.nz

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
.nz
NZ Registry Services .nz
Воведен 1987
Тип на домен Највисок државен домен
Состојба Активен
Регистар NZ Registry Services
Покровител InternetNZ
Наменета употреба Ентитети поврзани со Нов Зеланд Нов Зеланд
Фактичка употреба Се корити во Нов Зеланд
Ограничувања на рестрацијата не постојат огрничувања за повеќето второстепени, неколку се „следени“ што значи дека се проверува подобноста пред да се дозволи регистрација
Состав Имињата се регистрираат на трето ниво во општи второстепени категории
Правила при спор Споровни и жалбени процеси
Мреж. место NZ Registry Services
Комисија за именување на домени
DNSSEC Да

.nz — семрежен највисок државен домен за Нов Зеланд. Раководен е од InternetNZ преку својата подружмница, NZ Registry Services, каде прегледите и споровите се водат и решаваат од Domain Name Commission Ltd. Регистрациите се прават преку одобрени регистратори. Во март 2011 година имало 433.183 регистириани домени со .nz.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Како и со другите долгогодишни регистрирани домени, регистарот бил оддржуван неформално во одреден временски период. Првиот формално призната раководна организација бил Универзитетот Ваикато се додека одговорноста не била префрлена на InternetNZ која била создадена во 1995 година.[2]

Пред моменталната структура, водењето на регистарот на .nz било од страна на Domainz. Историски, Domainz било подружница на InternetNZ која исто така работела као регистратор и нудач на други сервиси како што се DNS. На ова се гледало како на монопол кој ја пригушувал конкуренцијата[2] па InternetNZ го преместила обезбедувањето или регистрирањето на услугите во посебана организација која била под строг надзор. Конечниот дел на овој премин била продаѓбата на Domainz на Melbourne IT[3] во август 2003 година.

Од први април 2008 година „Office of the Domain Name Commissioner“ го смени името во „Domain Name Commission Limited“, подруѓница на претпријатието InternetNZ. [4]

Второстепени домени[уреди | уреди извор]

Како и водругите земји во кои се користи англискиот јазик, без САД, Канада и Република Ирска, постојат одреден број на второстепени домени кои покажуваат дали корисникот е претпријатие, нетрговска организација, владино тело или некоја друга класификација.

Во октомври 2013 година, InternetNZ одлучи да дозволи да се регистрираат домени со името .nz во второстепените домени, со што се изедначиле со останатите домени од највисок ред кој дозволувале ваква регистрација.[5]

Заразлика од другите земји во кои се говори англискиот јазик, Нов Зеланд користи 'govt' наместо 'gov' за владините тела, па оттука и второстепениот домен 'govt.nz'. Постојат и подстепени домени кои се единствени во Нов Зеланд, како што се 'iwi.nz' и 'maori.nz', за маорите и други организации, и 'geek.nz' за 'компјутерџиите'.

Следниве второстепени домени се во употреба со нивните официјални описи.

Неследени[уреди | уреди извор]

  • .ac.nz – Третостепени образовни институции и поврзани организации.
  • .co.nz – Организации кои се занимаваат со реклами и други намени
  • .geek.nz – За луѓе кои се насочени, технолошки образовани и способни да работат со сметачи
  • .gen.nz – За личности организации кои не се споменуваат никаде
  • .kiwi.nz – За луѓе и организации кои се поистоветуваат со изразот 'Kiwi'[6][7]
  • .maori.nz – За маорите, нивните групи и организации
  • .net.nz – Организации и обезбедувачи на услуги поврзани со семрежјето во Нов Зеланд
  • .org.nz – За непрофитни организации
  • .school.nz – Првостепено, второстепено и предшколско образование и организации

Следени[уреди | уреди извор]

  • .cri.nz – Крунски истражен институт
  • .govt.nz – национални, регионални и месни владини организации кои имаат управителни моќи. Владиниот регистар, DNS.govt.nz ја контролира регистрацијата и владиниот портал кој работи на адресата www.govt.nz
  • .health.nz – здравствени организации
  • .iwi.nz – традиционални маорски племиња, хапу. Достапни од register.iwi.nz
  • .mil.nz – воената организација на владата на Нов Зеланд – новозеландските одбрамбени сили
  • .parliament.nz – се користи од парламетарните организации, канцелариите на парламентот,и парламентарните политички партии и нивните избрани членови

Претходно користени[уреди | уреди извор]

Доменот archie.nz постоел какопребарувачки сервер кој бил користен од страна на универзитетот Ваикато се до средината на 90-тите од минатиот век.

Бидејки само дел од домените се следени, м ожно е да се направи регистрација надвор од наменетата област.

Софтвер за регистрација и протоколи[уреди | уреди извор]

Новозеландскиот .nz регистер користи слободен софтвер, кој периодично се објавува на SourceForge. Протокоот кои го користи овој софтвер има неотповикливост вградена во PGP, и за разлика од „.com“ не постои концепт за „заклучени“ домени – пренесувајќи го барањето за доменот бара познавање на тајна наречена UDAI клуч, кој според трговските правила се праќа на регистрантите при регистрацијата. На овој начин се спречува кражбата на доменот. Овој протокол бил современик на ЕРР, и со своите дополнителни својства сега се води како интернет RFC.[8]

Маорски имиња на домени[уреди | уреди извор]

На 22 јули 2010 година,комисијата за имиња на домени на Нов Зеланд објави дека .nz имињата на домени со макронски самогласки (ā, ē, ī, ō и ū) ќе бидат достапни за да се овозможи правилно претставување на домените на маорски јазик.[9]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Monthly .nz Statistics March 2011“. Domain Name Commission. 31 март 2011. архивирано од оригиналот на 23 јуни 2011. http://web.archive.org/web/20110623125010/http://dnc.org.nz/content/2011-03_stats.html. конс. 11 мај 2011 г. 
  2. 2,0 2,1 „Review of the Registry/Registrar Structure for the .nz ccTLD (The Hine Report)“. 20 октомври 2000. архивирано од оригиналот на 1 јануари 2008. http://wayback.archive.org/web/20080101000000/http://www.internetnz.net.nz/proceedings/tf/archive/wg-domainz-model-review/dmrwg001020report-final.html. конс. 8 мај 2008 г. 
  3. „Melbourne IT buys NZ domain incumbent“. 21 август 2003. http://www.zdnet.com.au/news/business/soa/Melbourne-IT-buys-NZ-domain-incumbent/0,139023166,120277573,00.htm. конс. 8 мај 2008 г. 
  4. „April 2008 .nz Newsletter“. 24 април 2008. http://dnc.org.nz/content//apr_08_newsletter.pdf. конс. 8 мај 2008 г. 
  5. "New level of Internet domain names" on Scoop.co.nz website, dated 2013-10-11, viewed 2013-10-14
  6. http://dnc.org.nz/story/internetnz-approves-new-second-level-domain-kiwinz?m=309
  7. http://dnc.org.nz/story/application-new-2ld-kiwinz?m=309
  8. „System for Managing a Shared Domain Registry“. 26 јули 2010. https://tools.ietf.org/html/draft-nzrs-srs-02. конс. 15 јуни 2012 г. 
  9. „.nz domain names with macrons to launch next week“. NZ Domain Name Commission. 22 јули 2010. архивирано од оригиналот на 25 јули 2010. http://web.archive.org/web/20100725025608/http://internetnz.net.nz/news/media-releases/2010/nz-domain-names-macrons-launch-next-week. конс. 22 јули 2010 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]