Прејди на содржината

Национални паркови во Нов Зеланд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Националните паркови во Нов Зеланд (обележани со зелено)

Нов Зеланд има 13 национални паркови под управа на Службата за заштита на природата на Нов Зеланд.

Со Законот за национални паркови од 1980 г., национални паркови и резервати се создаваат во области каде пределите и пределите се од особен квалитет, или пак природните одлики или еколошките системи се од таква научна важност, што се смета дека нивното запазување е од национален интерес. Законот и овозможува на јавноста слобода на влез и пристап во парковите[1], но со услови и ограничувања кои се неопходни за зачувувањето на автохтоните растенија и животни, или воопшто за благосостојбата на паркот. Постојат и особено заштитени подрачја (550 км2) во кои може да се влезе само со писмена дозвола.

Законот налага националните паркови да се одржуваат во што поприродна состојба, со што би се одржала нивната вредност како почва, вода и шуми. Автохтоните растенија и животни се заштитени, додека донесените растенија и животни се отстрануваат доколку нивното присуство ги пореметува пропишаните цели. Градежните активности во дивите предели се ограничени на правење планинарски патеки и колиби кои се од суштинска важност за контролирање на дивите животни и вршење на научни истражувања. Законот ѝ дозволува на Службата за заштита на природата да гради планинарски домови, колиби, кампови, жичници и слични објекти, како и паркинзи, патишта и патеки. Сместувањето, превозот и други услужни дејности на влезните места во парковите го овозможува службата, други владини установи, доброволни организации и приватни фирми. Некои услуги во парковите, како обиколки со водич и обука по скијање, ги овозможуваат приватни фирми со повластици од службата.

Список на национални паркови

[уреди | уреди извор]

Од север кон југ, националните паркови во Нов Зеланд се следниве:

Национален паркПовршина (км2)ПрогласенМестоположба План. домовиОпис
Те Уревера2.1271954

(уникат во 2014 г.)

38°45′S 177°9′E / 38.750°S 177.150°E / -38.750; 177.150 29Заедно со соседниот шумски парк Фиринаки, поранешниот парк Те Уревера е најголемиот сочуван предел со автохтони шуми на Северниот Остров. Езерото Ваикаремоана во паркот е познато по неговото живописно крајбрежје. Укинат е во 2014 г.
Тонгариро* 796 188739°12′S 175°35′E / 39.200°S 175.583°E / -39.200; 175.583 10Првиот национален парк во Нов Зеланд. Претставува светско наследство на УНЕСКО поради природното и културното значење. Има свети места за Маорите и три активни вулкани: Руапеху, Нгаурухое и Тонгариро.
Егмонт 335 190039°16′S 174°6′E / 39.267°S 174.100°E / -39.267; 174.100 8Го опфаќа целото земјиште во полупречник од околу девет километри, од планината Таранаки/Егмонт и некои погранични предели на север. Симетричниот конус на заспаниот вулкан е регионално обележје.
Фангануи 742 198639°35′S 175°5′E / 39.583°S 175.083°E / -39.583; 175.083 5Се граничи со реката Фангануи. Сочинет е од крунска земја, поранешна државна шума и разни поранешни резервати.
Абел Тасман 225 194240°50′S 172°54′E / 40.833°S 172.900°E / -40.833; 172.900 7Има многубројни приливни мореузи и плажи со златен песок долж крајбрежјето на Тасмановиот Залив. Ова е најмалиот национален парк во Нов Зеланд.
Кахуранги 4.520 199641°15′S 172°7′E / 41.250°S 172.117°E / -41.250; 172.117 51Се наоѓа северозападиот дел од Јужниот Остров. Полн со извонредни и изолирани предели. Има прастари земјишни облици и уникатна флора и фауна. Овој национален парк е втор по големина во земјата.
Нелсонски Езера 1.018 195641°49′9″S 172°50′15″E / 41.81917°S 172.83750°E / -41.81917; 172.83750 20Дива и нерамна планинска област во регионот Нелсон. Се протега на југ од пошумените брегови на езерата Ротоити и Роторуа па сè до Националниот резерват Луисов Премин.
Папароа 306 198742°5′S 171°30′E / 42.083°S 171.500°E / -42.083; 171.500 0На Западното Крајбрежје на Јужниот Остров помеѓу Вестпорт и Грејмут. Во паркот се наоѓаат прочуените „Карпи-Палачинки“ (Pancake Rocks) кај Пунакаики.
Артуров Превој 1.144 192942°57′S 171°34′E / 42.950°S 171.567°E / -42.950; 171.567 28Дива планинска област која се протега напреку главната делница на Јужните Алпи.
Вестленд Таи Поутини* 1.175 196043°23′S 170°11′E / 43.383°S 170.183°E / -43.383; 170.183 12Се протега од највисоките врвови на Јужните Алпи до диво изолирано крајбрежје. Во паркот има ледници, живописни езера и густа дождовна шума, како и остатоци од рударски населби долж крајбрежјето.
Аораки/Кукова Планина* 707 195343°44′S 170°6′E / 43.733°S 170.100°E / -43.733; 170.100 16Алпски парк, со највисоката планина во земјата: Кукова Планина или Аораки (3.754 м) и најдолгиот ледник — Тасмановиот Ледник (29 км). Областа е мошне популарна за планинарство, скијање и туристичко надлетување. Овој парк има предели со извонредна природна убавина. Овој нацинален парк, заедно со националниот парк Вестланд се прогласени за светско наследство.
Маунт Аспајринг* 3.555 196444°23′S 168°44′E / 44.383°S 168.733°E / -44.383; 168.733 19Комплекс од импресивно глацијализирани планиниски предели распределени околу планината Маунт Аспајринг (Тититеја) (3.036 м), која е највисока во земјата вон националниот парк Аораки/Кукова Планина.
Фјордленд*12.519 195245°25′S 167°43′E / 45.417°S 167.717°E / -45.417; 167.717 51Најголемиот национален парк во Нов Зеланд и еден од најголемите во светот. Со неговите величествени предели со длабоките фјордови, леднички езера, планини и водопади, паркот се стекнал со меѓународна слава како светско природно наследство.
Ракиура 1.500 200246°54′S 168°7′E / 46.900°S 168.117°E / -46.900; 168.117 24Зафаќа околу 85% од Стјуартовиот Остров (Ракиура) и е најнов национален парк во земјата.

*светско наследство на УНЕСКО или дел од него.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „8. Benefit, Use and Enjoyment of the Public: General Policy for National Parks“. doc.govt.nz. Department of Conservation. Архивирано од изворникот на 2010-05-15. Посетено на 14 August 2010.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]