Грб на претседателот на Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Грб на претседателот на Македонија
Coat of arms of the President of Macedonia.svg
Подробно
Усвоен 2 декември 2009
Држачи гранки на македонски даб
Мото Република Македонија Претседател

Грб на претседателот на Република Македонија — официјален грб на претседателот на државата. Грбот или амблемот е усвоен на 2 декември 2009 година, изработен по иницијатива на претседателот на Македонија Ѓорге Иванов од хералдичарите Стојанче Величковски, Петар Гајдов и хералдот Јован Јоновски од Македонското хералдичко здружение.[1].

Грбот е составен од македонското знаме на штит. Под штитот со македонското знаме се наоѓа венец од македонски даб со по осум листови и осум желади.[2] Ова е првиот грб на претседателот на Македонија, до 2009 претседателот немал свој грб. Сепак, до денес, претседателот на Македонија нема свое знаме.

Опис[уреди | уреди извор]

Грбот е составен од штит на кој е прикажано националното знаме на Македонија. Штитот е по форма ибериски штит и е обратно обрабен. Под штитот се наоѓа венец од македонски даб, кој служи како држач на грбот. Секоја гранка од македонскиот даб има по осум листа и желади, што одговара со бројот на краците од националното знаме. Вкупно се шестнаесет листа и шестнаесет желади. Боите на грбот се македонските национални бои[3]

Предлози во минатото[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

̣̺

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]