Список на градови во Нов Зеланд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Список на градови во Нов Зеланд во рамките на Нов Зеланд
Окленд
Велингтон
Крајстчерч
Хамилтон
Нејпиер-Хејстингс
Тауранга
Данидн
Палмерстон Норт
Нелсон
Роторуа
Њу Плимут
Фангареи
Инверкаргил
Фангануи
Гизборн
Поголемите градови во Нов Зеланд

По преуредувањето на месното управување во 1989 г., поимот „град“ (city) во Нов Зеланд зазел две значења. Пред 1989 г., било кој совет на наслено место (анг. borough) со над 20.000 жители можел да се прогласи за град. Границите на секој совет ги следеле контурите на изградениот простор, па така не се правело разлика помеѓу градскиот (изграден или урбан) простор и просторот на месната управа.

Во 1989, структурата на месната самоуправа доживеала значајна рационализација. Новите окружни и градски совети сега биле многу поголеми и покривале и градско и селско (рурално) земјиште. Многу места кои некогаш имале градски совет сега биле под управа на окружен совет.

Зборот „град“ (city) почнал да се применува во понеформална смисла, и се однесувал на поголеми населени простори, независно од границите на месните органи. Ова неформална примена љубоморно се чува и штити од месното население. Гизборн, на пример, се прогласил себеси за првиот град кој го видел новиот милениум. Гизборн е под управа на окружен совет, но неговиот статус како град обично не се оспорува.

Население во урбаните места[уреди | уреди извор]

Податоците за бројот на населението важат за June 2018,[1] а се однесуваат на сета урбана површина, освен кајшто е наведено поинаку.

Место Населено место Население Површина
(км2)[2]
Густина
(жит/км2)
1 Окленд &100000000016289000000001,628,900 &100000000000010860000001.086 &100000000000000000000000,0
2 Велингтон &10000000000418500000000418,500 &10000000000000444000000444 &100000000000000090000000,9
3 Крајстчерч &10000000000404500000000404,500 &10000000000000608000000608 &100000000000000070000000,7
4 Хамилтон &10000000000241200000000241,200 &10000000000000877000000877 &100000000000000030000000,3
5 Тауранга &10000000000141600000000141,600 &10000000000000178000000178 &100000000000000080000000,8
6 Нејпиер-Хејстингс &10000000000134500000000134,500 &10000000000000375000000375 &100000000000000040000000,4
7 Данидн &10000000000122000000000122,000 &10000000000000255000000255 &100000000000000050000000,5
8 Палмерстон Норт &1000000000008660000000086,600 &10000000000000178000000178 &100000000000000050000000,5
9 Нелсон &1000000000006750000000067,500 &10000000000000146000000146 &100000000000000050000000,5
10 Роторуа &1000000000005950000000059,500 &1000000000000008900000089 &100000000000000070000000,7
11 Њу Плимут &1000000000005830000000058,300 &10000000000000112000000112 &100000000000000050000000,5
12 Фангареи &1000000000005880000000058,800 &10000000000000133000000133 &100000000000000040000000,4
13 Инверкаргил &1000000000005120000000051,200 &10000000000000123000000123 &100000000000000040000000,4
14 Фангануи &1000000000004090000000040,900 &10000000000000105000000105 &100000000000000040000000,4
15 Гизборн &1000000000003720000000037,200 &1000000000000008500000085 &100000000000000040000000,4

Галерија на градови[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Проценки на населението во управните единици: Состојба на 30 јуни 2018 г. (провизорно)“. Статистика Нов Зеланд. 23 октомври 2018. Посетено на 23 октомври 2018. За градски подрачја, „Проценки на населението во управните единици (UA, AU), по возраст и пол, на 30 јуни 1996, 2001, 2006-18 г. (по граници од 2017 г.)“. Статистика Нов Зеланд. 23 октомври 2018. Посетено на 23 октомври 2018.
  2. „Freedom from Crowding: Living Density Table 1“. Statistics New Zealand. Архивирано од изворникот на 2012-09-11. Посетено на 28 January 2010.
  • Gordon McLauchlan (уредник), Illustrated Encyclopedia of New Zealand, The, Auckland: David Bateman, 1989 (второ издание) (ISBN 1-86953-007-1) - потврда, датуми пред 1989 г.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]