Брунеј

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Брунеи)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Negara Brunei Darussalam
Држава Брунеј, Дом на мирот

بروني دارالسلام
Знаме Crest
Гесло"Секогаш во служба со Господовото водство"  (превод)
Химна


Главен град
(и најголем)
Бандар Сери Бегаван
Службен јазик малајски
Демоним брунеец
Уредување Исламска апсолутна монархија
 •  Султан Хасанал Болкијах
 •  Крунисан принц Ал Мухтаде Билах
Формирање
 •  Султанат 14-ти век 
 •  Крај на британскиот протекторат 1 јануари 1984 
Површина
 •  Вкупна 5.770 км2 (172-ра)
 •  Вода (%) 8.6
Население
 •  проценка за јули 2008 г. 381,371[1] 
 •  Густина 66 жит/км2 (134-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2007 г.
 •  Вкупен $19.683 милијарди[2] (114-та)
 •  По жител $50,116[2] (5-та)
БДП (номинален) проценка за 2008 г.
 •  Вкупно $14.553 милијарди[2] 
 •  По жител $37,053[2] 
ИЧР (2013) 0.852[3]
многу висок · 30та
Валута Брунејски долар (BND)
Часовен појас (UTC+8)
Се вози на лево
НДД .bn
Повик. бр. +6731
1. Исто така 080 од Источна Малезија

Брунеј е островска држава во Југоисточна Азија. Се наоѓа на островот Борнео. Главен град е Бандар Сери Бегаван.

Државно уредување и меѓународни односи[уреди | уреди извор]

Карта на Брунеј.

Од 1959 година Брунеј е парламентарна монархија, но всушност султанот има поголема законодавна и извршна власт, па за Брунеј може да се каже дека има апсолутистичка монархија. Постои законодавен совет кој брои 20 членови и кој има советодавен карактер, но сите закони ги носи султанот. Султанот е истовремено шеф на државата и претседател на владата. Сегашниот султан, Падука Сери Багинда Султан Хаји Хасанал Болкиах Му’изадин Вадаулах (скратено Хасанал Болкиах), владее од 1967 година и се смета за најбогат владетел и еден од најбогатите луѓе во светот.

Брунеј е полноправен член на Обединетите Нации, АСЕАН и Светската трговска организација.

Административна поделба[уреди | уреди извор]

Карта на окрузите во Брунеј

Брунеј е поделен на 4 окрузи („даера“). Тие понатаму се делат на вкупно 38 покраини („муким“).[4]

Бр. Округ Админ. центар Население
1. Белајт Куала Белајт 109.000
2. Брунеј-Муара   Бандар Сери Бегаван 380.000
3. Тембуронг Бангар 10.000
4. Тутонг Пекан Тутонг 56.000

Економија[уреди | уреди извор]

Главна економска активност во државата е производството на нафта и на гас. БДП по жител е значително поголем за разлика од оној во регионот, но економијата на Брунеј е чувствителна на флуктуацијата на светскиот пазар на нафта.

Што се однесува до земјоделството најмногу се одгледуваат банана, ананас и ориз. Риболовот е исто така прилично развиен во државата.

Население, јазик и религија[уреди | уреди извор]

Јазик[уреди | уреди извор]

Главен говорен јазик во државата е брунејскиот малајски јазик. Брунејскиот малајски јазик значително се разликува од стандардниот малајски јазик, но исто така и од другите малајски дијалекти. Брунејскиот малајски јазик е сроден со стандардниот малајски само 84%, што го прави неразбирлив со малајскиот. Англискиот и кинескиот јазик исто така се зборуваат. Англискиот јазик се користи во работата, но и како јазик од основно во високо образование. Во државата релативно е висока странската заедница. Голем дел од иселениците доаѓаат од немуслимански земји, како што се Австралија, Обединетото Кралство, Јапонија, Филипини, Индија и Тајланд. Други јазици и дијалекти кои се зборуваат се кедајански малајски, арапски, тутонг малајски, мурут и дусун јазикот.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. CIA - The World Factbook: Brunei
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Brunei“. International Monetary Fund. конс. 2009-04-22. 
  3. „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. конс. 27 July 2014. 
  4. Административна поделба на Брунеј - Statoids (англиски)