економија на Нов Зеланд.

Нов Зеланд има модерна, просперитетна и развиена економија со забележан БНП од 115.624 милијарди долари во 2008 година. Државата има висок стандард на живот со забележан БДП по глава на жител од 27.017 долари во 2008.

Според индексот на човеков развој, државата била рангирана на 20-то место во 2008 година.

Услужниот сектор на Нов Зеланд е најголем економски сектор во земјата и сочинува околу 68.8% од БДП. Потоа следат производството со 26.9% и земјоделството со 4.3% од БДП.

Население, јазик и религија[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Демографија на Нов Зеланд.
Растот на населението на Нов Зеланд со предвидување до 2050.

Нов Зеланд има население од 4.3 милиони жители од кои 78% се изјасниле како припадници на некои од европските етнички групи. Европејците се познати под името Пакеха, но овој термин Маорите го користат и за сите луѓе што не се Маори. Повеќето од европејците се со британско или ирско потекло. Покрај нив има и значителен број на луѓе со холандско, германско, хрватско и, во помала мера, македонско потекло.

Маорите се најголема етничка заедница што нема европско потекло и сочинуваат околу 14.6% од населението. 9.2% од населението се изјаснило дека има азиско потекло и 6.9% се изјасниле како припадници на некои од тихоокеански народи.

Според пописот во 2006, христијанството е доминантна религија во Нов Зеланд со околу 55.6% од вкупното население. 34.7% се изјасниле дека немаат религија и 5% се изјасниле како останати религии.

До 1987 година англискиот јазик бил единствен официјален јазик во земјата, но во 1987 година маорскиот јазик станал официјален јазик покрај англискиот. Така околу 98% од населението во Нов Зеланд може да зборува англиски, додека 4.1 од населението знае маорски јазик. Најзборуван неофицијален јазик во Нов Зеланд е самоански јазик.

Култура во Нов Зеланд[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Култура во Нов Зеланд.

Поголемиот дел од Новозеландската култура е со британско потекло. Покрај тоа влијание, има и американско, австралиско и маорско влијание кон културата во Нов Зеланд. Исто така има и азиски и останати полинезиски влијанија. Така во Нов Зеланд се одржува голем фестивал за Кинеската Нова Година и за Дивали.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „New Zealand's National Anthems“. Ministry for Culture and Heritage. http://www.mch.govt.nz/nz-identity-heritage/national-anthems. конс. 17 февруари 2008 г. 
  2. „Protocol for using New Zealand's National Anthems“. Ministry for Culture and Heritage. http://www.mch.govt.nz/nz-identity-heritage/national-anthems. конс. 17 февруари 2008 г. 
  3. New Zealand Government (21 December 2007). International Covenant on Civil and Political Rights Fifth Periodic Report of the Government of New Zealand (PDF) (Report). стр. 89. конс. 15 November 2015. 
  4. 4,0 4,1 „2013 Census QuickStats about culture and identity – Languages spoken“. Statistics New Zealand. http://www.stats.govt.nz/Census/2013-census/profile-and-summary-reports/quickstats-culture-identity/languages.aspx. конс. 8 септември 2016 г. 
  5. „2013 Census – Cultural Diversity“. Statistics New Zealand. http://www.stats.govt.nz/Census/2013-census/profile-and-summary-reports/quickstats-about-national-highlights/cultural-diversity.aspx. 
  6. „2013 Census ethnic group profiles: Macedonian“. Statistics New Zealand. http://m.stats.govt.nz/Census/2013-census/profile-and-summary-reports/ethnic-profiles.aspx?request_value=24666&parent_id=24650&tabname=#24666. конс. 13 декември 2016 г. 
  7. „Population clock“. Statistics New Zealand. http://www.stats.govt.nz/tools_and_services/population_clock.aspx. конс. 14 април 2016 г. 
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 „New Zealand“. International Monetary Fund. http://www.imf.org/external/pubs/ft/weo/2016/01/weodata/weorept.aspx?pr.x=26&pr.y=13&sy=2014&ey=2021&scsm=1&ssd=1&sort=country&ds=.&br=1&c=196&s=PPPGDP%2CPPPPC&grp=0&a=. конс. 13 април 2016 г. 
  9. „Income inequality“. Statistics New Zealand. http://www.stats.govt.nz/browse_for_stats/snapshots-of-nz/nz-social-indicators/Home/Standard%20of%20living/income-inequality.aspx#anchor26. конс. 14 јуни 2015 г. 
  10. „Human Development Report 2015“. United Nations. http://hdr.undp.org/sites/default/files/hdr_2015_statistical_annex.pdf. конс. 14 декември 2015 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Влада
Општи информации
Друго
Патување


Поврзано[уреди | уреди извор]

Портал „Нов Зеланд


Грешка во наводот: Има ознаки <ref> за група именувана како „n“, но нема соодветна ознака <references group="n"/>, или пак недостасува завршно </ref>.