Прејди на содржината

Хасанал Болкијах

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хасанал Болкијах
Хасанал Болкијах во 2021
Султан на Брунеј
Владеење5 октомври 1967 – сега
ПретходникОмар Али Сајфудиен III
НаследникАл-Мухтади Болкиах
Роден(а)15 јули 1946(1946-07-15)(77 г.)
Истана Дарусалам, Бандар Сери Бегаван, Британски протекторат Брунеј
(денес Брунеј)
Сопружник
  • Раџа Истери Пенгиран Анак Хаџа Салеха (в. 1965)
  • Хаја Мариам (в. 1982; раз. 2003)
  • Азриназ Мажар (в. 2005; раз. 2010)
Деца11
ДинастијаБолкијах
ВероисповедСунитски ислам
ПотписХасанал Болкијах's signature

Хасанал Болкијах ибни Омар Али Саифудиен III [1] ( јави: حسن البلقية; роден на 15 јули 1946 година) е 29-тиот и актуелен султан од Брунеј (од 1967) и премиер на Брунеј по стекнувањето независност од Обединетото Кралство во 1984 година. Тој е еден од последните апсолутни монарси во светот. Го наследил престолот на Брунеј како најстар син на султанот Омар Али Саифудиен III по абдицирањето на неговиот татко на 5 октомври 1967 година.

Султанот е меѓу најбогатите луѓе во светот. Во 2008 година, Форбс проценил дека неговото вкупно нето богатство изнесувало 20 милијарди американски долари. По смртта на кралицата од Обединетото Кралство Елизабета Втора во 2022 година, султанот е актуелен монарх кој најдолго владее со една држава во светот,[2] и актуелен шеф на држава со најдолг стаж. На 5 октомври 2017 година, султанот го прославил својот златен јубилеј за да ја одбележи 50-тата година од неговото владеење.[3]

Живот[уреди | уреди извор]

Султанот е роден на 15 јули 1946 година, во Истана Дарусалам, градот Брунеј (денешен Бандар Сери Бегаван) како Пенгиран Муда (принц) Хасанал Болкијах. Султанот завршил средно образование во Институцијата Викторија во Куала Лумпур, а дипломирал на Кралската воена академија во Сандхерст, Обединетото Кралство, во 1967 година.[4]

Владеење[уреди | уреди извор]

Султанот Хасанал Болкијах со американскиот претседател Барак Обама, 18 ноември 2015

Станал султан на Брунеј Дарусалам на 5 октомври 1967 година, по абдикацијата на татко му. Бил крунисан на 1 август 1968 со што станал и Јанг Ди-Пертуан (шеф на државата) на Брунеј. Како и неговиот татко, бил прогласен за витез од кралицата Елизабета Втора од Обединетото Кралство, чиј протекторат бил Брунеј до 1 јануари 1984.[5][6]

Според Уставот на Брунеј од 1959 година, султанот е шеф на државата кој ја поседува целосната извршна власт. На 9 март 2006 година, било објавено дека султанот го изменил Брунејскиот устав за да се промовира себе си како непогрешлив.[7] Освен тоа, тој раководи со ресорите министер за одбрана, министер за надворешни работи и министер за финансии.[8] Како министер за одбрана тој е врховен командант на вооружените сили на Брунеј, како и почесен генерал во британските и индонезиските вооружени сили и почесен адмирал во Кралската морнарица. Тој се самоназначил за генерален инспектор на полицијата (IGP). 

Во септември 1984 година, Болкијах се обратил на Генералното собрание на Обединетите нации по повод приемот на Брунеј Дарусалам во Обединетите нации. Во 1991 година, тој вовел конзервативна идеологија во Брунеј наречена Melayu Islam Beraja ( Малајска исламска монархија, MIB), која ја претставува монархијата како бранител на верата.[9]

Во 2014 година, Хасанал Болкијах, се залагал за усвојување на исламски шеријатски казни, како и дека прељубата треба да се казнува со смрт со каменување.

Хасанал Болкијах во 2015 година ги забранил јавните прослави на Божиќ, како и носењето капи или облека што потсеќаат на Дедо Мраз. Забраната ги засега само месните муслимани.[10] На христијаните сè уште им е дозволено да го слават Божиќ.[11]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Full name: Sultan Haji Hassanal Bolkiah Mu'izzaddin Waddaulah ibni Al-Marhum Sultan Haji Omar 'Ali Saifuddien Sa'adul Khairi Waddien
  2. „World's second-longest reigning monarch, Sultan Hassanal Bolkiah, marks golden jubilee in style“. Times Now. 5 October 2017. Посетено на 14 September 2018.
  3. „Sultan of Brunei's Golden Jubilee celebrated with chariot parade“. CNN. 5 October 2017. Посетено на 23 October 2017.
  4. Leifer, Michael (13 May 2013). Dictionary of the Modern Politics of Southeast Asia. Routledge. стр. 76. ISBN 9781135129453.
  5. Severino, Rodolfo C.; Thomson, Elspeth; Hong, Mark (2010). Southeast Asia in a New Era: Ten Countries, One Region in ASEAN (англиски). Institute of Southeast Asian Studies. ISBN 978-981-230-957-0.
  6. Macmillan, Palgrave (2017-02-28). The Statesman's Yearbook 2017: The Politics, Cultures and Economies of the World (англиски). Springer. ISBN 978-1-349-68398-7.
  7. „Sultan of Brunei Declares Himself Infallible“. Hello!. 9 March 2006.
  8. „Ministry of Finance“. The Government of Brunei Darussalam Official Website. Архивирано од изворникот на 6 July 2011. Посетено на 27 October 2010.
  9. „Country profile: Brunei“. BBC News. 21 January 2010. Посетено на 4 May 2010.
  10. „Brunei did not ban Christians from celebrating Christmas“. TheMalayOnline. 25 December 2015. Архивирано од изворникот на 2015-12-29. Посетено на 24 December 2015.
  11. „Thousands celebrating Christmas in Brunei“. The Brunei Times. 25 December 2015. Архивирано од изворникот на 29 December 2015. Посетено на 25 December 2015.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]