.мкд
![]() | |
Воведен | 2014 |
---|---|
Тип на домен | највисок државен домен |
Состојба | активен |
Регистар | МАРНет |
Покровител | Министерство за надворешни работи на РСМ |
Наменета употреба | ентитети поврзани co Република Северна Македонија |
Фактичка употреба | има употреба во Р.С. Македонија |
Состав | .мкд |
Мреж. место | MARnet |
Врвен македонски највисок државен домен е .мкд.
Примарен опслужувач за администрирање и управување со врвниот македонски домен „.мкд“ е Македонската академска истражувачка мрежа - МАРНет.
Кириличен домен[уреди | уреди извор]
Во ноември МАРнет започна со процесот на воведување кириличен национален домен. Првата фаза од процесот беше прибирање на предлози за формата на доменот. Поднесувањето предлози се одвиваше на официјалната страница на МАРнет и траеше од 19 ноември до 3 декември 2012 година. Избраниот предлог треба да ги содржи буквите од државата (кратенка или цело име) и тој ќе биде предложен за официјална регистрација.[1][2] На анкетата победил доменот .мкд.
Гласањето за македонски кириличен домен[уреди | уреди извор]
За време на гласањето за македонски кириличен домен гласале 2.288 гласачи и конечните резултати се:
домен | гласови | % |
---|---|---|
.мкд | 1,670 | 73 |
.мак | 324 | 14 |
.рм | 155 | 7 |
.македонија | 122 | 5 |
.рмкд | 10 | 0 |
.рмак | 7 | 0 |
Кириличниот домен .мкд е поднесен за официјална регистрација како македонски кириличен доме, а прифатен и регистриран на 20 март 2014.[3][4]
Наводи[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Македонскиот регистар за семрежни поддомени (МАРНет)
- Анализа на домените од второ и трето ниво во Македонија заклучно со 1 јануари 2006 година
![]() |
Оваа статија за поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|