Балкански рис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Балкански рис
Lynx lynx2.jpg
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Цицачи
Ред: Ѕверови
Семејство: Мачки
Род: Рис
Вид: Евроазиски рис
Подвид: Балкански рис
Триномен назив
Lynx lynx martinoi
Miric, 1978

Балкански рис (науч. Lynx lynx martinoi) — подвид на евроазискиот рис од родот рис (Lynx).[1][2] Балканскиот рис е национален симбол на Македонија и се наоѓа на монетата од пет денари.[3] Рисот се смета за најголема мачка во континентот. Балканскиот рис бил на работ на истребување. Се проценува дека има околу 100 единки останато. Балканскиот рис започнува да се пари во јануари до февруари, а се раѓаат малите во април.[4]

Карактеристики[уреди | уреди извор]

Распространетост на рисот во Македонија (2002)
Балканскиот рис на македонските 5 денари.

Во минатото, рисот бил распространет на целата територија во западните и јужните делови на Македонија, како и на некои планини во источна Македонија.

Со влошување на животните услови балканскиот рис целосно исчезнал од источните делови на Македонија, така што денес може да се најде само во густите шуми и недопрени области во Западна Македонија. Последните податоци за рис во Источна Македонија се од 1924 на планината Плачковица.[5]

Во врска со големината на популацијата на рисот во Македонија, постојат бројни и различни податоци од кои не може да се извлече конзистентен заклучок. Според тврдењата на Мириќ на територијата на Македонија имало 120 единки,[5] додека пак според Мицевски само во клисурата на реката Радика може да се најдат околу 54 единки.[6] Христовски и Ангеловски, пак, проценуваат дека на целата територија на Македонија вкупниот број на рисови е приближно 35.[7] Во 2002 година Грубац проценува дека на територијата на Македонија живеат околу 35-40 единки.[8]

Според Мириќ во периодот од 1917 до 1977 година рисот го проширил својот ареал на распространување во Македонија.[9] Во последните триесет години очигледно е дека бројноста на популацијата е во опаѓање, но од неодамнешните литературни податоци не може точно да се утврди во која мера е тоа опаѓање.

Во март, 2010 е фатена жива единка на подрачјето на Маврово за која не се знае сè уште на кој подвид припаѓа.


Популацијата на рисот е изложена на најразновидни закани, кои во најголем број произлегуваат од активностите на човекот. Некои од главните закани кои се забележани во Македонија се:

  • Малубројната популација и малиот репродуктивен потенцијал
  • Криволовство како една од најсериозните закани
  • Редукција на пленот како резултат на криволовството и деградацијата на стаништата
  • Деградација на стаништата во кои живее рисот и нелегалното сечење на шумите
  • Фрагментирање на стаништата и дисконтинуираност на биокоридорите преку разни инфраструктурни елементи
  • Вознемирување (рекреација, шумски активности и сл.)
  • Директна и индиректна компетиција со волкот кој живее во истите станишта

Законски регулативи[уреди | уреди извор]

Рисот е животно кое е заштитено со закон во Македонија. Законот за ловство (Службен весник на РМ 20/96) го дефинира рисот како дивеч и го категоризира како заштитен дивеч (Член 12), а неговиот лов е трајно забранет (Член 15). Друг закон,мошне важен за заштитата на дивите животни е Законот за заштита на природата, кој е имплементиран во јуни 2005. Рисот е заштитен и со неколку меѓународни конвенции, кои се ратификувани од Р. Македонија: Бернската конвенција, CITES, EU Habitats & Species Directive.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Lynx lynx martinoi. ION: Index to Organism Names. Organismnames.com. Retrieved on 2012-12-31.
  2. Lynx lynx martinoi. Ubio.org (2005-12-09). Retrieved on 2012-12-31.
  3. Evans, Thammy (2004). Macedonia (4th ed. издание). Chalfont St. Peter: Bradt Travel Guides. стр. 10. ISBN 9781841623955. 
  4. [1.pdf „Balkan Lynx Field Handbook“]. http://www1.nina.no/lcie_new/pdf/634994168467254933_Balkan_lynx_Field_handbook_English_-_red[1].pdf. 
  5. 5,0 5,1 (1977) Мириќ
  6. (1997) Мицевски
  7. (2001) Христовски и Ангеловски
  8. (2002) Грубаќ
  9. (1981) Мириќ

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]